Пред неколку дена почна да оди сам. И покрај таа вешина почна и со нова вешина да се пентари по гарнитурата на горниот дел и да гледа низ прозор па сака и на прозор да се качи. Со прст го немам прометено дека покажува ама ме разбира што зборувам , ме гледа во очи ме гушка , тажен е кога одам на работа се радува кога сум дома, во паркот сака да оди по децата, дава играчка и сака да земе... Реди коцки и оние крукчињата , сака сам да јаде и лом прави . Книги не му давам оти ги јаде, иначе сака да ги листи . Изгледа дека премногу е присутен моментот на не зборење на децата па овде ме фака стравот. Иначе исто имам читано а и ортопедот ни имаше кажано дека бебињата не се мултитаскинг и дека кога една вештина усовршуваат другите ги занемаруват. Фала ти на споделеното искуство, сепак ме смирува тоа дека е дел од норамлен развоен процес. Искрено на инстаграм не му верувам кога ке избацат некои видеа со деца на одредени месеци што прават некако ми делува како нереално....
Истата фаза ни заврши пред 1 недела, околу 2 недели од нигде никаде дете што заспиваше за максимум 10минути со една приказна саатипол мораше да се искаже. Ова само за ноќното спиење и беше. Не сакаше ни приказна да слуша. Буквално исто, сите мора да праша што прават дали нанаат, дали прават бани, каде тати тета баба деде мау кучето, бебето (играчка), мендо. Ќе се стиши па ќе почне пак, полудував веќе. Нормална тоддлер фаза им е, јас почнав и порано да ја легнувам демек за смирување, па и со мирни игри, приказни, боење накај 18ипол/19ч пробував ама нема шанси она е 100 на саат додека не легне. Сега да не се подречам се врати на старо, до кога ќе видиме.
Здраво мајка, прво да ти кажам да се опуштиш дека се ќе си се среди со тек на време. Мојот кој што сега е 2 години, од самиот почеток на воведување на храна беше многу тежок, со плукање и враќање на храната ако не му е интересно во моментот, за парчиња да не зборувам, посебно за месо , хранењето ни траеше некогаш и по 45мин(нерви изгубив ) До пред 3 месеци мевцето мораше да му биде исецкано и помешано во манџичката за да го јаде, а пример овошје и зеленчук си јадеше во парченца, но наеднаш сам си побара парченце и го јадеше без проблем. Притоа има голем фонд на зборови и спојува и по неколку зборови во реченица уште многу порано, од таа причина ти кажувам да немаш премногу грижи дека се ке си дојде со тек на времето. Познавам деца кои па од самиот почеток сакаат само парченца, секое детенце е индивидуално. Битно ти биди упорна и нуди и постојано и сама ке си се научи, и да не нудиш алтернативи водејќи се од тоа било што само да не биде гладно.
Здраво, мамички ❤️ Имам едно прашање за вас бебе-дете од 16 месеци има намален апетит и речиси ништо не сака да јаде, освен благо и чоколадо, но јас сум против тоа да му давам често. Кажете ми, ве молам, како успеавте да им го подобрите апетитот на вашите дечиња? Дали им дававте некои витамини или сируп за апетит што ви помогнале? Секое искуство и совет ми се добредојдени. ❤️
Од благото се заситува. Не давај ништо од благо. Јас после лежење во болница и давав ампули за имунитет и апетит. Одлични се покажаа кај нас.
Минатата зима по препорака на педијатар му давав Wellbaby мултивитамини, додека го пиеше забележав дека му се зголеми апетитот.
Здраво мајки. Каде правите брисеви за децата? Како што знам приватниве не работат преку фонд. Државна знам, на друго место?
Пред месец кога правевме ми наплатија како за приватно ваљда. Мислам околу 500 денари. Ама матичната не знам зашто не ми даде упат. Се јавив сега стварно може преку фонд.
Ги нема никаде Prolife ампули, да не знаете кои се замена за нив ? Нив ги бендисаа ептен децата кога беа болни... и ги крена на нозе брзо
Приватно мислам дека е малку повеќе од 500 денари. Ама дефинитивно не е 500 со фонд. Да не си и правела и крвна слика заедно?
Најверојатно тоа била работата зашто воопшто не сум ни добила упат. Уствари не сум ни добила јас упат, сега враќам филм ми пиша на лист од биотек(брис од нос и грло) и тоа е тоа. Беше крај на месец па можеби се пополнила квотата ко што ми пишаа погоре
Не знам дури ниту дали сакам да прашам пошто ми е страв од одговорите ама ајде. Пред три дена за прв пат кај ќерка ми се јавија тантруми. Има 18 месеци. Значи хаос сме, знам дека е од промена на рутина, многу работи се собраа предходната недела, температура и осип после мрп вакцината, два дена бевме преселени од дома затоа што имавме мајстори и се и се поремети и згора на се има премин од две дремки на една, па некогаш една дремка има супер некогаш и се спие па ја заспивам и ја будам за да не го расипам ноќното спиење. Веќе сум преморена. До кога ќе тера вака искрено некако почна да ме фаќа страв кога ќе се појави следно
Зошто страв од одговори? Па сите го поминуваме тоа. Па си траат тантрумите. И незнаеш кога и за што ќе ги има. За најмала ситница/ глупост , има тантруми. Пример: зошто пелената со каки сме ја фрлиле. Зошто сме дошле дома. Зошто неможе сама да направи нешто. Зошто има чорапи. Зошто сме ја покриле со кебе. Зошто сме и дале розева,а не зелена лажица. Зошто куклата е облечена, а не е гола. Примери еден куп. За мене, тебе и сите мајки пресмешни, за нив ,,трагични”. Се обидувам колку можам да ја игнорирам и со едно око да ја следам, доколку се движи, за да не се повреди. Викаат траат до кај 3 или 4 ри години. Само трпение.