Најголемата регресија во спиењето е околу 18тиот месец. Сега учи мн нови работи сигурно почнува и зборчиња да сврзува. Само смирено, што не поминало, ќе помине и тоа иако сигурно е заморно многу
Има некоја регресија да, види погоре се жалев и јас. Мојава е точно 19 месеци. Немам совет ни решение, чисто да споделам дека во сличен хаос сме и ние. Кај нас заспивањето е лесно, ама затоа ноќе ако стане по 2 саати седи будна со квичење, тегнење, те ме сака те ме брка... Со татко и исто нема шанси, само вришти повеќе ако проба да и пријде ноќе. Еве и сега сме будни веќе 2 саати од 4 стана а скоро 6 е. Во раце ми е моментално дреме, чекам уште малце па да пробам да ја вратам во креветче а верувам ќе си стане како редовно во 6ипол најкасно. Се врткаше саат ипол не можеше да презаспие никако, ја земав на спална и се изнагушкавме но пак не и одеше и на крај тргна да се мести накај ќошот од креветот и почна тантрумот дека ја преместив за да не падне… едвај ја смирив. Излудувам на моменти
И и мојата, до спалната имам наткасна висечка и омилено и е да оди до тој ќош и да ја лупне главата, па да станеме да почне денот … кога ја преместуваме е рикање секој божји ден.
Мајки ајде да слушнам ваши искуства. Ќерка ми има полни 15 месеци во фаза е на речиси стабилно одење, т.е. ретко седнува мирна периодов . Веќе една недела не сака да јаде. Прифаќа само млечни прозводи, малку овошје и леб. Од дете што јадеше ама баш се сега ништо не сака. Паралелно на лева страна и растат веројатно четворки , се лигави премногу и знае да се разбуди од сон со плачење. Во рок од две недели два пати качи температура без настинка очигледна. Со Блокмакс се среди брзо
Исто ми е секое растење заби. Ние веќе сме со две 5ки последно, скроз исто. А и никнат поминува и се враќа во нормала. Уште две ни се останати, ќе видиме дали и со тие исто ќе биде. Но буквално од раѓање на секое растење заби одбива храна.
@Baby warrior Знам дека е период и дека ќе помине ама едноставно кога нешто трае излудуваш па како оди се хрониочошки заби, вакцина, регресија, тантруми, психички попуштам. Иначе баш тоа си мислев кога ја заспивав вечерва колку ни е стресно понекогаш кога е ваков период, а не сме ни потполно свесни дека е ограничено ќе помине уште година и веќе нема ни да сака во раце. Ако ништо друго барем овде може да си олеснеме и да си бидеме поддршка @dummy Среќа кај мене не станува на вечер да седи освен за цицање ама ова со заспивањето и тантрумите ме измести, кај и онака сум периодот преоптоварена со други обврски. Најтешко ми е што не сака со никој друг ништо освен со мене. И јас на моменти излудувам баш затоа и пишав да си олеснам и да побарам некој совет нешто ако има. Се надевам ќе се стабилизираме за брзо
Кажете совет како да ја натерам да носи капче? 5 капчиња има сите ги вади во истата секунда и вришти Заладува и почнувам да паничам што ќе и правам зимава ако се глупира вака. 19месеци е. И капуљача вади и вришти
Јас мислев само ние сме вака Кај нас е борба за се, обувки кога ќе се запне за едни тие па тие и ниту едни други. Секое менување обувки е пропратено со тантрум и плачење од по 20 минути сигурно. Едвај се намоливме за гумени чизми, сега којзнае како ќе се намолиме за чизми баш баш да носи. За јакна исто се буни, и единствено помага да и давам избор сакаш оваа или таа јакна, да се почувствува демек она одлучува. Капа исто не сака никако, татко и и е слаба точка пробав така со него еве тато носи капа ајде и ти, не функционираше ни тоа првите неколку пати ама сега од пред два три дена попушти и носи. Не ти помогнав многу Освен да пробуваш со се и сешто и да се молиш нешто да упали друго нема
Јас па мислев само мојава е таква уф ми олесна колку толку И купив скафандер неќе да го проба, капа, шал не доаѓа предвид, носи една јакна со капа и од таа и ја ставам капата и не знае да ја извади иако пробува. И ја се мислам како ќе ја вадам надвор зимава вака. Пробано и со избор као да не ме разбира што и зборам или така и одговара не знам. Ако најдеш некое чаре, сподели
Што да ти расправам кога се знаеш и нарачав ракавици два пара преубави, митенс онакви само со палецот и слободни прстиња не брате во најладното она ги фрла идма штом излеземе и обајснувам и мама носи види колку ни се убави не и не за капата од летоска имам трауми за на сонце и оттрпнав
Мојата носи само ако носам и јас и викам види и мама има и така, јас некогаш ја тргам мојата па ако се сети почнува да се буни и ја враќам пак назад и така иначе нема шанси. Сакам да и купам ракавици дека нон стоп и се ладни рацете ама знам која борба ќе биде за да ги носи
Летоска ММ го научи капа да носи дека е бел да го заштитиме од сонце.Стави капа ММ ,па му стави на него и се гледаа 30мин пред огледало па излегувавме.Сега не се буни ама прво да се види пред огледало па излегуваме.Јас проблем имам со бебето 5 месеци е не сака ни капа ни јакна ни скафандер ,шетаме по боди на долги и подебел дуксер,ако ја облечам кенка или вришти.
За месец ќе полни две години, што може да давам од витамини, освен д3? Како да читав некаде низ форумот дека и за говор давале мајки нешто. Тешко ни оди зборувањето, а се разбира и многу брзо сфаќа. Читав дека на две години би требало да имаат фонд од 500 зборови, ние далеку сме. Си кажува мама, тато, баба, деде, тете, дете, кажува кога ќе се покака си вели убаво како и покажува на пелената, кажува уште неколку зборови, ги знае животните, ги имитира, ако му речам донеси ми тоа знае точно што му барам.
На 24 месеци треба да има 50тина зборови и да почне да врзува по 2 зборчиња. Не знам кај имаш прочитано 500, ама тоа е многу за таа возраст. Инаку во овој период се случува драстичен развој така да преку ноќ може да се пушти
Носов не прекинува со густ секрет е цела недела откако беше болна користиме насориг три пати на ден ама некако овојпат немаат ефект. Кои други капки ви се покажале ефикасни за затнат нос? Чистам со носко наутро и навечер
Мене ми спомнаа од систина септаназал за деца, ама тоа само неколку дена можеш, мислам до 5 макс. Вака и колешкиве со поголемки деца на работа баш ми ги имаат пофалено, сме немале потреба за среќа, поминувам уште со солен раствор до сега.