Ние почнавме одвикнување на 20месеци и многу лесно се навикна и ухода со мочкањето, али затоа какањето ни е уште ролеркостер еве 3ти месец тераме. Ние кога се решивме скроз и ги извадивме пелените за преку ден и од тогаш цело време тераме со гаќички, освен за дневната дремка и за спиење - уште носи пелена и мислам дека така ќе остане уште некој период. На почетокот ја стававме на нокшир на два саати отприлика, или обавезно откако ќе стане, после јадење, пред да излеземе негде, пред спиење и сл. и правевме фешти секој пат кога ќе заврши работа за да сфати дека прави нешто добро. После 1-2 дена сама почна полека да кажува кога и се оди, со што уште не кажува секогаш точно дали и се мочка или кака, али битно знаеме дека треба да го активираме нокширот. Инциденти немавме нешто многу. Некогаш знае да се заигра или ако сме излезени да се занесе скроз и да не каже па да се измочка во гаќи, или да треба одма да се реагира од кога ќе пријави зошто уште незнае секогаш да додржи. Затоа, сегде си го шетаме нокширот кај и да одиме и гледаме ако не побара сама подолго време, ние да ја потсетиме дека треба да мочка и тоа релативно помага. Е за какањето…и се створи некоја фобија и анксиозност уште во првите денови и имаме добри и лоши денови до ден денес. Во главно и е страв да кака и намерно го држи и го “враќа” гомцето…па после некое време станува уште потврдо и ја боли и уште толку се плаши…Дававме сируп за омекнување на столицата едно 2-3 недели и драмите се намалија, ама не беше тоа трајно решение. Брзо кога го прекинавме, одбивноста за какање се врати и најчесто завршува работа кога ептен ќе дојде кнап работата, пропратено со многу плачки и викања…Имаме периоди кога нема да кака и по 2-3 дена…тие денови ми се смрт, зошто е стани седни на нокширот по 600 пати и се се врти околу тоа. Плус жалче е, ја гледам ја боли и и е непријатно, а нејќе да заврши работа…Почнавме многу да внимаваме на исхрана, да не предизвикуваме потврда столица и стана малце подобро…Сега, после неколку месеци, имаме денови кога се иде како подмачкано и си се олеснува за секунда, али таман ќе си кажеме добро е имаме прогрес, следниот ден пак од ново драмите…Се советувавме и со психолог, нема назад веќе, само упорност и ќе биде…пробавме да и ставаме пелени само кога ќе дава знаци дека и се кака, али не помогна, пак нејќеше да заврши работа се дур пелената и е облечена…така што тоа е тоа, гледаме колку што можеме повеќе и да ја “охрабруваме”, па се надевам дека нема уште долго да трае и ќе го надминеме и овој предизвик
Фала многу на споделеното искуство За какње скоро секое дете има таква фобија изгледа баш читав и препорачуваат да се даде шишенце со цевка да си прави како меурчиња и така мускулите на стомачето се олабавуваат и полесно кака. Во секој случај процес е за кој треба трпение. И јас планирав некаде 20 месеца да тргнеме дневна пелена а сега чисто да се адаптираме пополека за што служи нокширчето.
Гледав едни видеа Miss Kimmy некоја воспитувачката би рекла е во градинка и како еден вид пародија снима случки со барања од родители што ги побарале во нејзината градинка. Е кога ќе стаса за одвикнување од пелени, значи има опишано случки кај што родител бара бебе од 3 месеци да го следи и става на нокшир. Од 1на година да го става на пола час. Па донесен тајмер и слично. Е по нејзина дефиниција - дете е одвикнато кога знае да си ги турни алиштата, да седне на нокшир/адаптер, да се избриши, облече и измие раце. Цел круг што би се рекло да се заврши. Сето останато претходно е тренирање на родителот, а не на детето. Донекаде мислам е во право, ќерка ми доцна се одвикна, на 1,5 година, не само што не даваше знак, туку абер немаше од целиот процес. И ептен ми е мило вака кога ќе слушнам успешни приказни за толку мали деца дека успеале да се одвикнат.
Неубаво пишав, сега се прочитувам Мојава почна тек после 3 роденден да е баш спремна ама дека зима извадивме памперси комплетно на 3 години и 4 месеци. Дење, ноќе, за секаде. Мислев на 1,5 година не даваше знаци и абер немаше од целиот процес.