Ajde majki mislenje pisete ve molam.Moeto e godina ipol dete.Vaka sega mu izleguvaat cetvorkite znaci kecovite dvojkite se izlezeni ima mesto pa pak zabce koe pocnuva da izleguva.Sto me interesira pred 3 dena kaslase kivase noseto mu tecese i vo spienje mu prokrvari.A denes e kako nov ni nos mu teci ni kiva ni kasla ni nose krvari.Dali seto toa moze da e od dvete zapcinja sto izleguvaat ili da go nosam na doktor mnogu se ispaniciv kako za dva dena simptomi na nastinka i op se e ok??????
Не е од забите сигурно. И нам ни се случува исто понекогаш, а причина за тоа е оштетен капилар кој се си мислам дека ни е од пумпата за вадење на секрет од носот. Понекогаш на спиење, понекогаш кога се буди. Посебно ризично е во зимскиот период кога е сув воздухот. Правев муабет со педијатар и рече дека тој дел е многу осетлив и понекогаш може да се растече од слаб допир. Има и тема на форумот. Може и овде да прочиташ мислења. http://forum.femina.mk/threads/Крварење-од-нос.1044/
Мајки ајде помош, малата има стомачен вирус, т.е само повраќа, пролив и т нема. Дадов колку можам се што треба да се даде ама што да и давам за јадење како лесна храна освен компирче варено и ориз???
Dovolno e toa, kompirce vareno i oriz neka jade eden, dva dena, banana isto mozes da i dades, biskviti neka si gricka i solenki, kviki, a za proliv ako ima crno cokolado so 70, 80% kakao. Nas ovie raboti site sto gi navedov ni pomognaa mnogu vo proliv i povrakjanje koga imase sin mi. Pozdrav i so pomin
Не знаев каде па овде ќе пишам.. Вчета бевме на систематски со малиот на две години и др .му слушна некој шум на срце...досега никој не ми рекол такво нешто а често го носам кај матичната на прегледи..пред две нефели беше настинат баш го прегледуваа и матичнуот и друг педијатар...испаничив иако знам дека е честа појава во развоен период.. Што мислите треба да го носам на потемелни испитувања?! Дали некоја ос ввас имала вакво искуство?!
Мајки ми треба ваш совет или искуство во врска со конкретнио проблем. Малечката моја цело лето беше во контакт со други деца (врсници, поголеми, помали) и мислам дека и годеше друштвото бидејќи претходно бурно реагираше на гужви а сега сака многу деца. Но, во тој контакт со деца научила нешто ново и не баш убаво да тепа се живо пред неа (од мечиња, до мебелот, до други деца, па и мене и цела фамилија). Не ми е сеедно дете од 16,5 месеци кое се трудам да го воспитам убаво и да му пружам љубов и внимание да има таква лоша навика. Не дека боли или е опасно, но е неубаво и делува како да не ја воспитувам. Свесна сум дека за неа тоа е игра, но не знам како да ја заборавиме. Како да се одвикне од тоа? Засега и зборувам дека не е убаво да тепа и и покажувам да милува, ама кратко трае милувањети и пак почнува да тепа па потоа да милува. Подвикнувам постро како што вообичаено правам кога греши во однесуањето ама конкретно за овој проблем не ми пали баш повисокиот тон. Се правам дека ме боли и глумам дека плачам мислејќи дека ќе сфати дека ја повредува мама, ама јок бре нејзе уште поинтересно и станува и ме тепа па ме милува. Понекогаш игнорирам ама пак исто продолжува. Пријателка ми вели врати и ти со тепање да ја заболи па може нема така да прај, ама да кренам рака на 16 месечно дете не ми се сака. Не знам што друго би можема да сторам, а нема да ми е пријатно да удри некое дете или било кој друг. Ваш совет или искуство?
^ Ne i pridavaj znacenje i kje prestane. Taa gleda deka ti reagiras na toa i i e interesno. Znaci, ignoriraj ja, ne ja korigiraj, kje i pomine fazava. Epten ako pretera i primer pocne da udira drugo dete, reagiraj i discipliniraj. Sega ne znam kakvi vi se merki za disciplina: tajm aut, pleskanje to raceto ili koj i da e vasiot metod na vospituvanje, ama ne bi se soglasila da ja udris za taa da pocustvuva deka toa boli pa da prestane. Koga taa udira, ti i pruzi poinakov primer, ama neprimetno. Mislam deka ona e sega vo taa NE faza. Ako i kazes za nesto NE taa tokmu toa kje go napravi. Kako i da e, faza e, kje pomine. Ljubovta i trpenieto sekogas se isplatat
@snegulkata ист е таков и син ми, само тој не удира непознати, или други деца само ние што не ‘сака‘ . И нему му е оваа интересно и не разбира кога му викам сакам да се плаши тој после ја удира својата глава и уште полошо станува.Сум приметила ако го ингорирам и го бакнувам се смирува после. Јас не го форсирам многу зашто сеуште е мал и не разбира, се надевам дека понатаму ќе престане сам. и ти имај трпение ќе помине фаза е изгледа.
jas bi ti rekla da si napravis i drugi ispituvanja i da se osiguras deka ima navistina sum na srce. brat mi koga bese mal,od nastinka,fati bronhit i od toa dobi i sum na srce,pa po bolnici lezenje,pa terapii,a mal bese nekoi dve godini pa se do 6 godini toj odese na redovna kontrolala . sega ima 22 godini i fala mu na gospod nema nikakvi posledici. neznam da ti kazam podetalni raboti oti i jas ne se sekavam mn mn oti bese odamna a i mala bev. ama sepak ti vikam napraj si podetalni ispituvanja,barem jas bi napravila da sum na tvoe mesto. pozdrav
@snegulkata и мојата е иста. Пред некоја недела беа дојдени пријатели со ќеркичката нивна на гости, а нивната е две недели помала од нашата и мојава од чиста мира кога ја удри и јас останав ваква И со нас домашните исто така со однесува кога нешто не и дозволуваме. Ај со нас ај некако ама со други луѓе е незгодно. И јас и зборувам дека не е убаво така да тепа ама ништо, нема никаков ефект. Се надевам дека брзо ќе им помине оваа фаза на тепање П.С малава моја и твоја имаат многу заеднички особини, почнувајќи од неспиењето сега тепањево, мора да се нешто крвно поврзани хахаха
Мојата е 13 месеци и тепа,скубе и гризе на големо Сирота поголемата ми керка само плаче од неа,иако голема незнае а и несака да и возврати па си трпи.Јас ја карам и подвикнувам а она по мене повторува НЕ НЕ и толку.Потоа пак исто
Здраво мамички. Јас сакам да прашам дали некој има искуство или слушнал за халазион на око кај дете. Пишував порано дека се појави топче на долниот очен капак и правевме брис кој излезе негативен. Потоа бевме на очен лекар кој утврди дека се работи за халазион. Ни препиша Алмацин антибиотик, пробиотик и капки за очи и да ставаме топли облоги додека спие. Ни рече ако не се повлече за 10тина дена халазионот, ќе треба хируршки да се отстрани . Е сега, прашањето ми е : Прво, како да и ги ставам тие топли облоги кога не сака да чуе за тоа ни кога спие, ни будна. Второ, дали мора веднаш операција да се прави ( ќерка ми е 21 месец, а халазионот и е излезен пред 4 месеци ). Трето, очниот лекар рече дека операцијата се прави со локална анестезија, а јас прочитав дека кај толку мали деца треба со целосна анестезија. Многу сум исплашена, па ако има некој со такво искуство или некаков совет би му била многу благодарна
Јас пак, син ми го учам да се тепа. Знам лоша сум, ама сите го тепаат, помали деца, девојчиња, кој стигне, и овој не се брани, ами се крие зад мене. На градинка во новата група лом го направија, изгребан беше по цело лице, вчера пак имаше гребнатина, па заедов и јас му ги оставив ноктите, нека гребе, нека се брани, ама карма, јас настрадав, мене ме направи цела гребаници . Детево ми е доста темпераментно, ама ете не се тепа ниту се брани, туку се гушка. Мило дете, ама во градинка не се толку мили.
@snegulkata мислам дека е период. Еве ве читам и гледам повеќето го имаат истиот проблем. Мојов не знам од каде го има научено, ама само мене ме мава. Кога од љубов, кога од незадоволство. Ако му речам Не, само ме гледа во очи и продолжува. Понекогаш му одвлекувам внимание со игра, скокоткање, пеење, играње, а понекогаш кога не престанува знам да му ја фатам раката за да му дадам до знаење дека се лутам и дека тоа не е убаво. Првиот начин ми е поефикасен, со вториот секогаш продолжува па избегнувам да го практикувам. Се надевам дека им е само фаза и дека со игнорирање ќе им помине. Во однос на плескањето, многу ми замеруваат дека не го плескам. Дури и го сменија односот спрема нас заради тоа. Ама и подобро вака, сега имам подобра претстава за нив како луѓе.
За плескањево и мене ми замеруваат, зошто не сум го плескала бре. И тоа претежно мајки. Го имам плеснато по пелената, онака на шала, почна да ми се смее, ефект никаков и ете мене не ми е во ред да си го тепам детето. Неможам, немам таква храброст да кренам рака на син ми. А ми бега од контрола, подвикнувам, ама џабе е. Влегува во продавници за храна и играчки и ако не му купам почнува да вришти, да се тепа сам, да лежи по земја, страшно. И на крај морам да купам. Среќа што во себе имам пари, и среќа што не се толку скапи играчките, но ми е страв оваа негова навика подоцна да не биде полоша, па се што ќе посака да мора да добие.
Za tepanje ke se prijavam deka ne go tepam retko koga ke go pocuknam po gaze no ako go napravam toa pojako srce me boli cel den on se smee jas placam ete placka sum i emotivna i zatoa srce ne mi dava da krenam raka. Soprugot e za toa tuka go kara i moram da priznam deka redot za slusanje e negov. Vo market koga ke mi pobara nesto a ne ni e planirano samo kulturno ke mu obj. Deka mama nema paricki ke mu kupi mama koga ke zeme plata i ostava ne zima. I si go nauciv stvarno sekoe zimanje plata da mu nosam doma igracka sto ke ja pobara.
Мислам дека се уште мали за плескање, ја гледам мојата не реагира на тоа, не го сфаќа како НЕ туку само ќе се навреди и вика на глас од инает. Така што не ја плескам, а дури ни подвикнување со повисок тон не е секогаш ефикасно. Татко и секогаш и подвикнува, а таа ќе се расплаче. Сум пробала со убаво и со зборење, и рака на срце ама детево ми разбира и најчесто успевам да и доловам што е НЕ. И нас до пред некое време не шлапаше од милост, ама со сета сила. Успеавме тоа да го смениме, а кога ќе се случи поретко ќе и кажам "не да тепаш, гали..." и таа почнува да гали И станата е ептен галачка и гушкачка. Кога ќе ја удри некое дете, незнае како да реагира, стои и гледа. Но незнам како ќе биде во градинка, ама несакам да и биде во навика тепањето, ни од милост ни никако.