Добро е самофизиолошки што грабнала, немај гајле. Моиве никогаш не чепкале такви работи, дури некогаш ме фаќа шубе што сум многу опуштена, аолињата за тироксин на дофат на рака од спална ми се за да се напијам ако се разбудам накај 4-5 за да можам кафе после да пијам кога ќе станам. Никогаш не ме ни прашале што се. Ок пак средства з чистење и генерално други лекови не се на дофат ама стварно не рчкаат. Малоно ровари по фиоки фати цевки, ластичиња свеќички си игра ама не става во уста.
Мајки ве молам за совет. Како да го натерам детето да миеме заби,има 14+ месеци и никако не ни успева... Пробуваме со истовремено миење јас, татко му.. па он на нас па ние на него...со цртани... никако не ми дава да му тутнам четка у уста а веќе има едници, двојки,четворки и една тројка... не сакам на сила, а и не можам, посебно ми е страв да не му создадам одбивност - е дури тогаш ќе си имам мака зашто дури од сега си покажува инаетлив карактер... Дали да пробам со некаква паста? Или некоја специјална четка? До сега пробував со онаа на МАМ и со пластичната од ДМ (двете се соодветни за бебе) и ми дозволува два/три пати у уста да му замавнам и толку... Исто така имаме и поголем проблем, пред спиење има навика флаша млеко без тоа тешко дека ќе заспие мирно па доколку додатно му чепкам во уста со четка ќе уклучи сирената и толку... Ве молам за искуства и совети доколку сте имале слични проблеми...
И мојот тој период не дозволуваше да му ги исчеткам забите.Сам пробуваше колку ќе четне толку останатото невозможно беше. Плус додека ги извади сите забите бевме оф и леле. Го оставав колку ќе исчетка толку. Да напоменам сеуште пие млеко пред спиење. Ама сега дозволува прво тој ќе ги исчетка,па му давам да измие раце во меѓувреме јас му ги четкам темелно. Веќе и со паста ги миеме знае и да плука. Го носев и на стоматолог го виде супер му се забите рече.
Пробајте со гледање на некој цртан. Brush your teeth од mother goose club. И да, дефинитивно паста со некој вкус е попримамлива, само треба да се пази при изборот бидејќи не плукаат сеуште на таа возраст.
Имам читано постојат некои што не се плукале меѓутоа се мислам да не е некоја јака хемикалија тоа... Доколку некој е упатен да даде совет дали тие што не се плукаат реално се безбедни за помали дечиња... И да. Пробавме со 2 -3 верзии на Brush your teeth ама не отвара уста и крај! УФ... страв ми е за запчињата веќе има полна уста заби
@Annath ни е најкомпетентна на таа тема. Погледни ја интемата за заби кај дечињата, има повеќе искуства од мајки во врска со пастите за заби.
И малово ми е инаетливо @Grungie, одвај му мијам заби, со сила, искрена да бидам. Додуша, сега сака, оти знае дека со tooth mousse му ги мијам, и одвај чека, изгледа му се бендисува пастата. Башка дека во тоалет одиме сите четворица, гледа дека и брат му мие заби, па сака и тој. Може само со четка и вода на таа возраст, ама не дозволува, па мора превентива. Пастите се горе долу истите, ама tooth mousse е колку толку подобар избор оти не мора да се плакне, а помага за зачувување на запчињата и санирање на почетни кариозни лезии. Обично не одбиваат преку игра и со песнички, ама секое дете е различно, и кај секого не пали истото. Биди си упорна, кога тогаш сигурна сум дека ќе попушти. Барем малку да се четка, колку што се може.
Благодарам за одговорот, ќе продолжам со упорност и ќе пробам да најдам од овој tooth mousse.. дали има специјален за деца или сите се исти?Знам дека брат ми едно време користеше таков со вкус на некои овошки, вие каков користите?
Ние користиме паста на Chicco без флуор со вкус на јагода. Нема флуор така што и да голтне малку не е страшно. Инаку мојов почна да пушта малку од малку да му четкам полсе 18 месеци. Сега он ги мие забите на плишаните мечиња а јас нему.
Нема други, тој е еден ист, само со различни вкусови. И пастите без флуор може да се голтаат, не се тешка хемија.
@Annath можно ли е на 19 месеци 5 ки да и растар на малата? Видов белко кај 5ката ама несака да ја отвори устат. Плачлива е навечер не јаде ништо.Кога гледам вчера белко излегло малкуСамо што завршивме со 3ките.Има 16 заба Секој месец заб.Мислев после 24 месеци ќе излегуваат
Се е можно. До две години обично сите заби треба да ги има, ама кај доста дечиња излегуваат подоцна. Така што можно е, бидејќи веќе ги има сите други запчиња. Башка девојче е, кај нив оди порано, побрзо.
Каков хорор ми се деси леле мори мајко. Земав дете од градинка стигнавме дома неќе да јаде плаче. Неќе ништо. неќе ни да стои. превртува очи ко за спиење велам ај мож не спиел пошо друга воспитувачка му го даде и не прашав. почна ептен да плаче ај заби да не се гел да ставам не дава да се пипне си велам ок заби се . ајде блок макс неќе. ајде со сила. За 2 мин поврати све. И малаксаност бетер. ај викам не е за на лекар заби се ќе се опрај. дојде 7 чекајки да се опрај. Само шише сок се напи ништо ни јадење ни бутур. И хоророт се деси . Лежи на спална почнува да блада да се смее да превртува очи а да не мрда ич. Срипав ќе го носам во козле знаејќи дека во систина на ургентно се чека. Се облакам и се мислам кој пат да фатам немам вакво искуство само знам на Клиника не одам. Во тој момент заспа. дадов засладен чај да бидам дали ќе пие и ги испи цел. Се надевам ноќва ќе помине ок па сабајле правец лекар. мајки со искуство ве молам речете нешто зашто полудев. Што може да е??
Јас би го кренала и во купатило со вода малце плискање. Темп има? Со помин нека е. Разбуди го за некое време или следи стање само.
Мајка да не се удрил на главчето случајно нејќам да те плашам ама ако блада однеси го на лекар раат да си
Не се секирај, нека спие дете. Не може секој ден да ни идат по ќеф. Ништо страшно мислам не е. Само темп да не крене ноќеска гледај го. Вака се исплашив непдамна, гледа накај врата и се смее. Малце крипи, а сама јас со него дома. Како ѕе некој да му прави. Му кажав на мм ми рече темп имаш...
сега му мерев 37 ама па спие нормално е да се загрее малце. по устата ми личи на настинат. Го има тој сјај како кога се болни.. ранотата е што он 3 часа после градинка ич неќеше да стои дамо да лежи сакаше.. Па вајда ќе ми кажеа да му се сневиди не знам што да мислам.. негувателката си отиде само ми мафна рече супер е јаден е и толку. Друга ми го даде ...