почна да качува темп до 37.5 и искрено среќа во несреќа. Ми олесна. Ќе да е вирус . Бар не се плашам од друго...
Лили, со помин. Мене душава ми затрепери,искрено. За жал, јас со синко два пати доживеав лошотии од тт,и ако пак ти е во мисла, однеси го, за секој случај. Пиши како сте.
Моментално 37.2 . Дадов блок макс пред 20 тина минути зошто стигна 38.5. .одбива течности од секаков тип па сега ми останува уште сок да понудам цеден. И јас би отрчала на лекар но не сакам да се трауматизира. Ќе пратам вечерва се надевам до 7 ќе издржиме без да треба да се оди на лекар.
Nema da se traumatizira ne se sekiraj. Odete do sistina i otvori ustata, nema da cekas podobro taka..ova bladanjeto bez tt me plasi
помина тоа. Сега има тт. И го испи сокот фала богу. Лежи до мене и си чмае ама свесен е со бистар поглед. Ако зашкрипи ќе летам накај систина тоа не е фрка. Фала што си тука
Се уклучив баш тоа да пишам. Цела ноќ макс до 38 симнувавме. Накај 6 симна 37.1 и заспа до 8 раат убави цврсто. СтанА се напи јогурт изеде пола банана нема температура се искака и си игра. Ко ништо да не било. Во рок од тие 2 часа се се смени...
Абе у еден момент блада па крева температура не може да мрдне од кревет за во друг момент да јаде и да вози точак... Не можам да сфатам.
@LiliBoz има таков вирус што трае еден ден, мојава на два три пати го имаше, кога качуваат тт почнува да омалаксува и да превртува очи. И големава што е 200 на саат клапнува, легнува и само млекце бара. До другиот ден ништо. Еднаш на лекар ја однесов наредниот ден докторката мислеше дека ја лажам за да ми даде боловање, толку детево не изгледаше болно. А претходниот ден исто како што опишуваш. Цела ноќ се будеше и викаше Мамо мамо што е она што лета горе. Језиво ептен. Ќе помине, детенце е, ќе заборави се, само нас трауми ни остануваат.
Е истото. Гледа во таван и се смее не може глава да држи ко новороденче. .. Во рок од 20 саати побелев .
Мајки ми треба совет. Син ми е 20 месеци. Не е некој јадач обично се молиме ама пак колку толку ќе каснеше. Има веќе месец дена одбива секаков вид на храна, значи ништо несака. Минатата недела беше дури и како омалаксан само сакаше да спие. Ме фати страв го однесов на педијатар. Педијатарот вика детето нема ништо. Најверојатно вади тројки па затоа одбива храна. Ми даде капки само бејбивит за апетит, веќе недела ги пие, но никакво подобрување. Само готвам и фрлам. Овие неколку дена каснува само малку сирење, јогурт или кисело млеко. Дали сте давале нешто друго за апетит што било ефикасно? Јас прв пат му давам вакви додатоци во исхраната. Кажете ми совет како да пројаде. Веќе месец нема јадено ни овошје, ни зеленчук. Само млечни производи.
Здраво мајки. Малата ми е 14м. Од некаде нејзини 11м почнав да приметувам дека едното окце и заостанува во надворечниот агол. Се случува еднас- три пати дневно кога е уморна и се спие. на пример и се спие, ке ги протрие очите, и останува едното до наредно трепнуванје и и се исправа. Бев кај матичната-ми вика до 3години ништо неможе да се направи. Ја однесов и кај еден доктор приватно- ми исповади памет и почна да ме прака по други приватни доктори за одредување дијоптрија. Демек точно, мала е, може е моментален страбизам ама еве идете таму-ваму и цени почна да ми кажува на услугите. ја сликаше да види кое око е - и го утна Ве молам за искуства и препораки каде да ја однесам? фала ви и убав снежен ден на сите
Мајки ќе патуваме за прв пат со авион со син ми 2годинки е,ако може искуства совети што се може да земам во рачен багаж за синко( најмногу ми е за јадење)ептен е скаран со јадењето.И како го поднеле летот вашите малечки.Патуваме до Германија 1:30-2 часа е летот одприлика
Мислам може се што му треба на детето, вода, лажичка, каши , овошје. Ние носевме готови каши ама во обратен правец. Абе каши од Хип ми ги испитуваа 15 мин.Открија некоја недозволена супстанца па ме тераа да ја отворам и пробам.Се зезаше цајканот со мене. Често се случувало во готовите каши. Малата беше 9 месеци кога се возевме и на слетување плакаше не само она сите бебиња во хор.Инаку убаво и лесно поминавме , а многу се плашев.
Ги ставаа во некој си апарат па ги носеа некаде .Тие кажаа и што има ама не се сеќавам.Па кога пробав цајкано со ушето ме слушаше дали чукам ама на шалаИмало нешто што било забрането да се носи во авион ама го содржало во кашите.