За витамин д и мене од вена ми имаат земано, но беше истовремено со други испитувања, па не знам дали оти така е поефикасно или бидејќи секако полнеа повеќе епрувети. Едит: и на поголемата ќерка и земаа од вена, но исто, истовремено со други испитувања.
Шо давате за кашлица? Сува... За сируп прашувам. Јас правам бел слез со синап ленено мед...ама тоа еве не помага, уште поткашлува. Мукоплант?
бел слез не е добар за сува кашлица он е повеќе за шлајм и продуктивна кашлица.Сува кашлица може да е и на алергиска база особено ако трае подолг период
Па не е подолг период, од вчера почна. Гледам овие со тегавец се сѐ од 2 години. А ние сме 1 и 5 месеци ...ај совет
Бел слез е за влажна кашлица, кога има секрети. Слезот ке го раскашла за да ги исфрла. Ако е сува уште повеке ке ти кашла од него. Мислам ислански лишај беше за сува, но не сум сигурна. Најубаво доктор препрашај. И мислам дека на сите сирупи пишува над 2. Јас сум давала и под две, но со дозвола од лекар.
Мајки малата качи тт, вчера имаше цел ден ја носевме на лекар ни даде само сируп и после некое време и падна. Еве сега е 1.30 навечер ја допрев гореше 40 тт. Ја расоблеков малце се намали на 38 .. Паничам прв пат ми качува тт а маж ми е на работа. Да ја разбудам да и дадам пак сируп ибупрофен? Да ја искапам? Или да ја оставам да спие? едит: и дадов сируп го поврати, уште е 38
@kikin капки за нос ставај. Не солен раствор.Не знам што има во мк.Ама земи некој што се ставаат 6 пати на ден или 3 пати максимум 7 дена. Брзу да ви мине.
Кажа вирус некој веројатно, и грлото малце црвено. Пие вода и цица. Така расположена си е а тт стално варира од 38 до 40
ЈАс му ставам обични - солена вода, плус инхалации...НЕ кашла многу ама ми е страв да не се зачести. Ама ќе побарам и некои од овие како што викаш. Фала ти.
Пак јас, малата имаше температура 2 дена, вчера се стабилизира и си беше ок. Денес гледам цела се изнафрлана на вратото, зад ушите, малце на грб.. Можно ли е да е розеола? Така ми личи. Да ја носам ли пак на лекар или ке се повлече? Многу мо е страв. @joy1 може ти знаеш еве слика
може да е.И да е не е страшно поминува за ден два.Немаш потреба осипот да го третиташ со ништо бидејки е од вирусно потекло
Мајки пак јас..Детево ми е по цел ден во раце се плаче оди по мене и ми вели дигни да го земам..Значи ништо неможам да сработам пробав да го игнорирам но не уште повеке а и не е баш плачење повеке се дере нема ни солзи ништо ако не го земам легнува на земја или главата си ја мава..Период ли е или што е незнам..Оваа трае скоро две недели..Одам во вц стои на врата и чека у купатило и он веке се мијам на рати прво коса тој стои до мене потоа го вадам плаче пишти никако никој неможе да го залаже додека не излезам..Кога не ме гледа е мирен околу 2-3часа но потоа почнува да ме бара и исто плачење викање..Дали некој имал сличен проблем како да го решимее оваа..17кг е по цел ден во раце неможам со ништо не се заигрува само купуваме а ова а она но не
Те разбирам скроз, и син ми е голем с 'клетџија. Пробај тетра пеленки реди му зад главче, на тил, колку - толку да упие. Друго чаре не знам
Нема шо не пробав. Тетра, па ај од оние непотечките подлоги, па пресоблакање ама па не иде ни тоа зашто некад вришти нејќе да го пресоблечам, па паузи му оравев на секој семафор го исправав од седиште итн. И зимото без јакна обавезно во седиште и малку подитвирен прозор и пак утоп цел грб. Сеа периодов може да замислиш како со кофа вода да е покиснат. Буквално од Веро ( Аеродром ) до железничка дур стигнеме он е утоп. Еве и надвор во количка, а заспие он е мокар цел грб ( само по мајчка на кратки ракави е ) и сеа почнав на страна го вртам дур спие надвир во количка. А, во кола почнав во раце да го држам странично ( он гледа на страничен прозор ) кога сме на кратки релации низ Скопјево и мм вози внимателно иначе ќе биде хаос пресоблакањето и вака сум раат. На подолги релации неам избор во седиште е па после плачел неплачел го пресоблакам.