кт, мр, ртг сите тие апарати зрачат но нивната намена е да помогне не да одмогне. штетно е често снимање и не проверени апарати (на тоа нема да налеташ) а не едно снимње. слободно снимај.
Фала на сите, ама не завршивме работа. Требаше да дојде екипа од костозглобна( од Охрид сме) и не дојдоа, имало некоја сообраќајка, па со тоа биле зафатени, па тек понеделник. Сега го витка по малку рачето, ама не може лактот скрос да го свитка . Умрев од грижи , се надевам нема врска што ќе чекаме до пон
А зашто за Скопје не дојдовте или ете утре да дојдете? Не е мое да се мешам, но сепак не е за занемарување и чекање. Јас лично не би чекала ни 1ч. Сепак викаш неможе лактот скроз да го свитка и по малку го движело рачето..... не е за чекање до понеделник, но ти си знаеш сепак.
пред недела време имавме осип и тт висока 2 дена. Сега го приметувам му излегуваат пликчиња и му сами пукаат т.е црла кожа му се лупи на дланките и стапалата. Искуство некој?
Стапалата само и внатрешноста на дланките. Прв ден а после имаше 4-5 околу муцката и приметив на телото. Пиевме антибиотик помина се тоа ок но ме чуди за пликчињата. Д-р ни кажа дека е алергиско но мене не ми се верува.
@TutiFuti типичен осип за коксаки вирус, кој уште се вика стапала-раце-уста вирус. Немало потреба од антибиотик, и без него поминува вирусот.
Коксаки е, 99% Не се пие антибиотик за тоа, вирус е. И ќерка ми истото го прележа. Ќе му помине. Сега ќе му се лупи кожата кај што имал пликови, а по некоја недела ако заприметиш и дека ноктите како да не му растат и ќе му паднат, да не се плашиш, исто од коксакито е. Ова со ноктите не е кај сите, ама ете на малата и паднаа старите нокти, а оддолу нови ѝ растеа, и на рацете и на нозете.
Леукоцитите беа многу покачени 15.39 мислам дека беа затоа антибиотик. @NarCis@ нешто лоши последици леле името ме преплаши коксаки. Бевме во Банско и таму го закачи тој вирус демек хотел со 5* ама катастроофа.
Не, никакви последици, без грижи Кај ќерка ми во градинка, сите деца го поминаа. Сега добар е? Има тт уште? Инаку може порано да го фатил вирусот, уште пред да отидете. 1-2 недели е период на инкубација мислам.
@TutiFuti и кај моето беа покачени леукоцитите (17) кога фати коксаки на 1 година, ама педијатарот рече нормално е на почетокот на вирусот да се покачени и не препиша ништо. За неколку дена сам помина. Нема последици, многу чест вирус кај децата е, во многу ретки случаеви може да се искомплицира ама кај вас поминало веќе.
Ви благодарам па да во право си @NarCis@ пред да заминеме со внук од на мм сестра бевме во контакт со него кој што имаше осип некој и тт демек ништо не му беше ама ете синко преосетлив е веднаш се префаќа. @Ava.84 сваќа ти благодарам сега е добар само што не сака да јаде тоа е ама пак сп молење успева малку нешто да касне сеуште цицаме инаку.
Коксаки е. Нема потреба околу уста да има. Внатре сигурно има некое само не сте го виделе. Затоа не сака да јаде.
Ако немало ќе се појави или веќе поминало. не се секирај. И ние лесно го пројдовме и тоа без ништо антибиотик .. прскај прополис на грлце да не го боли
@TutiFuti сега пребарав, по село во Њујорк е дадено името на вирусот, првиот регистриран случај бил таму. Не му се плаши толку, помина најстрашното.
После антибиотикот многу е нервозно и агресивно пола саат- саат и само ме гушка, а инаку остатокот од денот е мирно. Дали имал некој слично искуство? Ги прочитав несаканите дејства од упаството но не знам што може да е.