Може да има проблеми со стомачето додека да се ресорбира атб, па затоа е такво. А дека даваат такви реакции,даваат. Кај мене големиот имаше несакани реакции од антибиотик, Амоксиклав, и тоа се манифестираше како изливи на бес од утро до мрак, како тантруми, ама 10 пати посилни...дури сфатив дека е од атб, веќе го испи цел. Дозата му беше утната, а и самиот антибиотик. Оттогаш дете на дежурен носам само ако немам избор.
@Annath поради воспалено увце даваме Аугментин антибиотик на дете 9 кила 2 пати на ден по 3мл 7 дена. Пред да дадеме плаче, вришти, бега, ме гушка па даваме со сила и чувствувам дека правам нешто погрешно. После ќе поминеме кај докторот за уво, нос, грло да му кажеме. 10-15 мин откако ќе го испие ги стиска рачињата во тупаници и гризе тоа што пред него. Гризе бетон, железо. Цело време ме гушка, плаче, нервозно е, ништо не сака...
Исто е како Амоксиклав, дозата е веројатно ок. Небитно, има нешто, реагира на антибиотикот, ама не би знаела да ти кажам зошто.
После антибиотикот има грчеви 20тина минути. Дали одма после антибиотикот смее да дадам пробиотик ( за да пробам да ја спречам драмата вечер) или треба да почекам? Препишано ни е антибиотик 2 пати на ден а пробиотик 1 на ден па дали ќе е проблем ако давам пробиотик 2 пати на ден?
Не смееш, треба да има растојание барем 2 саати помеѓу антибиотикот и пробиотикот. Прочитај во упатството на пробиотикот дали има друга доза кога се пие антибиотик. Затоа што јас и така давам еднаш на ден, а не пие антибиотик.
И средното кај мене прима антибиотик поради увото. Околу 11 кила е, 3 пати по 3 мл. За среќа го сака, со сестра и големи имавмњ. Јас провен пробиотик и давам, презадоволна сум.
После 10тина дена пролив имаме жар црвено дунде и газе бојата накај виолетово удира дури некои ситни како мозолчиња има? Освен одмивање со камилица што друго може да помогне?
Оваа крема е многу ефикасна. Од првото нанесување веќе има подобрување, само не знам дали ја има во МК. @gjoker4e
Од искуство со ќеркичката на другарка ми ќе ти кажам....исто беше жар црвена од проливот. Поголем дел од денот ја оставаше да лежи и да е без пелена ( ставаше под неа од Becutan baby changing pads ), само со вода ја мкеше никако влажни марамици, пелена мењаше многу често не дозволуваше да има повеќе моч пелената за да нема додатна иритација, ја мачкаше со Здраве ( плавата крема ) и за 2-3 дена помина. Но, влажни марамици воопшто нема да користиш само со вода ќе ја миеш, кога ја бањаш со нежен шампон ( Бекутанот заборави го доколку го користиш зашто пече додатно доколку би пробала на себе кога имаш некоја иритација ќе се увериш ) и почесто без пелена да е малата. Со лесно и не се секирај ќе и помине.
Уште ова да прашам се извинувам многу здосадив веќе знам. Што се може да се испита кај едно бебе за да се знае дека се е во ред? Крвна слика, мокрача, уво, нос, грло, копро... И јас и маж ми сме дома и сме скршени. Дете е многу нервозно навистина не се издржува верувајте. Јас нема шанси како нормална мајка да застанам да зготвам дете плаче да го држам па и си има омилена поза на држење ако се поместам вришти и мора станата да го држам не дај боже да седнам. Еве сега шетавме сака да пипа на стаклото од еден бутик за деца не му дадов плачеше уште пола километар па се вративме таму и се смири. По улица мислам сите во нас гледаат. Дали нас нешто ни фали или на бебето не ми е јасно. Во количка да се вози како останатите бебиња/ деца по улица што ги среќаваме нема шанси. Да беше скок, заби ќе поминеше овие 13 месеци. Еве денеска еднаш сме јадени. Го возевме со колата за да заспиеме и веќе сум скршена за да средам било што. Каде згрешив? Секој ден ни е борба и едвај чекам да дојде вечер да заспие. Преку ноќ исто се буди за циц циц но тоа не е толку страшно. Ова е веќе 13 месеци некогаш поблага некогаш потешка форма откако се породив бел ден не видов. Искрено не верувам во бајачки но крајно и таму ќе барам спас. Прво ќе одиме во Ложанковски па во Систина. Советувајте ме некако кажете ми како готвите чистите се бањате. Една недека веќе прскам сув шамон косата ќе ми падне.
Како јас да сум пишувала, буквално. Немој да се обвинуваш, такво си е детето. Ние каде и да излеземе стално сме центар пажња, само плаче, не знае да се заигра со други деца, ако и забраниш нешто одма се тепа, се фрла на земја. Колку имам плачено откако е родена и сама не знам, се плашевме да не нешто не е ко што треба. По цел ден ми беше во раце, кога и да требаше да излеземе како да знаеше се убиваше од плачење, во кола 2 мин. не седи мирна. Плус и ние нервозни, сами сме, 1 мин. не сме ја оставиле со некој., ни баби ни дедовци. Никако не прифаќа храна, еве веќе 18 м е само на цицање, многу ретко да касне нешто. Се помирив такво си е детето. Оваа зима ми беше пекол, сега малце подруга е надвор сме по цел ден, се уморува и спие после. Тоа е, занимавај го, повеќе време поминувајте надвор и не се нервирај, само полошо ке ти биде и тебе и него. Ке се смират кога и да е.
Мајки давајте идеа како да го научам малиша да пие од цевка?! Уште користи шише од чаша не му давам дека се потура со вода намерно брца прсти и слично,па дома често ни е базен.Му купив на Томи типи шише со цевка што не капе не тече ама он незнае да повлече и се нервира а мислам доста му е со шише.Инаку сме 20 месеци
Па затоа што си игра со водата си истура по маса по под и после си шлапка во неа.Затоа и мислев со Шишево со цевка дека не тече.