Од офтамолог е препораката, морам да го правам тоа, инаку да на физиолошки мислел. Од кеги има едни прекрасни за проодување, со патент на пола кондурче. Имаат и можност електр.да се купат. http://www.kegishoes.mk/leto-ComArticle564mk Нас ни ги одобри ортопедот.
Majki vnukami pie amoksiklav od kako pocna da go pie se zali deka ja boli dundeto taka vika a nema nisto ne e ni vcerveneto nema ni isfrleno ama bas nisto a ona postojano se zali deka ja boli mozno li e da e povrzano toa so antibiotikot?
Давајте пробиотик додека пие антибиотик. @Nova колку време ве мачеа 4- те? Јас не можам друго да смислам освен дека ќерка ми ја мачат заби. Значи не спие повеќе од месец мислам офка и се буди на пола саат до саат, од пред два дена има и ниска т (37.2 до 37.4), и особено попладне е понервозна. Од сабајле е ок.
Pie prolajf ama pak se zali ne postojano ama od vreme na vreme oddenas ke vikne silno i vika dundata me boli pa neznaev dali ima uloga sirupot ili nesto drugo e vo prasanje sepak fala ti
Денес и проби првата долна и маката беше една недела. А со горните месец сигурно, не јадење, спиење како зајак со плачење, нервоза и три дена пред да излезат до 38 крена. Во исто време ги извади и навистина ја намачија.
Дајте мајки идеа како да го инхалирам ѕверчево?? Плачко, пискотници... Пробав на спиење, со пуштена правосмукалка, сите со маски да изиграваме кловнови да рипаме, скокаме, глупираме... Пак ништо... мора да го исчистиме секретот..
Јас ја седнував во хранилката и и пуштав песнички на компјутер. Малку се противеше ама успевавме некако.
Мајки, ви прават ли проблем децата за јадење? Како се справувате? Јас син ми не можам да го натерам уста да отвори. Не сака дури ни да седне во хранилката, а кога ќе му ја приближам лажичката до уста, се трга и плаче. Не е можно да не е гладен.. Ова се случува дури и ако не е јаден 4-5 саати. Морам да му давам играчка, за да му бидат рацете зафатени и да му пикнам храна во уста. Кога ќе го сторам тоа плаче, устата ја држи отворена полна со храна и многу се плашам да не му залетне.. Ќе ја голтне храната некако и ако не му се допадне шанси нема да ја јаде, а ако му се допадне наредните две три лажички ќе ги прифати без проблем, потоа пак одбива да јаде и се така додека не ја изеде цела кашичка. Јас стварно веќе не знам што да направам за да јаде нормално, се со молење, се со сила.. Ова се случува веќе 3 недели, нервите ги искинав. Ослабен е, се гледа, се чувствува..
Веројатно е фаза. Сега кога ве читам сфаќам, иако мислев дека се забите. Кај нас траеше повеќе од два месеци. Исто сосема исто како вас. Сега не дека јаде многу ама барем нема хистерични напади и не пробува да повраќа кога ја хранам. Од дете што јадеше со сласт, преку ноќ стана дете што нервите ми ги искина. Совет некој немам освен да бидеш упорна и да наоѓаш начини, колку јаде -толку. Редот на оброците да го зачувате и да скратиш на ужини. Јас и ги скратив сите ужини освен трите главни оброка тогаш и млекото/чајот и некако помирно го прифаќаше хранењето. Веројатно е некоја фаза што немаат трпение да седат и да јадат, напор им е, а забите дополнителна сафра им прават. Јас имам мака што најголемиот дел од оброците и се сеуште блендирани. Од 10 месеци почнав по малку пасирано и џабе. Пример брокула парченце да и дадам го држи на јазик и плаче се додека не и го извадам, а во каша без проблем ја јаде. Знае да џвака затоа што, бисквити, леб, јаболка, мандарина, банана, портокал, мафини, проја си јаде без проблем ама се останато е борба.
Јагода, пробај да му дадеш полесни намирници и помалку. На син ми од жешкото не му е баш по ќеф сѐ да јаде, па му правам полесни и попрости варијанти. Пробај со попроста и полајт варијанта на оброците. На пример тиквичка, патлиџан да ти преовладуваат. Жешко им е и тешко. Мојов месо обожава ама на жешково слабо ми го јаде, па ставам помалку количински и повеќе некој лесен зеленчук.
Не спомнувајте нејадење Исто како и кај вас, преку ноќ престана да јаде, а си јадеше со сласт и ништо не пребираше. Сега среќна сум ако изеде еден оброк во денот како што треба. Не сака ни да проба. Се трга со главата и ја затвора устата. Кога едвај со сила ќе ја натерам да лизне барем, ќе касне 2-3 лажици ако и се свиѓа, ако не нема шанса. Ни играчки, ни цртани ништо не помага. Јас не инсистирам да јаде доколку плаче или се дави. Мислам дека така уште поголема одбивност кон храната ќе и направам. Претежно и нудам тоа што сака да го јаде. Деновиве забележав дека сама сака да јаде и не обожава повеќе блендирано, сака да џвака. Денес по подолго време имавме успешен ручек со зеленчук. Малку јас и давав со лажичка, малку таа земаше, а нешто и на подот заврши
Кај нас обратно, на секој час бара да јаде. Од дете нејадач се претвори во дете кое јаде постојано. Јаде со секого на маса. Но оброците количнски се мали. Јас ве сфаќам, јас една година буквално нерви искинав со нејадењето. А ете сега само бара да јаде, дури ми е чудно.
Мислам дека повеќе се секираат мајките на кои децата им јаделе убаво и после тоа “протестираат“. Кај оние на кои од старт не јадат или пребираат некако се понавикнати.
Оффф, ич не сум навикната, секој ден се живцирам, готвам , нудам ама џабе. И кога одиме некаде на пример на гости или на шетање на подолго, е лошо, знам дека ништо нема да јаде, ги нема манџите на мама ( жими само тоа јаде). А во право си дека е за нервоза ако јаделе па не јадат.
Зборот ми беше дека потрагично го доживуваат нејадењето. И јас се секирам и нервирам иако кај нас е релативно. Стандард е овошјето што не го јаде, појадок скоро никогаш не јаде, ручек кога-како е расположен, а вечерата цел ден ја чека и со сласт јаде цееела чинија. И покрај нудењето со нервози сепак очекувано ми е. Ако изеде само бонус ми е.
Јас веќе бев навикната да не јаде, мислам се нервирав, ама ако јадеше бонус беше. Што се не пробав, ама детето си пријаде кога почна во градинка. Тргнав на работа и полека стартуваше со јадење, ама градинката беше пресвртот. Јаде луѓе, значи само бара нјам нјам. Ете синоќа стана во 12 и слушаше песни и вели мама нјам нјам. Не знаев дали сонувам . Градинката не спаси нас, иако од здраво дете се претвори во дете кое секоја втора недела е болно. Ете го сега почна да кашла. Или е лечен недолечен, или билда имунитет па на две недели болен ќе е.
Јуле, земи цинк со вит. Ц директ на ФармаНова, секој ден по пола ќесичка давај му, мешај во нешто сокче, вода, ама и така на вкус е добро. Ќе му го зајакне имунитетот. Цинкот е одличен имуностимулатор. Јас на мојов му давам веќе цел месец, заедно со пченична трева и пробиотици секое утро. Да чукнам во дрво, од пред месец и пол кога имаше воспаление на уво, сега само носот чат пат му тече. Си оди редовно во градинка, не сме правеле пауза. Сега летово планирам два месеци да биде дома, ако може да го оставам барем две недели кај моите во Охрид, нема да му давам имуностимулатори, ќе си терам со овошје и зеленчук, си имаме се домашно. Од октомври пак планирам со цинкот да терам, здравје Боже. Јас не верував за цинков, ама ми го препорачаа за да избегнеме употреба на антибиотици, особено како што се разболуваше често од Нова година навака. Можеби е уште рано да кажам дека цинкот си ја врши работата, ама задоволна сум. За јадење нема да се жалам, јадач е откако е роден, само кога имал тт не јадел, инаку немам со него проблеми.