1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    А бевте на лекар пие лекарства?
     
  2. Ivancula123

    Ivancula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Пие антибиотик. Ама ме плаши со нејадењево
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Грлцето го боли затоа не јаде ќе се врати во нормала немај гајле
     
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Jас во таква ситуација форсирам супа и кисело млеко само
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Нормално е кога имаат тт да намалат со јадењето. Давај кисело млеко тоа ја симнува тт и течности колку можеш повеќе. Електролити обавезно.
     
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Син ми е 19 месеци. Од еден месец почнавме со ритуалот за отварање на курето по сосема малку, како што ни кажа педијатарот, каоќе до 3 години цело да се отвори.
    Вчера имавме ситуација во бањање му годадам отворав и прв пат пружаше отпор. Исто и кога излеговме од бањање, за да после тоа се жалеше дека го боли (претпоставувам при мочкање). Во текот на ноќта ништо, а утрово пак се жали особено кога ќе го закопчам бодито. Не знам дали повеќе сум му го тргнала, дали има некоја раничка внатре,што да правам не знам. Совет?
    П.с. можеби до сега требаше да е отворено, ама страв ме фаќа повеќе да тргнам
     
  7. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Малата ми е 15 месеци и има одвај 4 заби. Почнав да пасирам од пред некој ден со вилушка зошто сака да џвака ама повеќе го проголтува одколку што го разџвакува. Дали уште да блендирам или да и спремам оброк пола -пола мешано (дел со вилушка дел во блендер)?
    Ме интересира месото како им го давате освен сецкано ситно на дечиња што почнуваат се неблендирана храна? Исто и овојше пример праска,круша,кајсија, слива? Ова колку и да го исецкаш пак е потешко за разџвакување?
     
  8. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    И јас имам едно прашање за тука
    Како реагираат вашите деца на други деца од поблиското семејство?
    Моето реагира различно и не знам зошто е така. Кога доаѓаат децата од брат ми што ретко се гледаме син ми е многу љубоморен во смисла одбива да си игра со нив ги бутка не им дава играчки не дава јас да ѓи земам в раце плаче и слично.
    А со една братучетка што е поголема од него 3 год ја обожава не дека често се гледа со неа но забележав дека многу повеќе сака да си игра со поголеми деца одколку со врсници. Исто и кога сме надвор сака со поголеми да се дружи. Споделете и вие мислење и искуство
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    @kikin јас сум мачкала хлорамфеникол маст во таков случај. Учи го сам да си го отвара. Ние поминавме разни фази со таа работа. Периоди кога не даваше да му го пипнам, па период кога после секое бањање сам бараше, ко некоја игра ја направивме цела работа. Па почнав да го учам сам да си го отвара. Прво одбиваше, сега го гледам си го отвара. Некогаш и ми покажува, па на бањање ке му речам ајде отвори го да го измиеме и така. Во главно без форсирање.
    @Selest во однос на пасирање на храната моето мислење се разликува често од другите. Јас моиве деца не сум ги брзала да ги префтлам на цврста храна. Не гледам причина за брзање. Не познавам возрасен човек што останал на каши да се рани. Јас со син ми вака правев. Некаде околу годината пробав, па во каката наогав цели зрна и парчиња и го вратив пак на пасирано со пасер. Мислам дека е лошо за желудникот храна која не е добро соџвакана. После пак пробав, па јадеше многу малку. Само третина од порцијата до тогаш што ја јадеше. Пак го вратив на пасирано. После втората година си јадеше без проблем само со вилушка гмечено. Но еден период не сакаше лажица со очи да види и тоа траеше неколку месеци. Пак манџите му ги пасирав на густо и намаз му ги правев. Искрено не ми беше битно во која форма ке го јаде, туку само да јаде. И ми успеваше само така. Сега е три години јаде во секаков облик.
    @mac.mac и на нас возрасните не ни оди исто муабетот со секој. И син ми има кој едвај чека да ги види и можат цел ден да играат. Има деца кој едноставно не ги сака. А има и такви кој едноставно ги игнорира.
     
    На marchi-cool, sofi2107, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Во блиската фамилија немаме деца, ама ќе споделам искуство со друштвото и дечиња на братучеди мои. Мојата обожава деца. И мали и големи кога и да види се радува и вика дете дете или дада дада.. Сака да си игра и ги гиба. И непознати дечиња кога ќе види во парк пресреќна е вика по нив, им се радува. Сега последно заприметувам дека си ги знај нејзините играчки и се лути ако и земат. Плачи вика. Порано ќе и дадев друга играчка ќе и го оттргнев вниманието ќе се смиреше, а сега упорна е и си ја сака таа играчка
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    И син ми (1,5 година) повеќе сака да си игра со поголеми дечиња. Имаме во маалото полно деца, на син ми има 2 врсничиња машко и женско, не знаат воопшто да си заиграат, ќе се скараат за играчка, ќе се туркаат и сл. Ама оние на возраст од 4-5 години ги обожава оти цело време му попуштаат и му одат по газот.
    Секако ќе менува со тек на време како ќе расте, со врсници мислам дека дури после 3тата година ќе почнат убаво да си играат.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Same here....Со врсници е борба...хаос...додека пак со поголеми деца е пресреќен, се заигрува со нив, (како што кажа некој погоре - му одат по газот и убаво му е). Прашував и во градинка дали син ми си игра со некој, ми викаат „Не“...јас разжалостена демек детево мое не се дружи, ама после им викаат дека играта на година и пол, две, до три помеѓу врсници не е игра. Тие се закачаат целоо време, се тргаат за една играчка и тоа е тоа, не знаат уште да се заиграат, рано им е.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Секој ден ист распоред заспиваше околу 23:00 ама еве вечерва уште не спие. Цел ден мрда како да има црви во газ, нели ова дете требаше да се измори и да заспие? Не ми е јасно зошто не заспива. Не плаче ама се игра, писка, лази, фрла предмети кај и да е ќе ни заѕвони некој на врата. А сабајле сигурно во 5 или во 7 ќе стане детево. Што е проблемот? Нели му се спие? Има ли некој спас? Ќе заспиеме од умор кај и да е... Какви се тие бебиња што заспиваат 20:00- 21:00? 15 месеци не го научив рано да легнува. Не знам кај грешам. По улица, во маркет само моето дете се слуша.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ко себеси да се читам. Поготово откако наполни една годинка плаче, писка. Ќе полудам мислам. Не можам да се избањам раат, не можам ручек асално да спремам. Алал да им е на оние смирени мајки, се прашувам како успеваат да бидат такви
     
    На sofi2107 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Исто откако наполни годинка. Се пробав можно значи такво си е детето додека да потпорасне ќе полудам не се издржува. Само пишувам на форумов и секаде досаѓам и на педијатар. Еве заспа конечно ми се отспа од мака.
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Не се паничи и не се нервирај. Може е период, може такво е детето. Со нервози ништо не се постигнува. Имавме и ние таков период, среќа краток траеше. НЕ велам дека ми било лесно, ама се трудев да го прифатам неговиот распоред, па единствено што недостасуваше беше мојот сон. Помина. Редот му се фати откако реовно почна во градинка. Сега и кога не оди во градинка заспива максимум до 10. Ма да, пак ќе кажам, можеби тоа нема врска (градинката), може такво е детето, карактер. Позитивно и само напред. Ќе се издржи. Ќе пораснe :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    @kikin Мислењето ми е во нервоза пишано и баш така со нервоза ништо не се постигнува ама во моментот едноставно не можам а да не се нервирам. И така му ја пренесувам нервозата и оно нервозно не може да заспие. До 01.00 не бев нервозна имав трпение ама после тоа полудев.
     
  18. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    @irena.1 се согласувам дека за пасираното во целост. Секако подобро е така сварена храната отколку на парчиња. И јас во изметот најдов парчина. Проблемот е што сака да јаде се што јадеме и ние па за џабе спремам за неа. Горе долу се храниме да речам исто освен некои зачини плус и некогаш скара. Воглавном не пржам ништо од храна па сум давала да проба од нашето.

    Сака сама со прстиња да ја почувствува храната еве во патлиџан се дави буквално во два оброка мора да имаме патлиџанче. Мислам дека е фаза и се надевам брзо ќе мине зошто вака количински многу не јаде баш поради тоа што своите каши не ги сака,освен палента,тарана, банана со авокадо...

    Веќе снемав идеја што и како.Со цице само не се живее.

    И друг проблем си имам па која ќе наиде на постов со слична ситуација би сакала да сподели искуство.
    Мака мачиме со прошетки надвор, во количка несака зошто јас така ја навикнав сакав да се движи колку толку и ради развивање на моторика. Сега покрај тоа се што види на земја се пика во уста, од камчиња, дрвца и на пикавци им има мерак да ги фаќа :@ А го земам вришти урла неможе да се смири, а што мирно бебенце си беше и дисциплинирана воопшто во се. Ова е некоја орална фаза ама ептен уплав имам ид ситнурајки неможеш се да допазиш, не дај Боже од голтање незнам како би се справил да и го извадам.
    Знае дека кога ќе кажам НЕ е нешто што не треба ама па ептен и е интересно и се смее уште повеќе.

    За една недела сме на одмор се мислам што и како ќе биде на плажа.

    Совет:(?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Нема совет :). Орална фаза мора да се помине. Трпени и отварање десет очи. Моето е 13 месеци, моментално се пика во уста. Цел ден сме надвор и на плажа го носев и пак ке идеме. Во количка одиме до паркче и после таму шета, трчка и фака од земја исто ко твојот (facepalm) и над глава му висам ( а сама сум со двајцата морам да пазам три годишново да не падне од лулашки ) и пак ке пикне нешто во уста. Само господ да ги чува, што да ти кажам. На плажа незнам колку пати падна и го зари муцето во песокот со отворена уста. И пази, пази и на крај мм го држи во рака и овој мало камче шлап во уста и го голтна со брзина на светлината (facepalm)
    @gjoker4e без да се нервираш и без очекувања прифати какво е детето. Секое дете е своја приказна. Јас имам две. Првото од како е родено цела нок ја спие. Малото до годината немаше поврзано повеке од два саати. Сега се буди еднаш нокра, но заспива многу касно после полнок. И тоа изгаснато светло тој си игра, си шета низ соби без проблем. Што да му правиме, тоа е. И тоа цел ден е надвор, и има само една дремка од пола до саат преку денот. Едноставно спиењето му губење време.
     
    На Selest и gjoker4e им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ќе полудам веќе. Малата ми испи денес само 300 мл ад, за повеќе не сака ни да чуе, вришти, пишти. Пиеше и малку вода и два оброка само. Цел ден е кенкава, плаче пред заспивање. Дали се заби? Цел ден рацете во уста и се и цуцлата ќе ја изеде мислам. Инаку, за седум дена ќе правиме 13 месеци.