Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    Па прв пат од невен дадов сега. Само со помала концентрација го правам неголи за нас. Пример на 250 мл вода ставам само 5 цвета. Помирно ми спие. Не да речеш да го успие ама поцврсто спие.
    Мене пример лично невенот ме успива ама дозата за возрасен е поголема. За него би ми било страв појак да му дадам. Иначе ќе полни 2 год сега.
    Претходно од домашен чај имам користено цвет од камилица, мајчина душичка, нане, липа.
     
  2. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.675
    Пол:
    Женски

    Да , и кај мене има смирувачко дејство исто и липата , нерви под контрола :D липа денеска имав во план да и дадам прв пат за проба ,скоро 16м е , па се мислам дали е грешка и со невен да пробам деновиве да и дадам , можи ќе пие , така послаб со медче , оти чај без мед не ни мириснува :doh: а последниве ноќи та и денски , цврсто спање ни е како добивка на лото :|

    мислам сите го минат истото во тој период , еве и мојата беше баш исто така , бев на праг на лудило , неможевв кујна да застанам , да зготвам , или да а оставам , а до неа да седам си игра се вртка низ соба , а а тргни се плачеше до зајдување секундарно и ме тегнеше да а земам , еве дури сега почнува полека да се нормализира , велат околу година ипол имат доста промени , само да издржиме и како што кажа џокерче , помалку нервози , оти колку поеќе му викаме и тргаме толку се по бесни , се ќе помине , после ќе ги викаме ама они ќе бегат :lol:
     
    Последна измена од модератор: 5 септември 2018
    На gjoker4e и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    периодов кај повеќето гледам е така. дали од промена на време.. не знам. кај нас се се собра сосе заби сосе све. тројки допрва вадиме а 2 год ќе прави.
    дај си немаш штета од тоа, само мед лажичка до две дневно. јас некогаш за да го испаузирам му ставам малтекс.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Утре требаше да ни биде 1 ден во градинка. Синко вчера попладне почна да малаксува и се иссипа по рацете и нозете, а најмногу кај препоните и на газето. Прво си помислив сипаница, ситни црвени и дел од нив ко пликчиња со вода, многу го чешат.
    Ноќеска ми качи температура, сабајлево осипот беше проширен само околу устата, по меше, грпче нема ништо. Кога јаде се жали дека го боли, значи има и внатре во устата. Сега е весел и расположен, си игра, само многу се чеша. Исклучив сипаници бидејќи нема осип по торзото, сега се сомневам во коксаки. Може ли некоја мајка да ми каже дали на тој начин се манифестира вирусот. Ми текнува дека малите на @LiliBoz и @muchacha_a го имаа прележано???
    П.С. Знам дека е незрело, ама ич не ми се носи на лекар, многу трауматично ги доживува посетите и многу плаче, докторката едвај го прегледува.
     
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    Не носи на лекар ако си бар 90% сигурна дека е тоа зашто реално за коксаки нема што да се препише. Син ми имаше типичен коксаки. Внатре во усна шуплина дланки и стапала. Многу лесно го поминавме зашто беше тип А. Другиот тип беше со темп и самo парацетамол даваат. Мијте повеќе рачиња и за 5 до 6 дена ќе помине. Ќе приметиш сама кога ќе почне да се лупат. До 3 ден што исфрли толку ќе е. Нема да шири повеќе
     
    На џунџуле, NarCis@ и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    40.492
    Пол:
    Женски
    Еден совет мајки.

    Синко има три цврсти оброка.
    До сега меѓу доручек и ручек имаше еден ад, меѓу ручек и вечера цицаше, ама веќе неколку недели не давам зошто покасно се враќам од работа, па доцна е и ќе му се измести вечеата па понекогаш нешто за ужинка добива.
    Дали да продолжам со ад меѓу доручек и ручек или да му го заменам со ужинка?
    Инаку уште цица, ама само навечер за заспивање и ноќе ако се разбуди(овие два дена се буди многу често, ама мислам до забите ќе е).
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Знам дека ништо не се дава, вирус е, затоа и не сакам да малтретирам дете. Кај вас осипот завршуваше на дланките/стапалата или? Нагоре по раце/нозе се иссипа ли? Синко е исипан од дланки до раменици и од стапала до газе.
     
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    онда не е коксаки. може да е друг вирус. кога почна да исфрла? денес или вчера?
    мојот нема што не пројде од вируси со осип затоа те прашувам.
    најстрашен беше вирусот со морбилен осип кога од ум ме извадија дека е морбили а уствари беше измутиран вирус што личи на морбили односно осипот личи.
    првиот ден исфрли раце нозе и препони. до вечерта почна и на стомак. е наредниот ден беше хорор, немаше каде не беше исфрлен. и позади уши и било каде. буквално секаде беше лом. НО. дека е вирус а не морбили (ко што рекоа во систина) помина само со Авил и после две дози, третиот ден се се повлече.
    коксаки се разликува баш по тоа што е само дланки стапала и усна шуплина.
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Вчера попладне почна да иссипува, се ширеа до вечерта, од ноќеска до сега нема нови по телото освен околу устата. Сега се загрижив ептен. :(
     
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    како и да е вирус е. можеш да се чуеш со матичната?
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ќе сторам нешто мајка, фала ти! :hug:
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Јас имам читано многу за осипниве вируси и за коксаки карактеристичен е осип дланки, стапала, уста но тоа е онаа најчеста класична клинична слика од која има и различни отстапувања.
    Детето на наши пријатели имаше вака како твоето што опиша со проширен осип и повисока темп, им рекоа сепак е коксаки и се помина за 3 дена негде
     
    На џунџуле, Lolipop23 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    па пиши како сте. со лесно само. :hug:
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.146
    Допаѓања:
    124.515
    Мајки за имунитет што давате? Сакам нешто да почнам. ќр прашам и педијатар ама со оглед на тоа дека се "платени" не би имала баш доверба дали е тоа вистинското|(
     
  15. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 да моите и 2та фатија.малото полесно помина ама големиот до 2 недели имаше белези и мн болка.однеси го на лекар порано рано сабајле кога нема гужва.
    И во уста имаа не можеа да јадат.
    Болно е мн.
    И по некоја по раце нозе газе грбче.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Ако си вовела мед ја би ти препорачала Матичен млеч ( Protect Junior ) ампули/шишенца се од 10мл и на помаливе деца се дава по 0,5мл на ден ( значи пола ампула ) во Зегин ќе ти кажат. Кас по препорака на @LiliBoz ги давам од време на време. Сега пред зима пак ќе почнам да ги давам секојдневно.
    Маџун исто често му ставам во оброк овошен, лимун или витамин Ц капки зависи. Друго не давам зашто сеуште го дојам мојот (17+ ) па преку м.млеко добива остало.
     
    На eli25 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  17. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Колку пари се тие ампули матичен млеч?
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    35 ден една ампула.
     
    На sofi2107 и muchacha_a им се допаѓа ова.
  19. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Еве Лили ти одговорила. Јас да се дополнам ... мој синко бидејќи ни сок ни чај ништо не пие освен вода, немам начин како да му ја дадам ампулата. Па јас му ја ставам во овошна каша кога му давам или со млеко и бисквити. Пробав така во уста со лажичка ама пљука и бега, па демек во уста да му ја истурам или шо шприц и ни така не успевав. Па ако и твоето е како мојов само така пробај во оброк.
     
    На muchacha_a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    182.764
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 можно е да е коксаки, иако се опсипува по цели раце и нозе. Ќе ја тагнам и @LiliBoz да види. Ќерка ми и внук ми имаа коксаки со еден ден разлика. Ќерка се исфрли на стапала и дланки, 2-3 околу уста, а внук ми нареден ден по цели раце и нозе, и околу уста. Кај двајцата беше дадена дијагноза коксаки на доктор. Поразличен беше осипот на внук ми од тој на ќере, ама доктори кажаа коксаки дека е.
     
    На Lolipop23 и LiliBoz им се допаѓа ова.