a оваа дали ви е позната , германска е пишуваше дека е ок , ја имам за малата , ми а донесоа 15м е дали да а користам ? @Mari* @danichap
Пишува за млечни заби, од 6 месеци до 5 години. Е дали смее да се голта не би можњла да кажам. Сликај од блиску упатството.
Мора да се плука, не смее да голтне. Искрено другу користам, сум видела фирмава во дм, ама не сум користела.
фала ти , а која да а земам каква користите таму , што можи да се голта , свекр сега ќе си идат месецот па да ми донесе , овие тука слабо ни одат
исто е и кај мене се си јаде од пред годинка неблендирано , ама појадокот сеуште некогаш и е малце пасиран , т.е коа има овошје оти мака мачам иначе сеуште не јаде секакво овошје чисто и за да подметнам така правам некоаш , грешно е да мора да ги научиме на се , пробај намали со блендирано малце пасирај и го па постепено погрубо давај па целосно , и јас така правам
До година. На годинка имаше дамо две забчиња и бев многу загрижен кога тргна градинка, таму не ги тинтрат. Ама многу брзо де адаптираше на храната таму. Големата имаше 20 заби на годинка, па беше полесно со нејзе, од 8-9 некаде мислам престанав да блендирам.
И јас користам лакалут од таа што е до 4 години за малиот кој што сега има 2 г . Што знам мене во аптека ми кажаа со таа паста било најдобро. Може ме излажале само да ја продадат.
Пастите што содржат флуор не се голтаат. За деца до 4 години барајте пасти без флуор. Лакалут се сите со флуор, независно од возраста. Бекутан, Вадемекум, погоре спомнатата германска - сите имаат флуор. Чико, Билка и слични хомеопатски пасти немаат флуор. Е сега, пастите не се чудотворни, реално и без паста, само со четка и вода може солидно да се измијат забите ако правилно се четка. Јас лично, на големиот до 4 години му ги миев само со четка и вода, еднаш имав Билка земено, не ми ја сакаше. На малово му ги мијам со тут мус (сликата на постот на @danichap), не му ја плакнам устата. Убаво е мусот да работи преку ноќ, ќе ги зацврсти забите, ама пожелно е ништо да не се пие ноќе, освен вода.
@Annath баш сакав да те прашам за пиењето, затоа што ќерка ми знае да се напие вода пред спиење. Ќе измие заби, ќе се спреми и во кревет бара вода, а веќе сум ѝ ставила од тут мусот. Само гледам барем пола саат да помине. И друго, каде можам да го набавам? Првиот пат го зедов преку трети лица и сега ми е незгодно пак да барам да ми донесат, а скоро е истрошен.
Јас го имам купено од европски. Е претпоставува треба нивни пациент да си па да можеш да си купиш од таму.
Претпоставував дека не треба. Од вечер друга тактика, да се напие вода, па ќе ѝ ставам. Супер што го има во Капитол, таму сме скоро секој ден. Фала ти многу.
Малата од кога почна во градинка многу малку јаде дома. Во 15 часот ја земам од таму и ми кажат дека е најадена, до вечер додека си легне може малку да апне, а може и воопшто да не јаде, само да цица. Во август хгб и беше 105 мислам, сега не сме го измериле, ама наредната недела ќе ја носам на мерење и да и проверат крвта. Се плашам да не и се намали уште хгб, а и како ослабната ми стое. Да и давам ли некои витаминчиња, нешто за апетит? Што ќе ме советувате? Или прво кс да испитаме и тежина па со докторката да се консултирам?
Можеш да го земеш и од Европски, не мора да си нивни пациент. Си го купуваш на пулт како и од секоја аптека. Мене докторкава ми рече да миеме заби со детска паст,а а после пастата на четката колку зрно грашок од мусот да се поминат убаво сите забчиња. Инаку и ние користиме Лакалут од 0-4 год. Пишува дека е без флуор и може да се голта.
Мајки ве молам за искуства на оние чии деца ви се година ипол па и оние кои што сте го поминале ова, во смисла дали е во ред... Живеевме со моите таму е роден во двор со баба, тетка, дедо кои му тераа ќефови, но пред еден месец се преселивме во стан на 8кат. Од тогаш малиот е драстично сменет, очигледно му фалат луѓето, куќата. Сменет у смисла мн вика се дере, нема трпение за ништо, плаче ако му забраниш нешто, покенкав е... Единствено се смирува надвор, обожава да трча, може да е надвор и по 3-4 ч, уствари и нема шанси ако не сме излезени 2 пати во денот. Исто загледува и цртани. Спие по 2-3ч во денот и убаво јаде. Прашањето ми е дали не го прифаќа станов или е фаза скок во развој или и двете? Поради овие причини планирам во градинка да го дадам, а можев дома да го чувам, викам да смени...стварно не знам што е паметно.. Изв на долгиов пост.
Го поминавме истото со ќере. Од куќа, во стан, и уште еднаш во друг стан. Сето тоа во рок од една година и на отприлика таа возраст. Децата многу тешко ја прифаќаат селидбата, се чувствуваат несигурни, затоа што не им е јасно зошто го напуштаат нивното "безбедно место". Сѐ што опиша е сосем нормално. Ти само биди тука за него и потруди се да му направиш нов безбеден и топол дом. Башка на таа возраст се јавуваат и тантрумите, па сѐ му се собрало. Не се секирај, ќе навикне и ќе биде полесно.