И Проспанот мислам дека се дава само одредено време. Колку е помало детето толку помала доза и пократко се дава. Само е ефикасен. На моето лани на две години и неколку месеци ептен му помогна за неколку дена искашла се што имаше на гради. Мене ми беше кажано максимум недела дена да давам, ама на 4 ден искашла дете се. Е сега за да сопре кашлањето треба да го сопреш причинителот на кашлањето. Ако кашла зашто има шлајм во градите Проспанот ќе помогне да го искашла шлајмот и би требало да се смири кашлањето. Ако кашла затоа што има растечен/затнат нос и сеуште се слева мукус од носот во грло може да кашла и ако нема ништо како наод на гради. Ако добро те разбрав детето сеуште ти има затнат нос. Тоа прво треба да го решиш за да сопре кашлањето. Ако не помогнале капките за 7 дена ќе треба нешто друго да се превземе. Нас ептен ни помага инхалирање со солен раствор ама за тоа треба инхалатор да си набавиш. Исто така помага и извлекување на мрсулите од носот со пумпица (таа што се става во уста и се шмукаат мрсулите со неа). По ставањето на физиолошки раствор со пумпицата може да се влечат мрсулите полесно. Јас му ги мачкам и градите со Expulmo балзам за полесно дишење (како викс за возрасни ама ова е за над годинка). Секоја вечер пред спиење мачкаме и си го сака мачкањето, за разлика од пумпата за нос и инхалирањето (тоа скоро секогаш е со плачки). Нема нешто друго што можеш да направиш ако нема температура или други посериозно симптоми. Ако добро те разбрав почнала да се меша со други деца така што очекувај вакви респираторни проблеми во тек на зимата. Се додека нема бактерија ќе вадите мрсули и толку.
Првото мешање со деца и двете сме болни. До сега ве читав ама сега и ве разбирам. Трите деца кашлаа и им течеше нос и плус сите во една соба затворени. Фала ти @JoyJoy се детално си објаснила сега појасно ми е. Значи ќе мора да научам што е пумпица, што инхалатор и како се користат. @danichap Така ќе биде изгледа.
Мојава оди. Во државна. Хигиената хорор. Два пати во неделата ми ја враќаат со туѓ памперс, иако нели има и свои. Каки измачкани има чат пат. Помади 100 кила. Инаку после ручек ја земаме, миење обавезно. Мачкање веледа се подразбира. Незнам што да речам, од една страна ги разбирам, на 30 им менуваат пелени, којзнае со која брзина. Ама па, ич не внимаваат. Еве на пр, во групава се две со исто име. Мојава ( носи 4), ми ја враќаат со 3ка често. Нели гледа дека ја жуља ?! Ја затупив ептен.... Нема фатено коли откако сме почнати. Не седи по цел ден, може и тоа ни оди во прилог. Хигиената е најбитна, ама и имунитетот. Исто, не е многу какачка. Среќна сум кога нема да се искака во градинка. (До каде оди паметот на една мајка) Мислам дека е изводливо да оди во државна. Кажи им на учителките да и обрнат внимание. Јас дури сакам да им речам да не ја бришат со влажни, ама тоа би било ту мач. Ако имаш некои подобри идеи, те молам сподели.
Еве ние каков инхалатор имаме. Чисто да знаеш како изгледаат зашто маж мк прво во аптека купи инхалатор за астма што се користи пресреќен што заштедил пари па се враќаше да го менува http://www.ipsum.mk/inhalator, инхалатор. А вакво е тоа за мрсули https://www.google.com/search?q=iso..._AUIESgB&biw=360&bih=518#imgrc=Z4JAoOyv1F0e0M.
Некој со слично искуство и совет..? 21 месец сме, последниве 5, 6 одбива да јаде се што јадела досега или нешто ново. Сега е речиси само на леб, кифли, бисквити, мандарини (сок) и млеко АД.. Не се работи за немање апетит, зошто кога е гладна јаде, сум ја оставала и подолго да огладни, ама пак сака само од веќе наброеното...друго не сака ни да проба. Да проба, па да не и се допаѓа, ќе разберам, ама вака, страв ли е или незнам...Проблемот почна со забите 4-ки, 3-ки..веќе ги има сите и пак продолжува..Мислев период е, ама многу трае..упорно правам, молам ама залудно.. некогаш некоја финта ќе помине и ќе протнам нешто, ама толку, еднаш успева.. Среќа крвната слика и е добра за сега, ама ќе помине ли периодов? Ќе почне ли да јаде како порано?
Мајки сте имале ли искуство со бактерија (Moraxella catharralis -така некако беше) во носето на вашето малечко ? Крајта на август почна синко мн да кашла, полн нос секрет... и ја откривме таа бактерија. Пиеше амоксиклав и се среди, се до пред 3 дена кога пак ни се вратија истите симптоми. Денес го однесов да ги повториме брисевите но мислам дека пак ќе ја има. Ни дадоа да правиме инхалации но не ни помагаат. Искуство некое, што ви помогнало... ?
моракселата е да не речам нешто што најлесно го поминавме. симптомите се тие за скоро сите бактерии. се опорави без антибиотик иако имав рецепта во нас за во случај ако после недела дена сеуште трае. најчесто како бактерија ја има во теписите во градинка. иначе инхалации со Декса. Само така .
@NarCis@ 0,5ml Пулмикорт 2ml физиолошки раствор ( Синомарин ставам јас ) i 0,2 ml Вентолин. Инаку синко не оди на градинка ама дома стално си лежи на подот, колку и да го кревам пак си легнува, се тркала, го гушка мечето, некако убаво му е . Секој ден се пресмукува ама пак... Крвна слика денес не му направија прво брисевите да сме ги направиле вика матичната негова а баш и спомнав.. Еве каков му беше резултатот пред 1месец кога ја имаше. Овде и крвта му е наслабена.. Имаше хемоглобин 13ка, ама пак проблеми имавме со алергија (атопик дерматит ) и пред 1 месец енос воведовме месо и жолчка и се надевам ќе почне да му се враќа во нормала. Многу ми е битно да ја излечиме бактеријата со време пошто почеток на ноември треба да се породам и ми е страв да не ја пренесеме на бебе.
Па добар му е хемоглобинот, пак е во референтни вредности. Проверете и вие да не ја имате бактеријата, па да си правите пинг-понг. Исто и баби и дедовци ако го чуваат. Терајте со пулми корт, добар е тој. Ама обавезно да си направите и вие брисеви.
нема врска хмгб каков е со бактеријата. Коинциденција. Јас не би дала антибиотик освен ако не го држи повеќе од недела дена. не дека сум против антибиотици, не сум, само ако за проста бактерија како мораксела даваме антибиотик што ќе правиме со стрептокока!? направи брисеви советувај се со матична и то је то.
Ќе се среди, не се секирај А теписите, за да не ти е шубе, може да ги поминеш со средство Дезинтал, го има по аптеки. Уствари со него можеш и играчките да му ги исчистиш. А сѐ што има плишано, испери. Ама она сака дека ќе имаат бебче за месец дена, па ѝ е страв да не префати. Не знам што се прави во таква ситуација. Инаку, и јас би без антибиотик ако може.
за недела дена ако не помине нека земе антибиотик. нормално по совет на др. не по мој. Кај нас за недела дена само со декса беше чист.
Знам дека нема врска, тоа така си го спомнав дека ставив слика од крвна слика Кај нас со инхалации не се излечи, ептен лошо беше и маст бактробан мислам се викаше ни дадоа и тоа не ни помогна и на крај моравме антибиотик, ама ете.. изгледа пак ја фатил. @NarCis@ уште одма ќе го земам, фала ти!
ме интересира искуство од мајки чии деца се сретнале со стрептокока пнеумокока во носето и давала симптоми со тт...Колкаво црп може да качи?
Мајки повторно јас. Резултатите од брис ни се чисти, а ние уште полошо. Еве цел ден се мачи да заспие ама неможе од кашлењето. Сте имале ли сличен проблем? Инхалации правиме но никакво фајде нема, бетер сме. Незнам веќе што да правам. Давам проспан сируп за искашлување, сварив кромид, ставам и спреј во носето синомарин но ништо не го смирува Едвај заспиваме вечер и се будиме со страшно кашлање среде ноќ. Се измачи дете , незнам како да му помогнам.