Да не е на алергиска база? Тоа да видите со докторот дали би ви дал нешто за смирување, оти сите сирупи се над две години. Матичната на малово му имаше дадено Зиртек кога немаше ни година, е сега не паметам зошто. Ама ако може да помогне, зошто да не.
А крвна слика? Да не е вирус? Ќере до пред недела имаше ваква мака, кашлање со нагони за повраќање, ама алергиски беше. Сите наоди чисти беа. Мора доктор да ви препише терапија ако е алргиски. Докторката на ќере ѝ даде терапија со аериус, спреј назонекс и инхалации со пулмикорт, па се смири кашлицата.
@Annath синко има алергии на храна.. млеко, телешко.. ама се манифистира со осип, избива на лицето, по телото.. до сега не сме имале проблем со кашлање од алергија, но којзнае се е можно. Зиртек пред годинката ни го препишаа и го пиеше цели 40 дена по препорака на Баџакова. Незнам дали да дадам на своја рака сега.. на 29ти имаме закажано пак кај неа ама до тогаш .. @NarCis@ планирам утре да го носам за крв. Инаку незнам зошто ама мислам дека инхалациите уште толку му ја влошуваат нему ситуацијата може грешам ама наместо кон подобро одиме кон полошо.
@Seduction можно е и тоа. Или не е доволна терапијата само со инхалации. Најдобро доктор да го види. Јас уште утре би го носела ако има таква кашлица, не чекај да се влоши уште повеќе. Ти викам кај ќере почна со кашлица само навечер пред спиење, после почна цела ноќ да кашла и на крај имаше кашлица која се влоши буквално за еден ден, да не може збор да каже од кашлање. Сега е добра, ама уште е на терапија. Инаку не давај на своја рака друг сируп, обавезно утре носи го на доктор.
Во право си, ќе го носам утре и за крв и да го прегледа повторно матичната. Исто е и кај нас, секој ден се влошува кашлањето дефинитивно не ни е погодена терапијата.
Мајки, ме интересира, ќерка ми има две преспивања преку ден. Е сега второто и трае час и полoвина и после тоа имаме проблем со заспивање навечер. Дали тоа влијае или? Или да ја оставам пола час само да предреме и да ја будам за да ми заспие полесно навечер? Инаку ова се случува две недели, претходно исто така теравме и беше супер.
Најверојатно влијае. Пробај скрати ѝ ја дремката. Ако пак заспива покасно, тогаш држи ја будна и легнувај ја порано за спиење. Само да знаеш дека можно е пак да ти биде нервозна, сепак е преоден период и за неа.
Голема е веќе за 2 дремки, синко уште пред годинката си ги спои 2те во една и вака тера досега. Пробај одложи и ја малку 1вата дремка, а 2рата укинете ја, таман навечер порано ќе си легнува.
Ќе пробам еднаш да преспива или пак втората дремка ќе ја оставам само пола саат и ќе ја будам. А може и тројки да вади, па затоа се мачи навечер. Или рано е уште за тројки? Уште десет дена 16 месеци ќе правиме.
Најубаво е една дремка ,момите ни се исто нас , и кај мене веќе месец дена има една дремка 2-3ч и доволно и е навечер околу 9-9.30 заспана е . На старт кенкаше малку сакаше пак да дремн е ама не се заспиваше , па имаше денови нервозна и полека одвикнаме скрос .. Може и од забите да се буди чим така се однесува , не е рано нема правила за забите , кај мене од 1-4ки горе , доле извади се , пред една недела последна тројка доизлезе.. Ќе пробијат па ќе и олесне и дремката кога ќе а нормализира
Ни кажаа дека е вирус Црп ни е 6. Да продолжиме со инхалации и во 2рата да додадеме плус Атровент 0,5мл 2-3 дена па да видиме.
Кај мрне дремките не влијаат кога ќе заспие. Една или две дремки накај 22заспива. Имам пробано и да ја "држам" со цел да заспие порано, ама џабе пак кај 22 ќе заспие. Има денови кога и кај 21 заспива, а дента спиела пр до 16.00.Сама си кажува кога и се спие. Вика нано нано зема кукла, легнува на земја. Немој да ја форсираш, самата ќе ти покаже како сака. Исто мислам дека една-две дремки зависи од детето. Пр мојата преку недела станува 7, 7.30 и нема шанси да издржи со една дремка. Плачи, вика нано нано. Мене ми е жал да се мачи, а да и се спие, а јас да ја држам со сила будна.
Некој совет за исфрлување на шлајмови. Полна е малатс грчи цело време. Мрсули нема, везела е се ама кога ќе закашла мислиш стар човек кашла. Се дави.
Каков сируп? Инхалација нема шанси, зајдува само што ќе го види инфалаторот. Вчера ја затворив во бања и со пареа преку дента беше супер, ама вечерта пак хорор.