Прекини го пробиотикот на два-три дена ако немаш воопшто направено пауза (не се дава без прекин секој ден долг период, мора паузи), и намали млечни производи. Од нив е таква столицата.
Јас пак давав секој ден пробиотик, плус он многу сака јогурт и кисело млеко па секој ден скоро јаде. Баш ќе направам пауза ќе видам како ќе биде.
Вкупниот внес на млеко и млечни производи (значи тука спаѓа и ад млекото) не треба да биде поголем од 500 мл во 24 часа. Не давај секој ден и кисело млеко и јогурт, еден ден едно, друг ден друго.
Здраво мајки, стигнавме и ние во оваа тема. Бебе направи година пред 2 недели, па ме интересира дали одма треба да преминеме на Ад 3-ка?
Мајки малата е 13 месеци, јаде бисквити, леб, мандарини, портокал, значи џвака иако е само со 2 запчиња, ама никако не ми јаде неблендирано. Не ја форсирам иако сметам дека е спремна за пасирано. Ми одбива дури и пире ако е на вилушка гмечено. Имате ли некој трик што ви упали со вашите малишани да тргнете блендер? Да напоменам и фингер фуд сум пробала, неќе.
И мојата е така исто. Јаде вака макарони, кифла, банани, ама ручекот и појадокот ги сака мазни. Ова другово што го набројав измеѓу и го давам. Еднаш и го испасирав ручекот со виљушка и се гадеше.
Мајки какви капки за нос смеам да и ставам на малата? Кои се најдобри? Ставам спреј аква марис ама не помага многу, затнато е носето
Откако ќе го исчистите со аква Матис можеш да прснеш по еднаш во двете ноздри од оперил спрејот за деца два до три пати дневно. Најмногу 4 дена можеш да го користиш оперилот.
Мене од Аква Марис ми изгледаше како само да и стануваат како мастика мрсулите. Најефикасно и делуваше физиолошки раствор Corine de Farme. Од него киваше многу и цело време мрсули излегуваа без пумпица.
Крвна слика 200ден., ЦРП 300ден. Цената е иста без оглед на возраста. А се знае од што е затната? Вирус, бактерија, алергија?
Каква вода им давате на малите? Ние земаме од НераКритис, дали е ок да почниме со обична т.е од чешма? 17 месеци сме.
Можеби зависи од кое село/ град сте. Јас кога се преселив од село во Скопје од првата чаша вода од чешмна се исповратив. Ми мирисаше на асфалт. Ние сме 18+ ама се уште давам флаширана. Шубе ми е од чешма.