Тоа не е воопшто температура.Не носи дете за џабе бетер ќе се разболи чекајќи по лекарите.Може да се забите кај син ми знаеше да има такви периоди и некогаш и подолго траеа.Еве и ден денес кога има мака со забите петките се отечени плаче по мене ме бара во сон спие пократко не јаде и слично.Прати како ќе биде
Мајки, детето ми е година и пол. Последниве два дена ми крчи со носот, а нема мрсули. А еве неколку дена се мачиме со спиењето. Од што така со носето?
Давам јас кога ќе настине. 2 пати на ден по една мала лажичка, ама не подолг период од 1 недела. Сув воздух? Откако ќе заспие стави му во близина тенџере со врела вода да испарува, со морска сол, или уште подобро ако имаш Мукоплант маст стави една лажичка. Сите ќе бидете како нови.
Мајки малава вчера калинка јадеше, цели зрнца си ги голташе.. и сега ги искакала цели скроз, чисти црвени како да сум и ги ставила јас во пелената Воопшто не се свариле... Да и давам пак или не? Да цедам најдобро..?
Многу е добар за имунитет, мене ми лекува болно грло за 2 дена, кашлица исто, само многу шеќер содржи, а и слушнав еднаш не требало да се претерува кај машки деца, бидејќи предизвикувал стерилитет, ама тоа лаички, ништо научно докажано.
Малиот е веќе за патика бр.24. дали да земам чизма 25 или 24? Со оглед на тоа што и кај 24ката ќе има луфта сантим сигурно (за чизмата) а 25ката сега за сега малку големка ќе му биде
Момата ми е 18+ пред 2 дена поврати неколку пати , док кажа цревен вирус ја фатило , не ни јадеше таа ден мн малку одбиваше скоро се па и сок , вчера и денес течна столица и давам пробиотик Провен , електролити вчера и некња само , денес од исхрана компир и ориз . Што да применам и да дадам за смирување на мешето , и храна , пробиотик смееше само едно на ден така ? а капки Колиеф дали смеат да се дадат сега плус? уште не ни јаде мн добро .. Плус докторкава вчера ( беше заменик на педијатарот ) ми даде некој си сируп Локомотив првпат го среќавам , и читам во упатство за деца над 2 или па и 3год беше , а ние сме 18+ и док знае , Мислење во врска со овој сируп ? Јас не сум и дала сеуште на малата а го купивме ..
Мајки ве молам за совет! Синко е 13+ втор ден е со темп.бевме кај матичната и имаме црвено грло. Не му даде ништо, вирусно било. Пред две недели земавме бриз од грло излезе негативен. Страв ми е да не стане полошо. Дали ке помине така без ништо(антибиотик)?
Ако и утре (трет ден) има температура и црвено грло ќе треба антибиотик... Инаку и јас знам дека за црвено грло антибиотик се прима.
Искрено, не знам дали е погрешно или не. Ама ако крвната слика покажува вирус, тогаш не гледам како антибиотикот би делувал. Башка брисот од грло е негативен. Е сега, има врска и врз основа на што заклучила докторката дека е вирус. Инаку досега мојава антибиотик за нос и грло примила само со наод за бактериска инфекција. Вируси лечевме со витаминска терапија.
Бриз од нос и грло правевме пред две недели. На грло немаше ништо. Денес ништо не направивме ни крвна слика. До среда не остави така. Ајде да се надевам дека ке поминеме без антибиотик
Црвено грло не е само од бактерија, може и вирусно да е. А може грлото да е црвено од постојана иритација (поткашлување) на алергиска база на пример. Тогаш џабе е антибиотикот, само влошува ситуација оти го намалува имунитетот, а бактериите стануваат поотпорни.
Мајки совет ве молам, малиот (1г и 8м) е веќе со растечен нос и кашлица околу 15-20 дена. Нормално лечевме со капки, инхалации, пумпици.. помина носот и се подобри ситуацијата после 10-15 дена но еве последниве 2-3 дена има кашлица која не може да се смири и го буди од сон. Заради кашлицата не може да спие. Сува е. Тт немаше воопшто во ниеден момент. Ме плаши кашлицата која најмногу се јавува ноќе 1-2 ч откако ќе заспие и не му дава сон. Преку ден знае да се закашла ама неколку пати и се смирува. Ноќе е хоророт.