Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Би сакала поискусните и оние кој имале ваква ситуација да ми кажат мислење/совет.
    Синко е 20мес. Во средата сабајлето крена тт 39. Дента крени спушти праеше со тт. Вечерта крена пак накај 03ч и после веќе од сабајлето еве до денес е супер. Кога ќе дигнеше над 38.5тт давав Еферелган и го туширав со помлака вода. Во меѓу време сестра ми ми кажа дека на внуциве им правела брисеви и дека им нашле бактерија во нос и грло, а неколку дена претходно беа заедно децава. Па одма отидовме во четвртокот ( ден после тт ) да напраиме брисеви. Од таму кај матичната и го прегледа и нос ок, уши ок, грло ок, гради ок значи дете све ок. Кога и кажав за внуциве одма ни даде Цефалексин 3мл на 8ч да пие 7дена.
    Сега само што ги земав брисевите и нема ништо чисто е све. Ја исконтактирав матичната да ја прашам што да правам со Цефалексинот и ми кажа да не го прекинувам морал 7дена да го пие.
    Да напоменам дека е несвоиствен веќе 1дна недела со раце во уста, се гризе, се мава итн. Напипав 5ките се отечени па верувам ќе излагаат кај и да е.
    Се извинувам на рефератов сакав подетално да ја објаснам ситуацијава.
    Нема никакви симптоми све си е ок, освен што е нервозен, се гризе, раце во уста, одбива да јаде и она што никогаш не го одбива и бара само да цица буквално како новороденче. Крвната слика ја праевме ден после тт и му е ок, гранулоцитите малку покажа дека се покачени ден после тт, хмг 124, леукоцитите беа во нормала. Во петокот пак напраивме крвна слика гранулоцитите беа паднати.
    Па барам ваше мислење и совет за Цефалексинот. Дали навистина треба 7дена да го пие или да го прекинам на своја рака?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Нели антибиотик не се прекинува кога ќе се подобрат симптомите во случај да не не е сосема исчистена бактеријата и да не стане резистентна? Вака нема ништо, што всушност лечи антибиотикот? Нема никаква улога. Јас би побарала и друго мислење, ама со моево лаичко некако не гледам потреба да се пие за ништо.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Точно, во право си и затоа и мене ми е чудно зашто воопшто пие антибиотик кога нит имал нит има бактерија ( да не го подречам до сега немал ).
    Да точно дека кога се има бактерија и да се излечи треба да се продолжи со терапијата до крај ( ова од искуства на блиски ).
    Искрено и јас сум во прашалници зашто би терал со антибиотик на чисти резултати и добра крвна слика, а и без симптоми и други здраствени проблеми.
     
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.676
    Зошто антибиотик кога нема ништо? Јас би сменила педијатар. Вака имунитетот на детето ќе му опадне кога дава антибиотик без никаква причина. Ти кажувам од искуство. Мојата матична му го опадна имунитетот на моето дете давајќи антибиотик при секое качување на тт. Као покачени леукоцити и одма цефалексин.
     
    На sofi2107 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Зошто, О зошто антибиотик врз основа на нечија туѓа анамнеза. Немој те молам веќе никогаш така да постапиш, а педијатарката ти е за ќотек.
    Не се страшни луѓе до толку бактериите, насекаде врие од бактерии и да закачи некоја организмот сам ќе се избори. (Не дај Боже нели да се од оние опасните, за нив ќе треба антибиотик, а не за овие што се дел од нашата околина). Температурата исто не е страшна, таа му помага на детето да се избори со инфекцијата и не треба да се потресувате на секоја температура.
    За случајов Софи јас би прекинала веднаш, какви 7 дена, за бактерија која не ни постои, тебе резултатите ти се од пред антибиотикот, значи детето воопшто не ни имало бактерија, за која резистентност зборува матичната???
     
    На Annath, irena.1, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.294
    Допаѓања:
    182.484
    Пол:
    Женски
    Софи, чудна педијатарката твоја. Мојата антибиотик дава во краен случај, и тоа не само според лоша крвна слика, туку ако е лоша и клиничката слика (температура, малаксаност, црвено грло, кашлица која спушта на плуќа, се разбира со наод за бактериска имфекција). Ќерка ми оди во градинка и страв ми е да ѝ правам брисеви и к.с., зошто мислам дека нема што нема од бактерии. Ама еве тера без антибиотик, само јачам имунитет и тоа е тоа. Ако ти е страв да прекинеш антибиотик на своја рака, побарај друго мислење. Според мене, не знам зошто би го пиела до крај, кога детето е чисто.
     
    На Lolipop23, GFlower и sofi2107 им се допаѓа ова.
  7. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    @Black girl искрено секогаш сум со резерва кога дава некое мислење неговата педијатарка. Ете незнам зашто, но сепак секогаш по интуицијата си се водам или барам мислење и совет од мајки со искуства или некој друг стручен доктор.
    @Lolipop23 се согласувам. Никогаш нит сум се притресувала кога качил тт и никогаш не сум дала ништо се дур не качел над 38.5тт. И го изнесувам и функционираме нормално, секако доколку не е омалаксан и несвоиствен од тт. Фала Богу до сега немал проблем, но најфеќе ме фати страф поради проширувањето бубрежно и само за тоа ми е секогаш паника. Фала Богу да не го подречам во 20мес немал ни уринарна бактерија зашто нема што не превземам за да го заштитам. Ми отиде памет да не има нешто, но педијатаркава вика дека урина неможам сега да му земам поради Цефалексинот што го пие ќе биде невалиден резултат, па као мора 3дена од прекин да има па да проверам. Мада верувам дека нема ни таму да има нешто сепак Тасиќ ме подучи само кога ќе биде со чуден мирис и боја мокрачата тогаш има место на паника и кога нема да е бистра. Инаку само средата од сабајле крена и цел ден до ноќта правеше качи спушти од 37,8 до 39,1тт и беше омалаксан, кенкав и поспан. Дадов 3 пати Еферелган кога качуваше 39тт и претежно му ја спуштав со туширање и му ја полнев кадата со млака вода да се шлапка. Значи средава кога беше со тт педијатаркава кажа почни со Цефалексин кога и кажав за внуциве и вечерта почнав да го давам сефте. Сабајлето во четвртокот брисевите ги правевме во авицена. Прв пат од кога е роден пие било што освен Еферелган 3 пати кога бил со тт од кога е роден. И сосема сум за тоа дека имунитетот се гради со настинка, вирус па и бактерии ( се во рамките на нормалата нели ). Не сум таква мајка која е паничар. Единствено што може да испаничам и ќе паничам е ако Недај Боже дојде до некоја иринарна инфекција само поради бубрежниот рефлукс.
    Сепак ти верувам и знаеш и сама дека твоето мислење секогаш го прифаќам и твоите совети. Многу пати сум барала лично од тебе совет и мислење и го ценам секој твој одговор. Значи сметаш дека ако го продолжам е без основа и само џабе трујам дете? Ако е така одма го прекинувам и фрлам шишево. Инаку матична му е Олгица Николовска кај која идат неколку од форумов. Исто беше ако памтиш кога те прашував за хмг кога му даде на 105 да пие малтофер 1мес и на своја рака и твој совет го прекинав зашто дете црнила какаше, запек имаше страшен и црвено газе едвај го опраив. Па испадна дека кај нив во лабораторијата машините дали не ги чистат дете од 105-107 хмг не мрдаше се дур не напраив во Авицена каде никад под 124 не му била еве до ден денес. Завчера во Авицена хмг 124, вчера ме убеди и кај нив да напраам и оп ете го 113хмг. Па од 1г ме убедуваше да прекинам со доење дека м.млеко не е веќе хранливо и да почнам со АД. Па дека е веќе голем ете сега коментира.Сакам да ја сменам поодамна ама незнам кај кој да продолжам искрено.
    @NarCis@ искрено мила и јас незнам зашто на чисти брисеви, добра крвна слика и без симптоми грло, нос, уво, гради да пие. Затоа сакав и ваши мислења и ми значат. Ми значи да си ја потврдам мислата и сумњата зашто сакав да не ја послушам и да го прекинам. Вака ете барем си ја потврдив сумњата и тоа што го мислам.
    Фала ви на мислењата ми падна камен од срце, реков акде барем да има некој кој ќе каже прекини го за да се вклопи со моето мислење.

    Инаку да се надоврзам кога веќе спомнуваме чудни ставови педијатарски.
    Еве вчера кога бевме, го прегледува и едно време почнува да се смешка и коментира ( цитирам ) : Аууууу ***** па ти уште пелени носиш срамота па ти си голем веќе!
    Како бе докторке и викам голем и срамота кога сеа направи 20мес.
    Е така де мајка голем е веќе мора да го одвикнуваш од пелени.
    Грешка сте викам ама ај да не се убедуваме, на 20мес оди ти објасни му кај да моча/кака и како да додржува.
    Ајде кажете од кој педијатар во Ск сте задоволни, но да може да му е матичен.
    Извинете на рефератов.
     
    На Black girl и NarCis@ им се допаѓа ова.
  8. GFlower

    GFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Јас топло ја препорачувам др.Весна во Промедика
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 јас сум за да се слуша лекар, ама прво да се најде лекар на кој ќе му веруваш безрезервно, кој ќе го процениш дека навистина си ја работи работата зашто ја сака, кој постојано се усовршува во својата кариера, те ислушува што имаш да кажеш и ти како родител, зашто анамнезата е сепак од многу големо значење за давање на соодветна терапија, а не само тој преглед од 5 мин при кој дете обично се одерува од плачење и прашање е воопшто дали нешто можат да слушнат и видат во таква прилика. Лекар кој ги сака децата, кој не ти подметнува лекови заради профит и пред се лекар кој има став и не се плаши да ти рече мајка не му е ништо на детето, нема потреба од лекови. Во денешно време има многу лекари кои не се сигурни во своето мислење и даваат лекарства ради превенција, за да се заштитат на некој начин себеси, а не се ни свесни колку со тоа му наштетуваат на народот.
    Таков лекар треба да препознаеш и да бегаш од кај него, јас ја сменив нашата, во рок од 1 година 10тина пати му препиша антибиотик безпотребно, педијатар кој со повеќе од 30 години искуство не знаеше да ми каже како се зема урина на дете, па морав овде на форумот да прашувам.
    Во вашиот случај си требало да почекаш до четврток сабајле и да направите прво брисеви и урина па после да даваш антибиотик. Значи после 2 испиени дози му направи брисеви, така?
    Денес му е 3ти ден како пие?
    Ситуацијата со рефлуксот верувам досега ви е средена, не е лошо да си направите ехо и да се види дали проширувањето исчезнало за да си бидеш раат од тој аспект.
     
    На marchi-cool, sofi2107 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.728
    Пол:
    Женски
    следен пат чувај рецепт дур не излезат резултатите од брисеви. прекини со антибиотикот зашто ништо не лечиш. матичната кај зезнала што дала на слепо терапија па уште ти вика не прекинувај. искрено јас би ја отерала знаеш каде..
    мојот вади 5 ки и исто крена темп еден ден и толку. устата исто крш му е ..
     
    На eli25, Lolipop23 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Матичната му направи ехо пред непол месец, зашто никако Тасиќ да го начекаме. Па на едното као рече е затворено, а другото сеуште има проширување ама сметала дека е намалено. Сепак не останувам на тоа туку еве бараме луѓе за да се видиме со Тасиќ.
    37B215D7-DF49-4DD4-BAF1-9B89D6B2B3CF.jpeg
    Еве сеа сопругот ме искорегира и се извинувам што погрешно сум пишала преска. Ама у хаос сум нервозна цел ден со ситуацијава. Значи во четвртокот од сабајле качи тт и се јавив и објаснив за внуциве за бактеријата и дека има и синко тт и дека сакам брисеви и крвна слика да правам. Категорично ми рече не прај брисеви сигурно ќе покаже дека има бактерија напрај само крвна слика. Отидовме и на своја рака напраив брисеви ( значи сеуште немаше Цефалексин испиено ) и крвна слика.
    8BD16075-1153-45E4-A75C-277547E9AF9C.jpeg Приквечер на вибер и ја пратив крвната слика еве ја
    E38E1371-D116-4116-A26C-6B1F071DF843.jpeg
    И као: ааааа гранулоцитите му се покачени значи има некоја бактерија. Одма да иде *** по Цефалекси нека ги замоли без рецепта па утре кога ќе дојдете на контрола да го видам ќе ви дадам да однесе. И нормално што да помислам и отиде сопругот зема и дадов прва доза во 22ч па во 06ч и во 14ч. Значи почнав од четвртокот вечерта со Цефалексинот.
    А, брисевите еве сега гледам по датите и часот дека се земени пред воопшто да почнам со Цефалексин. Значи во 14:30ч се брисевите во четвртокот земени, а вечерта во 22ч прва доза Цефалексин сум му дала.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.752
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 не труј џабе дете кога нема ништо. Не се прекинува атб ако се подобри состојбата после два дена на пример, а имало бактерија и лоша клиничка слика. Во вашиот случај нема потреба од атб, некој вирус поминал.
     
    На eli25, NarCis@, sofi2107 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 јас се сложувам со Ана и Лилибоз, би го прекинала антибиотикот веднаш. Како е сега синчето?
     
    На NarCis@, sofi2107 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 а нели беше океј жената? Јас како да имам читано пофалби за неа во другата тема. Што бидна вака сега работава со антибиотиков? Инаку, има доктори со ништо не е, дури и кога треба да се следи ситуација такви се дисмисивни, и тие не ги бива, а не ги бива ни оние со аха ајде антибиотик, што е сигурно е сигурно. Многу ретко се наоѓа некако средина, а и има навистина несигурни во себе доктори, дури и луѓе со искуство.
     
    На NarCis@, sofi2107, wannaBeMomma и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.676
    Искрено, не се брзај да го одвикнуваш, зошто да ти моча по гарнитури, низ соба, мал е уште. Имам пријателки што ги одвикнаа децата без никаков проблем пред да наполнат три години. А една другарка почна од година и пол као да го одвикнува детето и џабе, пак му стави памперс по некое време. Со сила ништо не бидува.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    @Black girl не ни планирам да го одвикнувам, зашто ем е мал ем не ни разбира. Здравје кога ќе разбира и ќе сфаќа тогаш ќе пробам.

    @Annath го фрлив цело шише и не му давам веќе.

    @Lolipop23 синко веќе од петокот како стана сабајлето еве до сега си е супер. Никаков проблем ниту некој симптом. Единствено што одбива да јаде т.е не јаде како што вообичаено јаде. Но, тоа го препишувам на вадењево на 5киве зашто е неподнослив. Ем раце во уста и гризење па и тантрумиве веќе земаа замав и е бурно :worried:

    @RainBow жената си е океј во однос на пристап со деца, комуникацијата со нив и површните работи. Немам поплака во однос на тоа е прекрасна. Достапна било кое време во денот, празници па и викенди. Едноставно се изреволтирав за овој пропуст ми беше капак на све. Ако сега вака бидна ајде раелно да размислам, што понатака кога пак ќе дојде до нешто? Немам доберба веќе. Ќе треба на секое нешто да читам гугле, да прашувам по форум или другарки. Сепак ми треба педијатар на кој ќе му верувам и нема да прави вакви пропусти. Океј сфаќам сите сме живи луѓе и оравиме грешки во работата. И јас сум правела, ти си правела па и останатите. Но, овде се работи за дете, за човечко битие, за здравје на дете. Неможам да поминам низ тоа. Пишував еднаш за кога синко беше 2-3мес и бевме во Белград. Бидејќи буцко и со фалти и околу вратчето стана црвен. Ја исконтактирав и ми рече трк во аптека и кортико земи. Таму лом не направија со кој памет кортико на бебе ќе мачкам на врвенило. Ни дадоа Пенатен и нареден ден немаше ништо.
    Па се деси крвни слики а правиме кај нив синко 105-107 хмг и ни даде Малтофер. Запек невиден, црна столица и на крај црвенило невидено, па му се појави и како израсток мевце на чмарчето од напон што даваше. Одма прекинав на своја рака и со консултација на друг доктор мачкав Здраве ( мислам се викаше ) и све помина. Продолжив во Авицена к.с. да му правам и еве до ден денес хмг си е океј. Во четвртокот во Авицена хмг 124, а во петокот кај нив 113.
    Па убедување да се прекине со доење после 12мес и да почнам со АД ( никогаш ад не сум дала супер па и над просек напредуваше). Па зашто ете уште носи пелени.
    2 или 3 членки ( ќе се препознаат кој се ) ги пратив кај нејзе ја препорачав како супер. Сите со проблем крвна слика анемија и со терапија препишана. За среќа двете од нив од таму директ во Систина во паника и нова к.с. и бебињата супер хмг. Ете ако се прочитаат ќе кажат.
    Тие се тие пропусти кој ме разочараа и ова беше капак. Но, ете тоа е мое искуство и не значи дека други нетреба да одат кај нејзе или да не и веруваат. Сепак не сите сме задоволни од некој и не сме со исти мислења. Прекрасна е жена и прекрасна е со деца, но ете ова ме одби од нејзе.
    Ете со @LiliBoz се посоветував па ќе идам кај нивната и се надевам ќе е вистинската во која ќе имам доверба и нема со резерва да и ги прифаќам советите и препораките.
    Фала ви на сите за советите и мислењата. Многу ми значат и ме охрабрија да го направам она за кое ми велеше мајчинската интуицијата и прекинав со Цефалексинот и го фрлив.
    Имајте убав викенд сите и бакнежи до вашите најмили дечиња :* :hug: :l:
     
    Последна измена: 15 декември 2018
    На Annath, NarCis@, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Јас апсолутно те сфаќам. Веќе сменив еден педијатар за кој исто имав високо мислење, но тотално ме разочара. Некогаш си викам и ние мајките сме малку терсене... Ама вака кога читам, како да не сме терсене и недоверливи? Ова баш личи на давање антибиотик од несигурност. Добро си направила.
     
    На Annath, sofi2107 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.294
    Допаѓања:
    182.484
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 баш ми е жал што вака испадна, ама и ова е лекција. Докторката на малата еднаш ѝ даде антибиотик без наод од брисеви, ама со многу лоша крвна слика која укажуваше на бактериска инфекција и лоша клиничка слика. Ама ни кажа обавезно пред да го почне антибиотикот, да направиме брисеви, за да знаеме со сигурност дали одговара антибиотикот. Некогаш, едноставно нема време да се чекаат резултатите, но сепак мислам дека вашата педијатарка направила грешка. Јас радо би ти ја препорачала нашата, ама работи приватно. А што се однесува за пелените, во едно уво влегло, од друго излегло. Јас ќерка ми ја одвикнав на 17 месеци, но мораше, имаше многу лоша габична инфекција од пелените и не смееше да има одложување. Најверојатно, да немаше проблем, ќе тераше подолго се пелени.
     
    На Annath и sofi2107 им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.728
    Пол:
    Женски
    А замисли... ова за ваква ситница. Не дај боже нешто посериозно да е. Пред се и дала антибиотик на мирна кс. Врска да се немало. Ова ако се високи гранулоцити јас високо не знам што е.

    Околу пелени јас сметам дека доцнам само поради една работа. Пелена не му собира многу.Како расте количински повеќе мочка и се гледа дека е време но во сред зима сигурно нема да го одвикнувам а на страна што не сака ни нокшир ни адаптер да види.. Ама ете. Матичнава побитно и е да префрли на мајка дека касни со одвикнување неголи да работи тоа што треба.
     
    На Annath, sofi2107 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека е време, пробај и сега, ако е зима. Ние еве веќе цела недела сме денски без памперс. Кака на нокшир, ама не седи туку го издржуваме, а мочка во када. :lol: Битно лесно оди, ќе пишам во соодветната тема кога ќе имам повеќе време.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.