Не е во ред толку дена да е омалаксано, јас разбирам стомачниот вирус го исцрпува организмот, ама ова веќе 4ти ден би требало да има подобрување. @Marija_Magdalena мајче, не се плаши, подобро во болница да сте на сигурно, отколку дома во исчекување. Матичниот што ви кажа, денес бевте ли на лекар? Каде ја примаше инфузијата?
@Lolipop23 @LiliBoz еве се вративме од на детско одделение омалаксано било од проливот, и дадоа инфузија од 500мл и зедоја крв да направат јонограм (сега ке изгуглам шо е то ) ни препиша некои таблетки не ни видов кои ..а кога и кажав дека матичната ни даде Лактофор а девојчево е со пролив за глава се фати. Сега спие па ке видиме дали утре ке има пролив пиеше денес линекс јуниор Фала ви многу мајки ке ви пишам како ке бидеме ... Едит: мирисот на проливот уф.. од едно мало водиче цеел стан да корне, Утре ке одиме на заразно доколку исфрли пролив
Денес синко исфрли мали ситни брунчиња и мислевме дека е алергија и превентивно дадов Зиртек но не му се повлечија и го однесов на лекар каде ни кажаа дека има вирус. Направивме крвна слика со црп и брис од грло кои се негативни, освен што крвната слика го потврди вирусот. Како терапија ни дадоа сируп Исоприносин и блокмакс ако качува темп. Го имате ли користено сир. Исоприносин?
19+ Бронхитис и воспалено уво. Салбутамол (педијатарот кажа максимум 7 дена, а овој на дежурна се додека кашла) и антибиотик (7 дена). Температура има од понеделникот вечер, највисока во вторник 39.5. Тој на дежурна кажа тт е од увото. Давам 2.5мл парацетамол на 6-7 саати бидејќи цело време качува. Вчера сабајле поврати и денес рано сабајле уште темно беше. Повеќе млеко (цица), шлајм како да немаше. Дали е во ред во исти ден да давам салбутамол, антибиотик и парацетамол? Заборавив да давам Д3 деновиве. Дали да давам и тоа? Дали смее да дадам и електролит покрај овие лекови? Гледам да има растојание еден час помеѓу лековите иако докторот рече дека може одеднаш нема врска ама сепак се плашам. Кашла, кива, тече нос. Многу тешко кашла онака од длабоко како да се корне. На моменти се тресе, омалаксана е и не може да стои. Често спие и цица. Се немаме одделено и мене ми е лошо веќе ама ја не сум битна. После колку дози антибиотик ќе престане да има тт? Или ако има тт можеби проблемот не е во увото? И педијатарот и тој на итна рекоа дека не е ништо страшно дека сите деца кашлаат ама не знам некако страшно ми изгледа. Совет, помош? Туширање, луфтираме, се шетаме на свеж воздух, пие многу вода и леден чај и дадов. Цица. Не јаде од вторников навака. Многу лоши приказни имам прочитано на нет и тоа ми создава дополнителен страв потсвесно. Од се што сум прочитала на нет немам доверба во докторите. Секогаш велат ништо не е а во мн ретки исклучоци не се покажува баш така.

Ете заборавив пробиотик, фала ти што ме потсети. Докториве не рекоа пробиотик ама треба. И сакав да прашам како фатила бронхитис? Читав на нет ама пак не ми е јасно.
доволно е малку да падне имунитетот. толку треба. пробиотик обавезно поради цревни ресички. после 3та доза антибиотик се подсимирува и полесно ќе е. нека лежи чим сака (најдобар лек е тоа за респираторен) и нека си цица. не форсирај храна ако не бара. на организмот му треба сила да се бори а не да се пренасочува енергијата кон варење на храна, така да лесни оброци ко супа, повеќе течности нека внесува, цицање е најдобар избор..и ќе биде ок.
Температурата е поради тоа што има воспаление и е начин на одбрана на организмот од причинителот на воспалението. Ја боле ли увото? Ставај и топло ако ја боле. Ако повраќа давај електролити. Пробиотик обавезно давај после 2-2 и пол часа откако ќе дадеш антибиотик . И течности колку може нека пие
Не ја боли мислам. Кога спие се штрека на моменти па може ја боли па затоа. Многу сака да лежи ама мора и јас до неа да сум. Ми се повраќа од лежењево, и се ме боли, па лежам од една па од друга страна. Ќе дадам електролит и пробиотик и се надевам ќе бидам помирна. Кога и давам парацетамол оживува и како поминуваат тие 6 саати се поомалкасана е, на крај шестиот саат рацете и нозете и стануваат грч ладни, се тресе и се тутка во мене и лежи така со главата на цицето.
Вистина е дека љубовта лечи најмногу. Цело време кај мм сакаше и преку ноќ до него спиеше, а сега се кај мене е. Мм вика едвај чека да оздрави да го бута преку ноќ од спална. Ми олесна што пишав и фала на коментарите. Ќе оздрави.
2.5ml paracetamol? Pa deteto sigurno ne ti e 5kg. Mala ti e taa doza Lekovite treba da gi davas taka kako sto treba, kako sto ti e kazano. Site so razlicna namena Posle vtor den ant ne treba da ima tt veke
Ако не си грешка во пишувањето, дозирањето на парацетамол не е точно. Подобрување ќе има по 2 дена одкако си го почнала антибиотикот. Давај пробиотик и ставај некои капки за уши ако имаш, ако немаш може маслиново масло и лук. Пророден лек, многу ефикасен, може да прочиташ и на нет. Син ми од увото креваше 40 тт, поради запушен канал. Кај вас може да е од бронхитот ама за секој случај чисти и го носот. Ставај капки и влечи со пумпица, така ќе и помогнеш да дише слободно.
Уште во Мк давав 5 мл, ова изгледа е новитет тука. Првиот ден давав 5мл иако и педијатарот кажа 2.5мл и во аптека така ми заокружија на сирупот иако и на самиот сируп пишува 5 мл за деца од 1 до 3 години. Па затоа пробав 2.5мл и симнуваше и со толку. Баш ќе прашам зошто да давам 2.5мл кога и на самиот сируп пишува 5мл. Докторот кажа од увото крева тт, не од бронхитисот. За природниот лек се плашам да пробам, а и еве кога пие антибиотик доволно е. 48 часа утре поминуваат, се надевам ќе биде подобро. Во една статија пишува дека за време на бронхитис не се користат препарати кои го разводнуваат секретот. Не знам колку е тоа точно и дали физиолошки раствор спаѓа под нив. Јас ставав ама денес нема секрет. Се сушат во носот. Да не се подречам после четвртата доза антибиотик подобро е, ме измори како што знаеше, не застана. Јас изгледа сакав уште од првата доза да помине се. За пробиотикот не ми рекоа, а и јас во моментот изумив дека со антибиотик се дава и пробиотик, во аптека ме прашаа зошто ми е пробиотик кажав дека пие антибиотик па дадов денеска. Дадов и електролит и Д3. Всушност после електролитот се крена на нозе.
Девојки има ли некоја логика да 18 м дете се исфрли во пеленска регија од воведен нов пробиотик (биогаја)? Или е коинциденција страшна... Ставав канестен три дена па бекутан со цинк оксид, до сега секогаш помагал ама ова некако упорно црвенилово и очигледно ја чешка... Дајте предлог за крем или третирање. (Канестенот по препорака на педијатар беше ама сега не ми се носи за црвенило зашто ќе си донесеме гратис вирус од чекална)
Канестен подолго ставај. Бар една недела за резултати. Одмивање само со вода. Ако имаш можност исфрли едбократни пелени. Само памук на кожата.
Јас ако не сум грешка мислам спротивно од @kukla21, дека канестен помага само ако е нешто габично. Ако немало од него подобрување по 3 дена, нема потреба да продолжиш. Пробај со мустела.
Јас одмивам само со хиперманган, еднаш денот пред спиење, веќе после второ одмивање се чисти . Никаква маст не сум користела освен продермот и вака ко ќе е нафрлена Бекутанот цинк оксид.