Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.435
    Допаѓања:
    250.653
    Ми се собра, премногу болести, не само детево. Ама мора малку да се соземам. Јас сум по природа таква, премногу се соживувам со луѓево, а особено со вакви приказни па се плашам. Инаку го сликав, нема врска сега излегоа црвени очите.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.231
    Пол:
    Женски
    ^
    Така не смееш да размислуваш.Баш пред некој ден пациент седи во ходник и ме прашува:Нели те мава психа со волку болни и болести околу тебе??
    Ми викам :не ,воопшто.Ако размислувам така требаше изолирано да живеам.

    Неколку дена пред тоа си одам дома.По скали се симнувам и наогам страшна глетка.На мајка и соопштуваат дека детето и починало.Се онесвестува,се собраа роднини,урлање,мавање во ѕид.Нормална реакција секако.

    Ситуации и ситуации но човек неможе да живее барајки го секој можен симптом И кај себе си.Измачување е драга тоа.
    Што е пишано ке си дојде и без да анализираш до детали.
     
    На Bozica1980, MacenceEna, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    @JuLleE лекот за нас хипохондрици и паничари му е второ дете :D

    Шегата настрана, тотално те разбирам. Ама верувај, не е убаво ни на такви работи да помислуваш, оти сепак психата е страшна работа. Јас се трудам до максимум да размислувам позитивно, оти ако верувам и проверувам се што читам на интернет, тогаш лудница не ми бега. Не за џабе рекле, „незнаењето е благослов“.
    Како @joy1 ќе кажам, од пишаното не се бега.
    Мене ми се сруши светот кога дознав дека внучето има малиген мозочен тумор, и уште не знаат каква терапија да дадат оти е прилично редок и плус се работи за бебе помало од годинка. А на родителите како им е, не можам ни да замислам и не дај Боже никому такво нешто.
     
    На MacenceEna, JuLleE и artemidis им се допаѓа ова.
  4. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    @Annath like-от е за лекот, ама другиот дел од постот не ти е баш за лајкување :(
    Кога ќе видам таков некој наслов со „потресни исповеди“ по нашиве портали не ги ни отварам. Тие што си имаат мака најмалку им е дојдено да ги пишуваат како приказни. Тоа само нашите таканаречени новинари си фаќаат денарчиња од секој отворен наслов. Затоа и насловите им се толку звучни. Јас пак ќе кажам само Господ нека ги чува, од такви работи тешко дека ние ќе успееме да ги заштитиме.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Мами, ме интересира откако ќе почнат да одат онака трапаво, додека почнат стабилно да одат колкав е периодот? Моиве проодеа, одат сами без држење ама е трапаво со паѓање, мавање, сопнување...па чисто да се спремам на колкава стаза ми е трчањево додека не бидат сигурни :)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Зависи од детето. Ќерка ми прооди на 14 месеци и од првиот ден оди стабилно. Од 15 месеци трча какко за маратон да се спрема. :)

    Синчето на пријателката прооди на 11 месеци, стабилно одеше дури после три месеци.

    Нема правило.
     
    На Amorce2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Син ми прооде на 12.5 месеци и за месец дена трчаше како да оди дооолго. А ќерка ми прооде на 13 месеци ама уште 2-3 ич не бепе стабилна. Зависи од дете до дете но зависи и вие колку сте слободни да ги пуштите. Јас демек второ дете ама бев пострашлива некако.
     
    На Amorce2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Во право сте да, дека секое дете е различно ама чисто онака да видам од дете до дете :))) се тешам со тоа дека брзо ќе дојде стабилноста. Иначе двајца се, и да сакам не можам да ги пазам како што би пазела едно (додека стрчам по едниот, другиот вечќе ми се качил по скали, или се качил на фотеља и рипа), пуштени се по дома да одат, без да се потресуваме, паѓаат, стануваат (нормално со заштитени ивици), едниот е постабилен и поснаодлив (оној што прооде сам, без држење и паткање) и мислам дека он брзо ќе биде стабилен, а другиов (патканиов) е малку пострашлив ваљда, па некако му е полека и чека помош понекогаш. 12 ипол месеци се :)
     
    На Nova, joy1, victoria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.435
    Допаѓања:
    250.653
    Јас искрено се плашам од второ дете, еден период мислев дека воопшто не ни сакам да имам, баш заради таа грижа, страв ми е, нема да можам да поднесам да му се случи нешто, да се разболи. Не сум спремна, колку и да звучи себично, може и има влијание и периодот кој и те како ме дрмна, плус мм е болен и за второ не ни размислувам. А сакав многу деца, ама страв ми е.

    @Annath се надевам дека внучето ќе оздрави, претпоставувам за кого се работи и се надевам најискрено дека ќе биде се во ред.
    Јас тешко поднесувам болести, ме кршат, една дијагноза ме скрши, мислам дека животот ми го промени.
    Треба сила, јас искрено еве вака јавно ќе признаам дека и се восхитувам на @joy1 , која храбра жена е. И покрај се останала позитивна. Жено секоја чест, јас не сум ни на пола од тоа.
    Проблемот кај мене е што вака делувам ладно, смирено, ама внатре се кршам, и паничам, особено за детето.
     
    На promeneta, Bozica1980, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    @JuLleE и тоа како те разбирам. Кога ќе затера некој убиствен период и глава не можеш да кренеш од болештини, нормално е да се плашиш. Голема паничарка сум и јас кога станува збор за детето. А што е најтрагично, не бев таква, откако го родив се сменив. И верувај ми, се мразам што сум станала таква. Затоа и јас се плашам и се прашувам дали воопшто да раѓам второ. Мм секогаш ме кара кога ќе испаничам, ми вика дека поради тие мои паники поарно е со едно да останеме. Ама сакам барем уште едно, стварно сакам (додуша, работиме на случајот). Белки ќе се променам на подобро со второ :)
    инаку јас сум оптимист и верувам дека внучето ќе се опорави, ама дефинитивно од пишаното не се бега. Надежта ми е најсилно оружје да бидам оптимистична. Како велат, dum spiro spero ;)
     
    На promeneta, girl-miri, LaDyDoLl и 5 други им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Официјално да се придружам на оваа категорија и јас. Бебе вчера наполни една годинка
     
    На slimy, Mrs.Bass, iki26 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Jas ke se izvinam neznam dali ima tema za sirup za imunitet kaj decata no sakam vase mislenje sto im davate na vasite deca jas prvin na godinka mu davav bebivit sega pikovit ama kako da ne sum zadovolna ajde vase mislenje pikovitot mi e na kraj pa sakam nesto da smenam no stvarno neznam sto....
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.435
    Допаѓања:
    250.653
    Не знам каде да прашам, ама каде во Скопје може да најдам работи за украсување за роденденот на синко? Тема Карс или Хот Вилс, ми требаат балони, знамиња, и различни украси, хартиена торта, каде набавуваат оние од кај што украсуваат. Многу ми бараат за украсување, па решив сама, ама незнам од кај да набавам?
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.231
    Пол:
    Женски
    Провери во џамбо имаат мн роденденски ствари
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.435
    Допаѓања:
    250.653
    Немаат гледав, знам овие што украсуваат купуваат од некаде, ама не ми текнуваше од каде. Нешто од Џамбо ќе зеам, ама да дополнам, на пример сакам и балони со хелиум или балони во форма на колички, ама кај да најдам не знам.
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Jas za mojot zimav vo panter mis cenite se poeftini i imas se od casa do salfetka viljiska i lazicka gore nacrtana so kars i kapcinka i carsafi
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.435
    Допаѓања:
    250.653
    Каде се наоѓа?
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.231
    Пол:
    Женски
    На 14 месеци колку пати на ден ви спијат децата?
    И отприлика кој период стануваат-легнуваат?
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Kacanicki pat odnosno na pocetokot. Proveri na net za potocno. Golem magacin e na tri sprata i bas ima svastarii od kesi za poklon dekoracii sekavi za rodenden materijali za svadba za domakinsvo ke se ostavis dva saati setanje :) obicno raboti ba golemo za firmi no bez nikakov problem mozes da kupuvas i kako poedinec jas dvapati do sega sum bila od tamu kupuvav za svadba angelcinja i vo maj sega bev za rodenden na maliot se opremiv :) zatoa taze mi e se sto ima ;)
     
    На Mrs.Bass, JuLleE и irenna им се допаѓа ова.
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    mojot spiese tri pati stanuvase vo 9 legnuvase vo 11 stanuvase vo 13 legnuvase vo 17 do 19 i posle vo 22 legnuvase ili pokasno zavisno do kolku sum bila na rabota. Kako rastese go skokna ona spienje vo 11 sega spie od 13 do 15 i poveke samo ednas i zaspiva posle 22
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.