Во ред е тогаш. 48 часа максимум после антибиотикот ќе има подобрување и нема да качува тт. А како рекол изгледа? Или е или не е. Го погледна со тоа внатре лупата или со око процени?
So lupa, se nadevam i jas deka nema veke da kacuva tt, nokeska bukvalno gorese, dadov brufen i za pola saat i se simna
Мајки, постои ли некоја фаза со не јадење ручек? Се тешам дека е фаза, ама многу трае. Со доручек (овошен) и вечера немаме проблем, ама ручекот секој ден кифла ни е. И претходно не беше љубител на месо и зеленчуци, ама се лажевме со кисело млеко. Сега веќе ни к.млеко не сака да види и само леб бара.
@Ambra20. И ние со ќерками околу јадењето секакви фази поминавме...еден период само к.млеко јадеше,сега нејќе да го помириса, после само банани јадеше доручек ручек вечера сега нејке да ја види, едно време само бисквити кркаше..и така... затоа изгубивме ред нит ручек ни се знаеше ни ништо.. сега овој период арна е све јаде.. поминува се, битно да јаде
Те читам подолго време и еден најдобронамерен совет. Мислам дека треба да ја смениш матичната. Неколку пати мислам дека прочитав, дека препишува антибиотик за вирус. А антибиотици дополнително го намалуваат имунитетот, особено кога се пијат непотребно. Башка мислам дека твојата не оди во градинка, а некако како често да има мака. Можеби грешам, ова е само мој впечаток.
Мајки едно прашање имам за оние кој се поискусни. Малиот ми поткашлува, нос нетече, весел, јаде, игра, значи све си е ок ама еве поткашлува. Не сум да го носам кај педијатаркава со оглед на вирусиве и сипанициве зашто не е алармантно. Па би сакала од искуство некоја да ми каже што можам да му дадам за кашлицава? Ќе и се јавам и на педијатаркава, но сепак сакам и ваше мислење/совет.
Јас кога ќе почне да поткашлува веднаш давам боров сируп, мед, мачкам гради со мукоплант маст, исто додека спие ставам тенџере со врела вода и во неа лажичка мукоплант да испарува.... и општо преку зима форсирам лимони, портокали, киви, лук, пилешка супа од коска.... и минимум 2 часа надвор на свеж воздух.
Боров сируп негде прочитав дека може да направи проблем па малку сум скептик. Мед секој ден скоро давам, витамин Ц, киви и остало секој ден скоро на мени. Темељац во манџи обавезно. Надвор не многу зашто воздухов во Ск е хаос, освен деновиве кога е чисто па излагаме шеткаме надвор ( на отворено ). Мукоплант имам сега ќе ставам во тенџерче и вечер. Но, ми е страф да го мачкам зашто е 21месец, а нели под 2г несмее да се става на кожа? После реков да му направам сируп од мед, куркума и малку црн бибер па да видам и со тоа, а па и таман за имунитет.
за вакво нешто срц и да нема гужва кај матична јас не би носела. лесни настинки искрено не ги ни спомнувам кога ги има. давам витамин Ц, повеќе кромид во храната ставам , сок од цвекло аронија (за да држиме имунитет) и тоа е тоа. чекам само од себе да помине. најчесто за 3-5 дена поминува. сигурно ветре го фатило, не му ја мисли.
Срц не ни имав намера да го пафтам навака натака. Од последно искуство со педијатаркава несакам ни да ја прашам за совет, а кај Кристина тек фебруар е закажан. Не е алармантно за да идеме сега кај нејзе. Дете си е весело и активности и све си е супер па не се ни притресувам. Но, си реков ај ако не нешто на природна база за да му олесни мада не е толку страшна кашлицава. Еве му дадов аронија нека грицка Последната кашлица АЦЦ сируп ни даде педијатаркава, но немаше ефект барем јас не приметив. Се мислев сега да го земам ама со мукоплантов ќе терам во тенџерче.
По српски го викаат темељац па по навика така го пишав. Телешки буљон, од телешки коски сварени па после во ќесињана за лед замрзнувам и ставам во скоро секоја манџа. http://istineilaziohrani.blogspot.com/2012/02/karika-koja-nedostaje-temeljac-ili-juha.html?m=1 Но, јас стандард со години само со коски сварени го правам без никаков додаток од зеленчук ни зачини. После во манџа по вкус додавам што мислам. За имунитет, здравје и за све е најдобар. Дали е до него или самиот имунитет незнам, но мојата здраствена книшка па и на сестра ми е празна ( да не не подречам ) за бебе/дете е нешто најприродно и најдобро. На синко од мислам 7+ му ставам во ручекот.
Темељац, пилешка супа и ако имаш инхалатор да направи инхалација со физиолошки. Јас за кашлица не давам сирупи. Само на исхрана појачувам, сега Лили ми кажа и вит. Ц давам, и провери да не ви е сув воздухот дома. Може и од тоа да поткашлува.
Витамин Ц ( Baby Vital ) го давам од почеток на зимово, пилешка супа не сум дала незнам зашто ама преска баш реков да земам од онаа со петел обичнана ја зборат па ќе му направам. Е да, верувам и највеќе сумљам на воздухов иако имам ставено чашки вода ( на парно на струја сме ) па еве и јас кашлам. Или незнам да не е од што вади 5ки па нели лачат повеќе плунка па од тоа да му е. Инхалатор немам никогаш не ни бил потребен. Ќе пробам со мукоплант нека дише ќе ставам по собиве.
Ловор? Мислиш на ловров лист? Имам проблем со него, он не пие чај пљука чим проба. Сок сега почна и тоа ретко и само сок од боровница или аронија инаку друг ( секаков пробав ) а го осети почнува НЕ Не бљак бљак и бега. Не сум пробала со сварен кромид. Пиши ми како иде рецептот на подготовка. Јас стандард во релна кромид ( со се љушпа ) , печам и цедам од сокот и додавам мед и тоа како сируп го имам давано кога кашлал.
Да, ловоров лист. Чај од цел кромид со се лушпа убаво измиен, едно јаболче и едно цело оревче без лушпа ама со тоа меѓу јатките внатре, свари ги да зоврие, исцеди и дај како вода. Со малку мед е добро. Или пак чај од цел кромид и ливче ловор заедно.