1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Сум читала на повеќе страници дека лошо било за тт да ја мачкаш со ракија и воопшто масажа, па не го практикувам :)
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Нормално е да не јаде кога има температура, не се секирај. Давај течности, можеш и електролити, има кесички на Бекутан, тие ќе ја накренат. Ама по многу малку ќе нудиш, лажичка на 5-10 мин. И само туширај, немаш потреба од масирање со ракија. Нека биде лесно облечена, да не ја претоплуваш. Јас би почекала крвна слика пред да дадам антибиотик, затоа што ако е вирусно, џабе ќе го пие. Само хидрирај ја и ќе биде сѐ во ред. Инаку температура кај деца се толерира и до 3 дена, така да нема место за паника.
     
    На karibian, LanaDelR, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ова го има и кај нас.
     
  4. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Каде може да се купи ?
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас од дм зедов. Она кај веро тафталиџе што е.
     
  6. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    еј супер штом има тука. Да не правам нарачки по луѓе :)
    Ако даваш ,дали го мешаш со млеко ?
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Мм го пие :rofl: на бебе уште и давам бебитол омега. Ние земавме од тоа со лимон што е и мм вика нема грд вкус. Јас немам навика да пијам суплементи :(
     
  8. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    И јас нема шанси да го пијам. Ќе видам дали син ми ќе го пие ако не во млеко ќе го мешам :rofl:
    Фала ти :hug:
     
  9. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Мајкички, малечката ми е болна, мислам дека од мене ја префати ;( Ѝ тече носето, почна да кашла, не може да спие од носето, имаше и тт 37.6 синоќа. Бевме на лекар грлото е црвено, на гради нема ништо, ни даде сируп бронковит(дали некоја го користела?) ставам спрејче синомарин, компот супа..
    Ни даде д-р и упати за кс и ни препиша антибиотици ама рече да почекаме ден два па ако не е подобро, ако кашла многу ако качува тт да правиме проверка на крв па и антибиотик ако треба.
    Кажете ми како можам да и помогнам, нешто што ќе ѝ го олесни кашлањето, нешто природно?
    Планирам да направиме утре проверка на крв па ќе видиме дали треба и антибиотик, иако би сакала да поминеме без :|
    Едит: Сабајле ѝ се појави и осип на ножињата. Не знам дали реакција од сирупот затоа што малку претходно ѝ дадов, ама и вчера ѝ давав не приметив ништо.
    IMG_20190117_081105.jpg
     
    Последна измена: 17 јануари 2019
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Инхалации многу помагаат.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.630
    Допаѓања:
    104.400
    Пол:
    Женски
    Инхалации со Синомарин/физиолошки, па ќе тапкаш по грбче и ќе влечеш со пумпа да вадиш мрсулите.
    Ако нема Т направи топла бања и полевај топла вода по главче и грбче, она наведната (ако успееш да ја наведнеш, ако не ипак полевај).
    Исечкан кромид до глава кога спие. Малку Мукоплант во тенџерче да испарува, ако имате парно, на парното стави и внимавај на влажност на воздухот.
    Температурата не е страшна, не се дава ништо на таа Т, но верувам ја омалаксува, па нуди течности и туширај, глава не топи.

    Луфтирај често, изнесувај ја по малку да ја фаќа воздух.
    Без кс и наод не давај антибиотик!

    На сличето јас ништо не приметувам, матно е..

    Како сте сега?
     
    На Вереничка и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Malata mi e cetvrti den so tt nad 38 simnuva samoso paracetamol I pak kreva.Leukociti malku pokaceni.Antibiotik pie,sovet?
     

    Прикачени фајлови:

  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Испитајте брис од нос и грло, мокрача и уриноколтура. Да не е бактерија во прашање. Па според наведениве испитувања ќе се знае дали е бактерија или не. Обично кога тт трае подолго од 2-3дена и се качува-симнува тогаш претежно педијатриве сумљаат на бактерија.
    Гранулоцитите се покачени и укажуваат на бактерија ( последен пат за ова ми напомена педијатарката ). Мада нема правила и не значи дека има но, сепак ако не сте провериле напрајте испитување.
    Приметив и хмг ви е низок, форсирај намирници кој ќе и го покачат и паралелно со тие намирници и витамин Ц. Можеш и органското какао 100% и црно чоколадо барем по еднаш дневно да даваш, тоа исто е супер за хмг. Аронија јас форсирам, секој ден замрзнати зрнца јаде ( интересни му се крцкаат ) по 10тина ги јаде.
     
    На Marija_Magdalena и LanaDelR им се допаѓа ова.
  14. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Добра е, откако јадеше си зема малку душа, а и носето малку и пушти па си играше, сега спие. Не кашла често, од сабајле дали два пати се закашла, ама кога кашла коса ми се крева (facepalm) Кромид ставам неколку вечери по ред, не помага, барем јас не го осеќам како претходно, дали дека сум затната скроз(и јас сум болна пишував во соодветната тема за лекови) Ставав и тенџерче со зовриена вода и морска сол, ама колку трае тоа брзо изладува. Парно немаме. Знам дека е проблем и сувиот воздух посебно ноќе и посебно кога дишиш со отворена уста :puke: Знам дека со инхалации би се олеснило ама имавме неуспешен обид, не дава малата никако, не знам како да успеам да ја инхалирам?:wasntme:
    Осипот се повлече, ситни црвенки точки беа, најмногу на нозете позади и по некое на стомачето и грбчето.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.630
    Допаѓања:
    104.400
    Пол:
    Женски
    Додека спие да инхалираш не е опција?
    Јас последно, го заспивам во раце, чекам да зацврсни сон, ќе го поткренам полуседнат да биде и инхалирам. Но претходно обавезно топла бања, многу вода потрошено и влечење мрсули, пошто ако има многу да не се слеваат само удолу и ќе се засркне.
    Бебе ми спиеше топ и на прво какање мрсулите беа внатре :whew:

    Пробај со Мукоплант..
     
    На mal.ecka и Вереничка им се допаѓа ова.
  16. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Дечкото твој изгледа е многу умен :hug: Мојата е ]:) :worried:
    Кога спие не смеам да кивнам, камоли да инхалирам :rofl: Ми се буди многу лесно :|
    Ќе пробаме пак како и да е.
    Имам Павле балсам, може тој наместо Мукоплант?
     
    На mal.ecka, emkaemka и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Никако инхалација додека спие. Не знам кој ви го кажал тоа, но додека спие дете не се прават такви работи.
    Инаку @Вереничка и мојата не даваше да ја инхалирам, пиштеше, вриштеше, ама ја седнував во хранилка и мораше на сила (мм и држеше раце, јас ја држев маската), па потоа и беше интересно, се навикна.
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Зошто не се инхалира дур спие? Во Козле кога лежеше последната инхалација така му ја правев и сестрите знаеа ниедна не рекла неможе
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Мене во Ремедика ми кажаа никако така. Значи сите доктори различно кажуваат. А и да не ми кажале, јас во спиење ни би правела.
     
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    И јас секогаш инхалирам на спиење ,до сега никој доктор не ми рекол да не инхалирам на спиење .