Алал да ви е на сите што ви јадат децата. Ние сме веќе 8 месеци во ужасна фаза. Ај порано де каснеше де нема уствари ма се е така кога ќе размислам. Денеска има 2 пати јадено. Толку. Ужина? Што е тоа. Му доаѓа нагон на повраќање Преска му правев месо со зеленчук 2 пати од мирисот му дојде нагон на повраќање Ужас. Нит здраво јаде нит нездраво Нашето мени се сосотои од јуфка палента пилешки прсти риба и бисквити и ништо друго. Се друго одбива Се гонеме се маваме за сируп И така минуваат ден по ден месец по месец он е страшен нејадач. Ужас.
Ако е вирус најверојатно после третиот ден нема да има повеќе температура ,ако и по третиот ден крева значи најверојатно не е вирусно ,нуди што повеќе течности ,туширај ,ставај чорапчиња со оцет и масирај со алкохол помага многу во симнување на температурата.
Обично поминува за 2 3 дена многу ретко 4. Јас само едноставно го оставав со тенка облека многу малку покриен секогаш така третирам темп. Што помалку облечено и секогаш снижувало така Немам ставано оцет алхохол и слично..
Добровечер мајки, @gjoker4e , веројасно не ви е првпат воспалено ушето, и ние ги минавме истите маки. Ја боли, затоа не може да заспие, веројатно го чешка или тегне ако незнае да каже. Ние имаме искуство со otitis media, и за жал или за среќа живееме во држава, каде тоа го реша ваат или со антибиотик или со парацентеза т.е. оториноларинголошка процедура на боцкање на ушето. Незнам дали го праат тоа кај вас, ама побарај на интернет околу постаката, или пиши ми лп. Средното уво се воспалува будејќи нема проток на воздух меѓу уво нос грло, па се множат бактерии, затоа имате капки за нос и сируп за искашлување, да се исфрли шлаемот кој блокира. А главен осомничен е трет крајник. Штом ви се повторува температурата, јас би одела на лекар. Ако веќе имате дијагноза за уво, би одела директ на орл. Јас брзо научив да познавам, и после вториот пат само на орл одевме, постручни се од педијатар и помала гунгула. И еден бабин лек, кој нас ни помогна. Ќе земеш лук едно малод чешне, ќе го истолчиш и завиткаш во завој, како тампон перниче мало. И ке пробате да го држите на ушето, некој пола саат. На ушето, не во ушето. Моето фала богу будно не седеше да му држиш лук, ама и држев некој пола саат во спиење, две три ноќи по ред. Лукот наводно е природен антибиотик. Брзо оздравување
Мајки предлог за јадења со јајце, значи што и да осети дека има јајце го плука. 16+ е девојчето, со машкото немам таков проблем дури и ми јаде и пржени јајца ова манекенката не видена нејадачка е.
Овошје или зеленчук цел или на парчиња, измиено и излупено. Пудинг, смоки, бисквити, соленки, киндер јајце, киндер чоколада. Моето не јадеше од 7-8+ до 13-14+. Колку оброка имало моето на 12+, одговор би бил 0 оброка. Според книгата е три оброка и две ужини, а во реалноста има периоди. Последен период ни беше со две вечери. Долги ни беа деновите па имаше време за оброк плус. Сега е во период на компир. Печен, варен, пржен, само компир да е. Ништо не ми е јасно со ова вирусно и триста чуда. Спие цела ноќ, воопшто не го пипка увото. @Biljarkata . @vitamina Ако не е вирусно какво е? Педијатарот напиша дијагноза шлајм во горниот дел. Дали од шлајм се крева тт? Сега качи само до 38.3. Значи се помалку качува. И не знам кај ги најдов пет дена вчера кога од петокот вечер има тт ми се виде како повеќе денови да поминале.
Може да е предизвикано од вирус, ама и немора. Може и од настинка. Штом ќе се насобере шлаем и се затне носе. Ако немам објаснето убаво (а немам, извинете) ОРЛ е ото-рино-ларинголог, специјалист за уво-нос-грло (тие се поврзан систем). Оtitis media, е воспаление на средното уво, и како и секое воспаление предизвикува проблеми. И за жал најчесто се погодени мали деца кои имаат склоност, заради нивната анатомија на увото, и се повторува (затоа ти го пишав лекот со лук, како превентива). Организмот преку високата температура се бори со инфекцијата, штом ви паѓа температурата, значи победува. Ама ако здравствениот систем ви дозволува, да си најдете ОРЛ доктор, за во иднина.
Температура се крева од настинка, односно шлајм? Тоа да ми се разјасни и јасно ќе ми е се. Закажав термин на педијатар па сега на мисла ми е да не го носам за џабе само да закачи нешто плус?
Од петок? А денес е вторник Епа вирус е Не верувам од прелада да качува 3 дена па и четврти Мајка носи на педијатар и кажи му што како најубаво.. Чекај да се едитирам Тоа погоре членката што пишала за шламјот за мрсулите што не шмрка е лошо и се насобираат и избиваат на уво грло баш ние така закачивме инф на уво тука и пиеше малиот антибиотик Докторката рече од што не го исфрлал шлајмот дошло до инф.
Температурата не е болест, таа е манифестација/симптом на некој процес, главно инфекција или воспаление. Дали е вирус или бактерија или шодае, небитно, а и немислам дека некој ке ти каже точно. На лекар може да се испита CRP (C-reactive proteine test), ако е високо, значи има бактерија и ке ви дадат антибиотик. А кога инфекцијата/ воспалението/ шодае, ќе помине, и температурата се нормализира
Јас вигантола ќе продолжам да давам до наредна ортопедска контрола. Во моментов давам кидз омега (рибино со вкус) ама сакам да прејдам на обично ривино и истото прашање како тебе го имам. Кое може да се дава на дете над годинка?
Или цица или вода ос шише пие но се случува за време на успивањр да му давам по две три колтки(карикирам) и продолжувам со нишкање и се врти и се труди да заспи и се така и по тоа сфатив дека сака да пивне нешто од навика не дека е жеден/гладен.Е од овие причини сакав лажливка цуцла да сака ама на 3м се одби од нејзе...А и друг проблем не пие АД млеко за да пробам и со млеко...Па сега и заби четвроки двојки растат и ако го ставам во креветче од количка а заспан абе во секунда се буди и вриска...па ај на спална и се врти и заспива...и дека спие на меше или на страна ако неможе да се сврти ќе се затуфка и тој веќе е буден. Ах маки ќе си видиме со мм но здрави живи нека се
Мајки ако може мислење за кс? Матичната не ми е тука неколку дена, а сакам утре да го носам за вакцина па да прашам овде. CRP е 6, до толку е границата.
Во 16:00 на тт 39.7 дадов 5мл ИБУ Ратиофарм @danichap @Mari* @Ava.84 @Seline ќе ви е познат сирупов, замена за парацетамол веројатно. Следно треба во 22:00, на 6 часа нели ако качи тт. А ако качи порано од 22:00? А качува мислам, грл ладни нозе и раце значи многу висока ќе качи, што да правам? Легна на мене и заспа, омалксано. Дома имам парацетамол сируп пишува на пакувањето, неотворен. Инаку давам салбутамол, проспан и отривен. Дијагноза бронхитис и малку црвено грло. Дали ќе треба на брза помош да одиме ако качи сега? Дека нели не можам да дадам од сирупот. Или можам? Ми текна дека имаме и чепчиња исто неотворени, дали тие би помогнале некако? @fairy88 Може и ти ќе видиш. Што треба да правам ако има тие грчеви фебрилни колвузии како и да се викаат? Ептен висока тт има.
Тоа ти е ибупруфен сируп.Појак е од парацетамолот. Се дава максимум 3 пати дневно,ако го даваш наизменично парацетамол-ибупрофен можеш на секои 4 саати да даваш ако тешко симнува тт. Соблечи го девојчето потенко и со лесно. Инаку ако е постојано со многу висока тт и не симнува би ја однела на доктор да ја види.