Јас давам 4 пати дневно, значи на 6 часа. Значи смее парацетамол? Таман во 20.00 ќе се 4 часа после ибупруфенот. Ми го дадоа како засилување демек пред некое време ама немаше потреба. Ме мали тоа што заспа. Не спие ова време. Можеби сум повеќе испаничена отколку што е за паника. Нареден пат ќе сум поотрпната може ама сега ми изгледа страшно многу. А после колку дена тт или после колку висока тт треба да се обратам на брза помош?
Феири одговорила. При 40 тт исто правам, на 4 часа ибупрофен и парацетамол. Еднаш едното, после 4 часа другото па пак првото. Педијатар ми препорача така. Јас на оваа тт не носам болница бидејќи не пратиле дома со препорака стави чепче... По неколку пати во ноќта сум туширала(без глава) со млака вода, а од бабинските рецепти оцет на чорапите. Колку што ми дозволувале и со навлажнета крпа сум ги бришела, ладела.
Значи имаш искуство со 40 тт. Кога видов 39.9 во кома ќе паднев не дај боже 40 да видам. А треба да сум смирена. Прееска ставив оцет за прв пат кога видов висока тт. Втор пат има тт. Првиот пат имаше крај на декември. Како новопечена мајка сум, исплашена.
Мојот до 42 има одено. Прво ќе кажам под надзор на лекар е дадено диазепам 2 мг. Бидејки ништо друго не помагаше. Пак ќе повторам под надзор нА лекар. Уште еднаш од тогаш има примено дома ама по совет од матичен.
Види сега тт сама по себе не е опасна,ако детето пие доволно течности. Синко беше година и неколку месеци имаше и качуваше до 41 тт,ама не пиеше течности никако колку и да го молевме.Почна да не делуваат сирупи.После саат време качуваше пак над 39. Беше страшно,јас на работа 2 смена маж сам дома со болно дете.Го однел 2 пати на брза помош и го вратија.Па кога завршив со смената во 10 вечерта сите тројца по 3 пат отидовме.Е, кога ја подбрав сестрата не сфати сериозно.И после не хоспитализираа и полудехидриран едвај вена му најдоа.За два дена беше ново дете. Само течности е спасот.
Незнам дали имате детски дијазепам, нас ни го имаат препорачано за многу висока температура веројатно против тие фебрилни грчеви. Ако не бевте денес на лекар, одете на итна. За температурата давај наизменично на 4 саати како што препорача членката погоре и во меѓувреме во када, млака вода, нека се шлапка колку што може подолго. Со помин нека е
Добро е тоа тогаш.Пиј ти повеќе течности за млеко да имаш и ако сака помеѓу подои давај и водичка,сокче или чај. Јас не би дала диазепам на толку мало дете на своја рака без лекарски надзор. На воздрасен пациент не се осудувам да дадам без консултација со лекар,не па на дете. Ако има грчеви пожарната или палете кола и одма на брза помош.
И со над 40 имам. Час после чепче(сируп никако не можеше, клоцаше, буткаше, плукаше) симнувше до 38 и так беше околу час, и потоа полека пак качуваше... Вируси, неколку дена така. Среќа преку ден околу 38-39, вечерите беа лоши, и над 40. Фебрилни грчеви немале, немам искуство. Такво нешто не би ни добила во сптека тука мислам.
Дијазепам нема да дадам. Додека не е 40 помирна ќе сум. Имам електролити од Мк земено ако може да дадам и тоа превентивно? И дали сигурно смее и Проспан и Салбутамол?
@gjoker4e дијазепам детски на рецепт од педијатар, не доза за возрасни. Ако комбинираш два лека против температурата, дозите помали, на пример ако пишува дневна дозволена доза 24 мл, наместо единечни доза да виде 6 мл, треба 4. Одете на итна, ако е од петок многу долго ве држи
Смееш јас имам давано на тт салбутамол,исто и моето со 40 беше Друго,и јас не би те советувала да даваш диазапам,има доктори однеси ја ако е алармантно И давај и многу течности,добро е што цица ама и водичка или чајче одвреме навреме нуди за да делуваат сирупите Луфтирај почесто
Немам. Мари дали смее и Проспан и Салбутамол? 39.1 симна без сируп па ќе почекам За дијазепамот сфатив ама ако каже лекар Свесна сум дека повеќе паничам отколку што е алармантно Само се прашувам што ако. Денес бевме. За џабе да ја малтретирам пак кога ете можело наизменично на 4 часа да се дава. Цица пие вода и чоколадно млеко Не знам дали е во ред што и се спие? Нормално е тоа?
Колку долго го зема салбутамолот?Знам пред некое време примаше или грешка сум Доктор ви рече да земате?Проспан можеш Јас ри пишав погоре дека имам давано салбутамол,инхалирано со него истовремено со тт