Дозата треба да е усогласена според тоа колку кила тежи детето. Не смееш да даваш на помалку од 4 саати. Ако не се симнува во меѓувреме, када или туш. На моето дете парацетамолот например послабо му делува отколу тој другиот ибубруфен или што и да е, и дури да почне да делува, мора бар пола саат да откажеме во када. Нормално е да и се спие, па и на голем му се спие од температура, јас со 38 цел ден знам да го прележам. Децата дури полесно ги совладуваат температурите ми се чини.
Дадов парацетамол и ок е сега. Па ќе видиме околу 01:00 како ќе биде... @Mari* крај на декември пиеше салбутамол помалку од 7 дена, 3 пати на ден по 14 капки. Сега иста доза, да педијатарот. Ама изумив да прашам дали и проспанов да го продолжиме...
Јас ќе кажам дека малку сум почудна мајка.На 39 и не се плашам многу.Ибупрофен давам на 8 саати ако качи над 39 и плака. Тт создава бели крвни клетки кои се борат со вирусот така да ако не плаче, цица би чекала 8 часа. На тој начин побрзу ќе се избори со болеста.Што би рекол Др.Сајковски 6 часа без антипиретик да го држите детето тогаш побрзу ќе оздрави. Не го знам лекот искрено да си кажам.Мачкај алкохол.Прашај во аптека. Проспан не помага кај бронхит и за кашлица Салбутамолот ги шири бронхиите. Со лесно Мислењето ми е од пред 3 саата напишано ама не сум го пратила
@gjoker4e без паники само. Паталец да ти каже Ако ти се наоѓа дома сенф, ептен ефикасен последниот пат се покажа кај син ми, на стапалата мачкај, ако се жешки се разбира. Лимон цеден со една лажичка сода исто. Прави пена и со таа пена масирај, веднаш му се изладија пазувите. Не дај Боже да дојде до конвулзии, но од лично искуство, никако диазепам без надзор на лекар или своеволно. Со помин.
Синоќа откако дадов 3.75 мл парацетамол (3.75мл пишуваше за од 9 до 12 кила односно од 1 до 2 години, значи поразличен е сирупот од нашиот македонски парацетамол, различно е дозирањето) околу 20:00 часот, нема качено од тогаш, па веќе не би требало да качува. Синоќа се испаничив дека качи многу брзо, 3-4 саати после сирупот, среќа што ме просветливте дека може наизменично да давам на 4 часа. Мислев дека над 40 одма се појавуваат тие грчеви. За наредна тт здравје ќе сум посмирена. Сепак не било толку страшно. Човекот се плаши од непознатото. Фала ви на сите за помошта.
@gjoker4e веќе си добила одговори, јас каснам, ама не читкам баш секој момент, како и да е мило ми е што сте ок. И моето пред две недели истото ја фати температура 39,9 неколку дена варираше и многу тешко спушташе, ама и јас како @Ava.84 само на 8 саати Ибупрофен и со туширање, ладни облоги и многу течности. Од педијатар тука не добивам нити други лекарства, нити препораки за комбинирање на лекарства, а што е најчудно ниту инхалации не препорачуваат. Моето па не сакаше никако течности, едвај се изборив со триста глупости со лажење некако да пропие вода. Ќе биде добро позз.
Големиот воопшто не сетив кога ги извади, а малово првите две без проблем, со вториве две маки мачи. Паднат имунитет, вирус (грип). Мачкај гелче ако имаш.
Мојов ги вади петките и највеќе му се одразува на спиење,или ќе стане сред ноќ па седи до сабајле или се буди во пет и буден си е.
Не ги ни осетивме првите 3, еве сега 4тата пробива, нон стоп се чеша, ама го прашувам дали го боли ми вели не.
И на малава се поклопи забите и вирусот. Значи можи од забите да паѓа имуитетот и да се разболува? До 8 месеци ни еднаш не се разболи. Баш кога почнаа да излегуваат забите,полнаа и вирусите.
Да, кога никнат забите ослабува имунитетот. Па полесно се фаќаат вируси и бактерии. Затоа и се разболуваат. Моево досега не настинуваше вака кога претходно вадеше заби, ова се последните две петки.
Воспалено уво заразно е? Детето на женава што го чува има воспалено уво, веќе три дена пие антибиотик и вчера ми се јавува дека педијатарот рекол заразно е па до понеделник дома да седи. Ми нема логика така да е. Значи нема ни грип ни вирус ништо само воспалено уво веќе три дена на антибиотик.
Кај може да добијам одговор дали воспалено уво е заразно? Ми нема логика. Женава постојано ме лаже, ме мафта и ред други ствари и итно ми е да знам дали е ова е вистина. Пред скоро две недели беше болно, па воспаленово уво е последица на шлајмот што се слевал. Следно е во понеделник да ми се јави после два часа и да рече дека прв ден после две недели па да не и дојде многу, како минатиот пат кога трчав по дете мислев плаче, а тоа радосно не сакаше да го земам. За џабе ја плаќаме. Мислам секако од 1ви мај во градинка ќе почне ама ова ако не е вистина ми е капката што ја прелева чашата. Ако е вистина има фора за уште една капка. Јас сум овцата затоа ме стриже како сака, за се и викам нема проблем, добро, може ама затоа културно од 1ви мај градинка.
Ако детето има бактерија активна тогаш е заразно зашто може да се пренесе од дете на дете. Плус кога е воспалено увото може да биде опасно за детето штои има воспалено уво ако накалеми бактерија на што и да е што го предизвикало увото па детето треба да биде изолирано барем одредено време додека не помине увото.
А нели бактеријата е внатре во увото? Никако не ми е јасно и логично. После колку дена антибиотик не е заразно?