Мојот имаше инфекција во уво. Дете ми се изнамачи тогаш. Ојдовме на брза помош тука и докторката вели има инфекција во уво дека од мрсулите што не знаел да го шмрка и му се заблокирало се и ете инфекција. Така ми објасни. Ама претходно пак братучедтето исто пиело антобиотик и имало болно уво а ние не знаевме и мислам дека беше прифатил од него некакава си бактерија вирус или што и да е. Ми даде антибиотик и после првата лажичка одма дете стана на нозе проследено со чистење на носот со шприц. Да така би ти кажала нека седи дека секако кажал докторот ама и за секој случај Ама од друга страна па веќе и се имаат смешано не знам.
Јас кога отидов кај золвата малиот го имаше испиено антибиотикот за некој вирус инфекција не знам точно што имал. Значи беше здрав А колку поминало не знам мислам една недела После таа недела беше здрав и ние отидовме и малиот ми почна да му течат мрсули и од тоа што не знаеше да ги шмрка а релативно многу имаше закачи инфекција на увото. На крај и јас се разболев и качив некоја темп и не можев да голтам со грлото што прв пат у живот ми се чини ми се имаше задесено И одпосле зетот и золавата кажаа дека зетот пиел исто антибиотик не можел да голта и да збори со грлото а молото било болно и пиело антибиотик.
Штом пие антибиотик мора дома да седи 5дена до 1 недела тоа е правило.Мојата имаше воспаление на мочен меур со пелени беше па седеше дома.Како ќе ги зарази другите деца? Правило. А секако ако ја боли увцето ќе ја сака само мама
Хахха, не е дека очекував магичен рецепт ама нешто дека со сечење на цуцлата или слично некому му успеало...
Извалкај ја со кафе или нешто слично и дај му ја сам да ја фрли во ѓубре. Кажи му дека е голем и дека не е веќе бебе, само бебиња имаат цуцли. Ако ова не помогне, тогаш фрли ги. Не помага сечење или одолговлекување. Мораш да пресечеш, ретки се тие што сами ќе се одвикнат без проблем.
Фала ти, објаснувањето до сега не ми помогна, пробав да ја "оставиме" на едно бебе ама залудно. Треба да се охрабрам јас очигледно.
Мајка и ние користиме цуцла а имаме 20месеци. Пред два месеци ја откажуваме пополека, односно преку ден не ја користи туку само кога ке дојде време за спиење, и сега веќе кога ке и ја дадам знае дека треба да спие, Тука комшиката детенцето било со цуцла дур почнало нашколо, (шо е многу многу е) така да без форсирање она кога не ја сака сама ја фрла, а и нека си цуцка што ако... Јас не сум против цуцли...
Иста возраст е, ама нон стоп ја бара цуцлата. Дење ноќе. Си зацртав дека до втор роденден ќе и ја тргнам.
Во колку часот е ручекот на вашите деца? Син ми задутре полни 17 месеци и деновиве ми се вртат некои мисли низ глава дека руча многу касно. Инаку станува околу 7 и пол, доручек околу 8 и 30, накај 11, 11 и 30 часот ужинка и од 12, најкасно 12 и 30 тој спие. Кога стане околу 14 и 30 одма јаде, најкасно до 15 часот. Околу 17, 17 и 30 ке грицне нешто малце и во 19 часот вечера. Потоа заспива во 21, најкасно 21 и 30. Вака функционираме веќе неколку месеци. Претходно пробував прво да руча па да спие, ама едвај јадеше од што му се спиеше, со зор.
Синко ја фрли во вц школка, брзо пуштивме вода и се збогувавме со неа. Некој ден ја бараше за спиење, ама брзо заборави. Ако може да исценирате такво нешто, може ќе успее и кај вас.
Горе доле и ние имаме ваков распоред.Доручекот во 9 и е,11.30 ужинка или цица,12 е заспана,14.30 стснува и руча,17_17.30 ужинка,вечерата во 19.30 и е и заспива 21.30. 14+ е.
Мајки, ние сме 16+ и веќе 2 месеци млеко ад не пие. Давам само во млечни кашички понекогаш. Рано да не е што го одби целосно млекото? До која возраст се препорачува пиење ад?
не знам дали има негде тема за ова, имам прашање за кажувањето НЕ кога се децата околу година дена. Моево како да не разбира, дали ако им речете за нешто не, гласно и строго, престануваат да го прават? Барем на секунда? Или воопшто? Од кога треба да очекувам да ме послушува? Порано кога буричкаше во штеќер ако и речев не ќе престанеше и ќе и го свртев вниманието на друго, а сега ме игнорира скрос и продолжува пак и пак (пример да ја фаќа рерната кога внатре свети), или да лапа кабел)) не и не, опасно или што и да речам ништо не помага, морам физички да ја тргнам сама да не го прави тоа.. Докторката на преглед ме праша дали разбира 'не' и сега се мислам дали .. некој совет?
Осанит гранулите освен директно во уста,дали може да се дадат во храната или вода? Си ги вади од уста и ми ги дава,не се топат толку брзо.
тие што имате ваков распоред цицаат уште вашите? и ние (12 месеци) имаме сличен распоред, ама сеуште цица по потреба и некако многу малку ми јаде, мислам можеби затоа што цица кога сака па знае дека ќе надокнади со тоа.. како го регулирате цицањето измеѓу?