Цица да,јаде 3главни оброци под 300 гр.не е. Две ужинки,ноќе се буди на саат два цицa,преку ден еднаш или два пати,а колку е слабечка... Внуками повеќе цицаше,не беше мерак за цврста храна.
Мојот до 9 месеци цицаше меѓу оброци и ноќе кога сака колку сака. После заменив подој меѓу доручек и ручек со ад (се спремав за работа). Цицаше кога ќе дојдев, и навечер. На 13+ го одбив, останаа две млека меѓу оброци, вечер за заспивање. Па едното меѓу оброци го исфрлив, а сега е 18+ остана само млеко пред спиење.
Еве од мене мајка, ќеркичкава е 20месеци нит да нит не знае хаха односно ако и кажеш не, она за инает го фаќа, кога чепка по фиоките прво за ножот се фаќа, ти и велиш не, фрли го, какано, абе намерно го фаќа и мафта со него, јас мислам дека уште се малечки, мајками вели кога ке се најдеш во таква ситуација сврти и го одма вниманието, вели мора флексибилна да сум, џабе ќотеќ џабе викање, само шо нервите ке ги изгубиш, цитирам
@KidA мојата разбира кога ќе и речам НЕ (дека тоа е забрането и дека не смее да го прави или зборува)) ама не престанува да го прави тоа туку ми се смее во лице и пак го прави тоа . Упорно гледа кога ја гледам и баш тогаш го прави "забранетото" нешто и ми се смее во лице. Затоа јас игнорирам. Или ќе и скренам внимание со нешто друго. Колку повеќе викам не, немој, толку повеќе го прави тоа. Во однос на млекото мојата не цица и два пати пие млеко. Еднаш пред спиење денски и еднаш нсвечер пред спиење.
Допрва ќе те тестира. До кај три години сигурно, ќе испитува до каде може да оди, и колку ќе толерираш. Тестираат граници, затоа прават нешта што не смеат да ги прават. А секако дека разбираат што значи НЕ.
фала ти, и на другите сите што пишавте. значи да не се сомневам дека разбира само како да постапувам треба да гледам - знам дека многу се битни ограничувањата и дека не треба да има попуштања, само не знам уште како да постапувам кога не слуша со збор, најверојатно после НЕто треба да и го скренувам успешно вниманието со нешто друго (читав пример, книгата не ја гризи, еве ја Софи неа може). ама од рерна пример за ништо живо кога не се трга си мислев дали треба да ја кренам и преместам - сигурно.. само не ми реагираше никако ни да ме погледне па пак да проба туку мене на игнор и по свое. Исто и надвор ми прави сега кога прооди, ќе затера негде и викам викам на цел глас, не бе не се врти за ништо живо. Морам да ја стигнам па да ја свртам накај треба да се оди)) Ај можеби само истражува. Ептен сакам ем слободни и радознали деца, ама и послушни да се кога треба. ММ ми вика готово ете, ти не викаше не не на секое, сега чуди се. Се надевам не е се изгубено
Мајки како ставате капки и маст во очи... ај маст ќе ја намачкам некако во спиење ама капки нема шанси. Тоа е лудило од вриштење, црвенеење а не сум се ни приближила.
Легната на кревет и со рацете и го држам лицето да не мрда, мм става капки. Вришти, пишти ама тоа што се мора мора. Ќе поплачи, ќе помини
мора двајца, еден да држи.. и ние така со трста маки и плачки стававме. ја прашав и докторката - рече тоа е . среќа само три дена требаше.
Ми треба помош мајки, вчера ќеркичката {20+} скокаше на креветот и падна и се удри на ивицата директ до око (си игравме фајф литл манкис) за малу фалеше да ја носам на шиење само набиено, знаете кога ке ви удрат бокс и сабајлево десното око потечено и цел очен капак модар, ако ја видат комшииве ке ме пријават за семејно насилство па дали треба да ја пачкам со нешто, некоја маст или да оставам така да помине?
Незнаев каде да го поставам прашањево па се надевам може и овде. Правев штрудли со мак ( афион ) па сега читам на гугле поделени мислења за давање на дете. До сега не сум дала и сега сум на мисла искрено. Педијатаркава неможам да ја добијам да би ја прашала. Мада незнам колку и она соодветен одговор би ми дала. Не дека мора да проба туку ете ме интересираат ваши искуства. Дали сте дале нешто со мак? Инаку за некој ден ќе е 23месеци.
Софи јас имам дадено штрудла со мак околу втората година, ама ни на памет не ми паднало да проверам дали смее да јаде. Ама колку што се сеќавам немаше последици
Искрено и тоа читањето на гугле не е на арно некогаш. Од памет се извадив што изначитав од српскине форуми Па сеа и на мајка ми и се јавив, жена се смее вика абе нема 6-7месеци детето и сигурно нема 5 парчиња да ти изде. Фала Нарцис на искуството Сеа да се испече и ќе му понудам верувам ќе ја бендиса.
Давај ако јаде, нема ништо да му биде. Што се изначите по форумиве? Ако ти е шубе дека се работи за афион, немај гајле, не е зрното тоа што ги содржи опијатите.
Ма искрено некогаш и подобро да не се читаат сваштарии. Мада кога прочитав искрено ме ставија во мисла.