Навикнато е да си добива Ад , мислиш мало е , ама и те како си знае дека ќе добие млеко , појди на педијатар најдобро за ова треба да се консултираш со мед лице стручно , затоа што не е ден два само вака , побарај зами и сама суплементи витамини за отварање апетит , сигурно и док тоа ќе ти даде . Мораш да си силна , колку и да те боле душа , крати му Ад за негово добро е тоа . Ќе помине се ќе ручка пак
Од 11+ почна да откажува јадење, тогаш го залажував некако со цртани, играчки па каснуваше по нешто, почна да му се гади од блендирана храна и му давав парчиња ама ги тураше на земја и газеше или фрлаше,сега е поголем и не се лажи со ништо, во хранилка не сака да седи, од стол е спремен да слези (скокни). Од како прооде 16+ нема изедено ни еден оброк. Со педијатар не можам да се разберам за незе е нормално тоа, Австрија живеам. @irena.1 нема никакви промени. Јас сум со него постојано не оди во градинка, често патуваме си одиме за Мк ама мислам дека му е исто. Кога јадеше секаде јадеше сега кога не јади никаде не сака да јаде сум пробала и дома и во природа не сака.
И јас се надевам ќе пројади, постојано читам и има многу други мајки во иста ситуација како мојава. Од нигде никаде престана да јаде се надевам и дека така ќе почне пак да си јаде. Нив им се периоди ама мене коса ми побеле. Скратив веќе АД на 3 пати дневно. Матичната не ми дава ништо а јас сама незнам што да земам овде за апетит.
В комплекс даваат за апетит, да го пие бар 3 недели.витамин д за јакнење на имунитетот а може и мултивитамини плус.
Мајки како се справувате со претрпен стрес и страв кај малите?? Мислев дека е ок, ама таа од ништо се врза за мене ептен. Плаче зајдува штом направам чекор. Ноќе ме бара по кревет ао рака, кенка. Ја држам спие, се стресува и издишува. Здрава е, ок е се. Вака е весела си игра, реагира се нај нај нормално. Ама еве не дава да ја легнам во кревет. Стресна ситуација, мислев мала е, ама изгледа тоа мозочето и памти. Само не бајачки. Не дека не верувам, туку не ни помогнало. Црква и молитва исто. Едноствано сакам совет што јас да превземам освен да се наоружам со живци и трпение, а и секако да не ни прејде во навика.
Не знам за каков стрес се работи, ама во таква ситуација само да бидеш до неа кога и да ѝ треба. А ти веќе го правиш тоа. Јас секогаш кажувам дека мама е тука и секогаш ќе биде со неа. Ќе осети сигурност и ќе чекаш да пројде. Децата имаат неверојатна меморија.
Истото се случи со мојата кога примаше инфузии пред две недели. Стануваше и од сон викаше мамаа тетките боцкаа и плачеше. Само ја гушкав и и зборував и пеев и ќе се смиреше. Еве после две недели пак знае да и текне и да почне да плаче го крева ракавчето и покажува каде ја боцкале и плачи тетките боцкаа. И зборувам и кажувам дека помина, нема повеќе, ќе и пуштам песна ќе пееме ќе заборави.
Мајка ми имаше инфаркт пред неа, сликата да не ја опишувам, мислам од мртви ја вратив. Многу вриштев, малата плачеше, ја седнав до мајка ми немав кај.. Еве прееска и падна помадата зајде од плачење... Греота.. мислев ќе заборави, скоро месец помина. Гледам ептен да сум смирена. Тука сум и велам, не те остава мама. Ќе те чува. Многу ми е жал, многу. Многу мала а таков стрес.
Тоа е тоа што треба да правиш. Можам да ја замислам глетката, страшна за возрасен, не па за толку мало детенце. Можеш евентуално да се консултираш со детски психолог и да видиш што ќе те посоветува.
Се исплашила Цвет, сонце мало Само мнооогу гушкање, спиење заедно, да осети блискост. Нека е до тебе нонстоп, како расте со тек на време ќе се ослободи. Убаво те советувала @NarCis@ , не е лошо да побараш совет и од детски психолог за полесно надминување на стресот. Душичка мала
Ај сега јас да прашам нешто, иако можеби глупаво прашање Кога почнаа вашите деца да пијат обична вода, од чешма? Бебка е 13 месеци и сеуште користам флаширана за неа за се' (и за пиење, и за готвење, и за ад млеко). Сакам да почнам да и давам обична вода, мислам дека доволно е голема, ама да прашам искуства
Ние си пиеме со мм чешмовача, само бебка пие флаширана Убава вода имаме во Ск, знам од блиски извори дека е одлична за пиење и ретко квалитетна во споредба со регионот. Арно ама, бебка нема ни пробано вода од чешма, никогаш и на ум сум да и дадам, голема е веќе. Банкротиравме со водава, само пакети се влечкаат дома
Јас не сум и дала уште. Ни ние не ја пиеме од чешма. Купуваме изворска од 10л. Некогаш и од бокал со филтер.
Јас тетрапак давам зошто пластика поштетно е него ли чешмовача ( ова според мм). Ако ви е нова градба куќата дади од чешма, јас не давам зошто сум во стар стан па којзнае какви се цевките.