Секогаш во Авицена за 2дена ми биле готови брисевите за детето и негативни. Без разлика дали се негативни или позитивни за два дена ги изработуваат. Чим ви е црп мирно и кс добра тогаш немаш место за грижа. Ако има бактерија црп ќе е покачено и некој од параметрите на кс ќе отстапуваат. Све ќе си биде во ред и негативни ќе се брисевите.
Се сретнавме пред зграда со девојчето од под нас и се изнаиграа со моево. И мајката ми вика само што дошле од педијатар требало да влезат им препишал антибиотик па да пие. Така се штрекнав во моментот и после тоа седнав да размислам. Дечиња, ќе се разболуваат. Подобро е да се дружат. Кога ќе пораснат нема да се сеќаваат на болестите туку на другарчињата и убавите времиња. Ако размислуваме поинаку никогаш не треба да пратиме дете во градинка, не треба да одиме во детски парк или во игротека. Само опуштено. Не велам да има морбили и намерно да се однесе да префати. Нека се дружат со сите, не ги изолирајте. Животот продолжува со нормален тек. Јас и на женава што го чува и реков кога некое е болно дека нема проблем ќе оди моето. Во градинка како? Едно ако е болно, кај друго болеста е во почетна неприметлива фаза. Јас се сеќавам на игрите во снег и чизмите полни со вода, не се сеќавам дали сум била настината некогаш. Многу се изнапишав ама многу често читам како се изолираат децата. Се дома да се. Тоа било нечисто, тоа со мрсули, тоа тт. Епа тоа е, деца. Нека се дружат, социјализираат, нека растат со другарчиња. И да додадам пред да ме нападне некој. Ако некое има плус проблеми тогаш можеби ок е да не се меша меѓу деца. Ама да излегува од дома дете несфатливо ми е. Има шуми кај што нема никој. Само природа и свеж воздух.
OK, vo pravo si. Ama mislam deka e ok majkata da napomene odma deka deteto I e bolno. Iskreno, sum za druzbi, ama ne sakam da ja mesam so bolni, toa e moe mislenje. Pre mi e nejzinoto zdravje. Pred dva meseca mi donesoa stomacen virus doma. Ne mi kazaa pred vreme, tuku otkako dojde majkata. Epa neka mi izvini I druzba I se, ama moeto dete mnogu tesko pomina.
Мајки синко има осип на препони и на тестисите, накај газето нема ништо. За прв пат се појавува ваков осип и не знам од што може да биде, нема пробано нова храна, немам сменето пелени и влажни. Матичната вика мачкај креми. Не ми се носи на преглед има многу вируси а таман сега оздрави. Ме загрижува што има на тестисите цели му се црвени. Го бањам со камилица, го одмивам неколку пати во денот, мачкав оргинал павловичева секогаш помагала ама сега не, купив и пантен и тој не помага. Ќе купам денес и веледа да пробам. Некоја со слично искуство и совет?
Не испробувај со кремите да не направиш полошо и компликација, може треба да дише кожата. Може го облазило нешто. Чувај го гол, одмивај со камилица. Педијатар ќе каже најточно. Немате опција за доктор дома? Ако не помине за три дена со луфтирање, одмивање со камилица и не користење никаква крема, носи на педијатар.
Син ми често е така црвен,прв пат кога така се вцрви на др ми рекоа дека е пеленски осип.Ама мене на пеленски осип не ми личи пошто баш е црвено како да му биле стиснати (не знам како другачие да доловам колку е црвено ) Стариве викаат дека мокрачата му била лута , бидејки често се јавува а со едно мачкање на крема одма поминува.Кај син ми е така , повеќе од 1-2 дена не било црвено . Јас ја користам оваа крема, магична е . .
Гугл вика од влажност. Се испотил. Било топло во просторијата кај што сте престојувале. И знаеш памерс, па фармерки, или плус и хеланки ако има, за неколку часа може да се исфрли ама ништо страшно, често се случувало кај малите деца.
Нема овде таква опција доктор да дојде дома. Инаку го чувам гол, кога мочка не го боли. Термин дури другата недела. Ќе видам како ќе биде денес и ако не поминува ќе го носам на брза помош. Прв пат се случува ова.
Што давате превентивно за кашлица , малава два дена еве ја кашла и не ми е баш нормлно кашлање , .вчера и со залипнат глас се разбуди , сега пак гледам и носе и се растечи малку . На доктор не ми се носе уште сега , премногу гужва е . Некој сируп на природна база ? она со кромид нема теорија ја фрла чашата .
4 дена. Купив веледа уште со нејзе да пробам. Читав и јас по интернет да се остава кожата да диши па цел ден беше без пелена. Проспан сируп. Нас само тој ни помага.
@orhideea како поточно изгледа осипот сега? Мојата кога имаше осип на препони испадна габична инфекција и со обични креми не поминуваше, туку мораше терапија да прима. И пелени само за спиење, преку ден во гаќи.
Црвен е на препони и на тестисите има црвенило. Преку ден е без пелена мочка каде ќе стигне нокшир не сака да види. Прегеска се помочка, беше по боди и дека бодито беше мочкано му лутеше и го тегнеше. Го бањав пак со камилица и намачкав веледа пред спиење ќе видам утре дали ќе има подобрување.
А само црвенило е? Има како ситни мозолчиња со суви врвови? Ама опишав И мојата не сакаше нокшир да види тогаш, немаше ни година и пол.
Супер опиша. Да има такви на препони мозолчиња со суви врвови. А на тестисите само црвенило. Мојот е 1г 7 м.
Мое мислење да одиш на доктор побрзо ако е така. Ние долго чекавме, мачкавме креми, прскавме џинџира, и на крај се влоши. Испадна габична инфекција и ѝ препишаа терапија со канестен и афлодерм. Нормално, од тоа ѝ помина за 3 дена. Носи го, пошто вака се мачи. Од габичната исто пече урина.