Многу ми е страв ама ќе се боцкаме ММР место 6-валентна иднава недела, да сме здрави и прави, прво крвна слика. Ако одложиме со ова многу ќе одложиме со прегледи на очно, дефектолог, кардиологија. У фрка сум, мало ми е џивџи од една страна, ама па епидемијава уште тера од друга страна.
Денес малата ми прими ммр. Ми нагласија да не ја мешам во колективи 2 недели, но не знам за шетање надвор дали да ја вадам? Како направивте вие?
јас го шетам и излезени сме надвор така да мислам треба само да се припази, а не дека не треба воопшто да се излезе.кај нас барем невозможно е
Како се справувате со немирни деца? Значи моево ме полудува, се качува горе на гарнитура, пред телевизор се пентари, кога ја симнувам, вришти. Значи не можам ништо да фатам по дома, ме мрднува ако верувате. Не застанува по цели денови. Дали е фаза не знам, ама ПОЛУДУВАМ, треба нонстоп да стојам до неа да не падне или бутне нешто. А кога сме излезени на прошетка не знаете што ми прави, оди по луѓе, деца што ќе ги сретне, кога ја тргам, вришти, значи се срамам, сите гледаат во нас.
колкава е? моево сега ќе полни 2год, и таков сличен период имавме од негови 17-18 мес, но сега последниве 1-2 месеци се смени и тоа бајаги. тогаш кај нас беа тантруми веројатно.и сега знае да не му е денот но каде каде е подобар, почна и да разбира па и да соработува. но јас се трудам да го држам онака да мисли дека сум "авторитет" бидејќи сум по цел ден сама со него (навечер со мм ако излеземе сите) и знам да свикам во ситуација само кога треба. затоа те прашувам колкава е..
Мала е женската да кажеш дека е немирна истражува уште Треба да и кажуваш дека не треба нештото да го прави. Ќе се научи дека не треба. Дечињата се бестрашни. Затоа така секаде се качува, скока Мислев само моево е такво. Ама кога ја шетам, гледам и другите дечиња на нејзина возраст се како неа а баш си викавме со мм детево невоспитано ни е, отиде возот Ние и зборуваме нон стоп. Она ко ќе направи "беља", бега и се крие во едно ќоше скришно. Таму и кака чим е таму нешто работи
И мојава штом е во ќош или кака или смислува некоја беља. Вчера кога ја видов качена на столот во трпезарија срце ми застана.
Жени здраво не знам дали е соодветна темава за моево прашање ама сепак ќе си прашам тука. Кажувајте како да пројаде ќере јајце? Значи нема шанси ни да го замаскирам ни така да го јаде дури ни како пржено лепче. А го осети вкусот на јајцето мислам дека добива нагон за повраќање. А се ова започна кога и воведов белка. Жолчката без проблем си ја јадеше а па сега не сака ни да ја види. Ќере има 2год
Незнам дали ти јаде блендирано. Синко мој е 1 г и 8 м. Во 100 мл вода ставам 1 ипол голема лажица палента или гриз и кршам едно јајце, мешам додека е готово јајцето и палентата/гризот со постојано мешање не загорува и јајцето е сварено. Во блендер ставам една банана некогаш 2 урми или 1 лажица мед и лешници, блендирам и доаѓа ептен густа каша. Синко сам си ја јаде со лажичка. Кај нас само вака проаѓа јајце. Од бананата воопшто не се осеќа јајцето.
Јас жочката така и ја давав со палента и банана. Ама више не ми јаде блендирано мора да се големи парчиња за да џвака иначе нема шанси да пројде блендирано. Фала ти сепак ќе пробам јас
Вакво давате? Јас за мене си купив за ужинка, на диета сум, хахах, ама гледам кидс пишува, па дали да давам и на малиот некогаш за ужинка.
Бројам калории... мора 3цифренава моја килажа 2цифрена да биде.. Македонската декларација не е точна гарант различни се бројките и едвај се гледа полуискинато, ако некој разбира еленики : На веб страната се фалат без конзерванси, бои и сл...
Мајки овие точки му останаа на синко од варичела. Ќе му поминат ли? Страв ми е да не му останат лузни.