@fana Има во Зегин, јас од таму ги купувам. Ама би требало во секоја аптека да има. Ефикасни се покажаа кај нас. Има и апчиња за против повраќање, Антиметил, од ѓумбир се и исто ги фалат како ефикасни. Ги немаме пробано, не сакаше, па поминуваме со лижавче.
Да, на сите над 3 пишува. Ама ми кажаа дека поради тоа што е во форма на лижавче, инаку се природни на база на ѓумбир. Ние до 3 години нигде немавме мрднато, страшно е кај нас ко ќе се вози.
@kristina.k @kukla21 фала девојки. Инаку не станува збор за патување. Имавме бронхит и ги повраќа шлајмовите и мешето му е надразнето со нагони. Не верувам дека станува збор за стомачен вирус нема температура ниту пролив не е нерасположена ама нагони има па мислев дека со овие може да се смири нагонот. Фала уште еднаш мајки
@fana тогаш и мента водата што ја даваат за стомачен да ја пробаш, има по аптеките. Баш за нагон за повраќање да смири е, прв пат ко имаше стомачен вирус ни ја препишаа, може и за помалечки. Ама добро е да ги исфрли шлајмовите ако има уште.
Мајки, можно ли е од што вади моево 4ки (вајда вади, отечени му се непцата) вечерва му мерам темп 37.7 па 37.9, по некое време 36.5 па 36.8.Ќе заспие и кенка се буди неколку пати. После заспа кај мене во раце, му мерев темп 37.2 па сега 36.7.Од што може така да варира температура? Мерам и со живин и со без контактен исто е. Година и пол е и прв пат вака качува темп.
Мами, од кога почнаа вашите деца да спијат по еднаш во денот? Мојава е 15 месеци и сеуште има две дремки од по 2 часа во просек, абер нема да ги скрати, сама си бара да спие. Знам дека нема правила, ама ете чисто ме интересираат искуства
До 1 1/2 беше така. Дури последниве два месеци почна да менува и преспива по еднаш. Како се затопли гледав да е надвор и прва дремка околу 12. Вака издржува со една дремка и во 20 е во кревет.
Бебе мое од кај 10м има една дремка Доколку дремките немаат влијание за заспивање на ноќното и за должината на ноќниот сон се дури сака нека спие, чим бара потребен и е одморот.
20+ сеуште има по две (долги) дремки. Не му кратам ,сам си бара . Навечер сврзува сон, од 20,21 ч до 6.30,7:30 кога како
Леле браво бе.. Моево една дремка од саат и пол до два.. Станува кај 7 заспива накај 22h.Некако периодов го изгубивме редот на заспивање во 21h
Моево од 10+ некаде има една дремка од 3 часа а некогаш и 4. Станува одприлика во 9 па во 12 го заспивам и навечер до 22 најкасно е заспан.
@Sexybaby86 штом не и пречат на ноќното спиење нека си нане два пати. Моето од 10-11м скрати на една подолга. Претходно имаше две пократки. Ама он си е типичен денски неспијач од бебе.
Исти сме и ние. 16 месеци, две спиења по 1:30 до 2 часа преку ден и навечер до 20 е купче. Сабајле е станата пред 6 секако .
Se odbivme vcera. Gradite sega mi se prepolni,teski I me bolat.Ve molam sto da pravam,nesakam da pijam apcinja
Здраво керка ми е 1г и 5 месеци, овие денови дали од сто ја примавме инекцијата мрп дали дека е галено е ептен нервозна, и ако не и погодиш нешто почнува да се треска и со главата да удира. Ве молам за совет и искуство како да ја сменам таа нејна навика пробав со карање ама јас пискам она се смее или уште толку плаче и си ја удара главата...денес едвај ја спрецив да не ја удри главата од ламинатот, незнам стварно како да постапуваме ...
Фаза е. И мојава има вакви испади. Јас и зборувам кога така прави. Не дека разбира, ама доволно сфаќа дека не треба така.