Од твоја уста во божји уши раце ни попаѓаа Тешка е веќе Мојава е ко уличарка. Нон стоп е надвор. Станува, јаде и одма фаќа вратата. Спие, руча и пак надвор. Рацете и лицето и се исунчани ко на море да била со месеци.
Нашите некоја слична крв носат. Мм вика бетер од уличари сме. Да не беше комплициран за јадење гарант надвор ќе јадеше.
Исто морам дома да ја носам за да јаде инаку надвор се ја интересира, само храната Пс. Имам баба од струмица. Да не имаме некоја жичка
И ние сме по цел ден надвор. Мојава по цел саат јади дома со цртани,инаку исто надвор би јадела. @kukla21 уште се нишате за спиење? Мојава после година не сакаше веќе...ама цела година душата си ја извади.
16м сме, и ние уште се нишкаме за спиење, кратко трај ама враце кај мама е најубаво Некогаш се алучило да го легнам до мене и со нишкање да заспие ама несакам така нова метода да го учам ајде ваљда ќе почне сам да спие
Да ве "утешам" мојата е скоро две години и уште со нишање ја заспивам Како што рече и кукла сама си бара и се вели "мама земи надија в раце", "нишај надија, надија сака спие"
Мамички ај помош ако имал некој ваков проблем. Година и 9 месеци сме а имаме само 4 забчиња. Вчера една ми вика најверојатно нема детето Д витамин до сега требало повеќе да има заби. И од вчера ме стави во мисла. Дали стварно се малку заби за неа? Дали стварно Д вит има улога? Јас од мај месец и прекинав д вит зашо ортопедот така рече. Незнам дали да испитам д витамин кај нејзе.
Мојата до 11 месеци имаше само 2 запчиња.. И баш пред роденденот извади 7 одеднаш. Едит: сега гледам дека е година и 9. Од братучедка малата на 17м извади прво запче.
Мајка ај не слушај чаршиски муабети. Има деца кој прв заб ( ете малиов од другарка ми ) на 3мес извади и на 1г беше полна уста заби. Внук ми прв заб извади на 13/14мес. Не секое дете е со иста генетика ( забите се генетска претпозиција ) кај некој порано излагаат, а кај некој покасно. Не споредувај деца, а на таквите кој ти делат мислења многу едноставно можеш да ги пресечеш со муабет. Недај Боже да има недостаток на витамин Д тоа самиот ортопед при рутинска контрола ќе го увидеше ( начин на одење, стоење, развој и цврстина на коски, правилна/неправилна форма на раце, нозе итн. Остај дете ќе му излезат забчиња може наеднаш до 2г ќе ги извади сите до 4ка, а после 2г и 5ките.
На мое комшивче заедно со мојата му излегоа двете двојки и единичина,сега на мојата и никнува 16забче,а тоа остана со тие четири. Никој не рекол дека има проблем. На другото комшиче 11месеци е и забче и нема никнато. Мојава е 1и 6месеци.Кај секое дете е различно.
Ѕверов мој (~14.5месеца) јадеше 3 оброка, 1 ужинка и 2 пати млеко (сабајле и навечер, вкупно едвај максимум 300мл). Последниве 4-5 дена скроз го одбива вечерното млеко, па реков што ќе се мачиме па сменив малку распоред и му воведов 2ра ужинка овие 2 дена. Сега е 3 оброка, 2 ужинки и 1 млеко од сабајле. Не знам дали добро постапив? Страв ми е за течностите, му нудам секој пола саат вода ќе земе само 2 голтки и толку. А сеуште блендирано јаде (гадлив на квадрат со повраќање ако има парчиња), тоа ваљда како екстра течност се рачуна?
Мојот одамна го ближнува само млекото пред спиење. Вода тек сега почна да пие значително повеќе. Значително кога велам мислам на 100мл дневно. Втора ужинка не давам секогаш, оти некогаш после не сака да вечера. Како диктира така прави. Ако не сака млеко не мора. Кисело млеко, јогурт , доволно е.
Јас го давав до кај 20м, супер е. Мене ми беше најефтина варијанта а најдобра. Од поскапите пример Нан ми го одбиваше, Аптамил не ни пробав.
И мојот е уличар невиден, со татко му по цел ден си шпартаат , јас нивното темпо не го стигам за јадење и надвор си јаде тој, нема кај не јаде се дур се јаде и има за јадење А јас да ве утешам па сите до една за заспивањето што да кажам јас што мојот кога сме дома задремува само на цицка а нема ни еден ден стаж цицање цел живот на цицка, а не процица, само ме матретира, цуцла не фати, мојата цица му е цуцла и после 16 месеци јас уште имам млеко , гарант од шо ми дреме на цицка си седи си ја шмуцка и само така заспива. надвор ако се акало дооолги саати тогаш може да клапне и да заспие, али преку ден дневна дремка обавезнооо дома мора на цицка. навечер цицка, се зашеметува и на количката го вози маж ми саат време напред назад у место дур заспие. Многу маки истргавме со тоа негово лошо спиење, мн е комплициран за спиењето, кај заспива мачно па на секој саат време станува само тоа ни е мака со него, се молиме веќе сам да си заспива како човече, да си клапне на под и да заспие, ма дури и со нишкање у рака. да спие ко дете, мирно без будење. ќе се доживее ли и тоа чудо еден ден
Мајки едново дете ми има пролив четврти ден , ќе си има нормалн столица па пролив па нормална и затоа некако не паничев мислејки секој пат дека помонало ама еве од сабајле пак нормална столица и еднаш проливче . Мислев кајсии дека му давам ама два дена веќе не му давам и пак има , друго што почнав е да му давам тетрапак млеко навечер и насабајле ама и од тоа неколку дена наназад му давав во каши значи не е прв пат воведено. Единствено јагода му давам за прв пат овие 4 дена ама некако не ми се верува дека е од неа. @kukla21 како да те прочитав тебе дека ќе се селите во нов стан , ако може да ми кажеш кујна кој ви правеше.
За една не се секирам ама вчера беше 5 пати какан а 2/3 ппати пролив а измеѓу нормално . Што ли може да му е ? Заби?