Сигурна сум дека е гладна тогаш, зашто ручекот им е во 12. Ужина што и да каснала таму, до 17 е ту мач. Каснуваат божем, ама ќе им оставам нешто конкретно!
Денес на секој саат цица, како бебе да е. Пие вода и цица. Кога почна да ги јаде омилените јадења? Уште колку јас ќе се мачам и нервирам? Има ли надеж? Инаку, фала на споделеното.
Како успеваш? Има финта? Знам дека и твоево детенце беше нејадачка и не отвараше уста. Мојава, како да има патент на устата. Не ни пробува. Врти глава, не отвара уста, а знае и да се развриска ако сум поупорна со нудењето. Штом е со мене, само бара да цица, а кога е со баба, шмука Хипис и пие јогурт или јаде кисело млеко. И тоа е се од јадењето. Малку е, се плашам да не ослабе крвта.
Јаде уште со зарворена уста. Давам играчки, раскажувам нешто (колку да слуша зборување) и нудам. Знае да биди целосно дефокусирана, ама наоѓам што и одвлекува внимание и јаде така. Си го знае ритуалот
Мојава јадеше се и пред 4-5 дена качи температура (еден ден и траеше) и од тогаш ништо не јаде, само млеко, овошје, јогурт и сув леб. Пет дена нема ништо друго пробано. Се надевам дека и е фаза некоја.
И моево има една недела кога беше на јогурт, к.млеко и павлака. Без леб! И јас се потресов за крвта, ама немаше врска. Период бил изгледа. @Mimmi39 си пробала ли со фингер фуд? Стави во тањирче парченца варени компирчиња. Види дали ке сака. Дај и лажиче да држи, па и нека прави лом, битно да јаде. остави тањирче со лебче намачкано/пржено, на мали парченца цел ден да е на дофат, ќе поткасне. Јас немам ритуал, не ја молам, ако и се јаде ќе си каже.
Мајки малава веќе 2 месеци се врза толку за татко и, што дури очи нема сабајле уште отворено она тато, тато. Проблемот е што сака се татко и да прави, да ја заспива, да ја бања, облекува, турка со точакот значи буквално се, ако фатам било што јас одма плаче и ме тепа. Во градинка неќе да оди за жива глава и таму по цел ден плачела по татко и. Сега проблемов да биде уште поголем неќе сама да седи дома со мене, плаче на врата по татко и. Не сум ја карала ниту па тепала едноставно од уста не го вади. Што да правам ова реално стана проблем. Пробувам со се што сака да те шетам не тато, сакаш чоколадо, сладолед не тато. Не се издржува оваа фаза или проблем како да ја наречам не знам.
Добар ден мајки, да ве консултирам за нешто...тие што давате АД после годинка, од кое млеко давате? Малата пиеше Новалак до 12 месеци, ама немаше Џуниор, е сега се појави, ново е. Јас после Новалак 2ка земав ХИПП Џуниор и сеа има две врсти, а едното е многу поскапо од другото и различно е дозирањето. Стварно сум збунета со овие АД млека. На ХИПП пишува да пие 300-330 мл во 24 часа,а на Новалак најмалку 500 мл (што мислам дека е многу). Друго млеко не сум и давала, само ХИПП и Новалак, не знам дали да сменам. Вие какво користите и колку мл пијат џуниорите ?
Јас давав Новалак 2 до 15 месеци по препорака на педијатар,кога скроз го откажа млекото, две млека немам мешано, така да консултирај се со педијатарот, тој најдобро може да ти каже
Новалак ако е 2ка нормално е да пишува поголема количина оти е за помали деца. Ако добро разбрав дека си земала 2ка. А Хипп Јуниор 330 е тамам. Т.е доволно се 300мл после годинка оти јадат млечни производи. Мојот ни толку не испива. Иначе Хумана Јуниор пие. Јас никако да начекам Хипп. Или не го забележувам. Моето Хумана само прифати па со тоа продолжив.
Се мешам можеби кај што не ми е местото, ама внука ми пројаде кога ја одбија од цице. До тогаш знаеше дека не мора да јаде си има цице. Најубаво пројаде кога тргна во градинка на 2 години. Сега има веќе обравчиња. Снаа ми не веруваше дека јаде во градинка па и пратија видео кај што се гледа како сама јаде се пред неа. Ако си расте и си напредува не се грижи премногу.
Новалак 3ка земав, сега се појави, ново е, и на него пишува над 500 мл- затоа сум збунка . Го немаше откако преминавме на 3ка и затоа земав ХИПП тогаш. Педијаторот ништо конкретно не ми кажа за млекото, сите биле исти а инаку јаде кисело млеко секој ден и повремено и урда од млечни. Јогурт уште не сме успеале зашто уште не може да научи да пие од чашка или со клунче, цуцла си е цуцла
Исти е . Немаат голема разлика во составот. А пиењето индивидуално е. Некои пијат по 2 големи шишиња, некои ич.
Мајки ми треба совет. Дали некој користел тампони за уши за дете. Какви сте купувале и како се аплицираат?
Како сте мајка? Оздравевте ли? И јас за тампониве се мислев, ама на контрола докторот ми рече нема потреба само да не прснам вода директно внимателно периодов да бидеме. Вас од таму ви кажаа за тампониве?
Уф мајка. Вчера конечно си дојдовме дома. Првиот проблем се среди, ама во средата на контрола пред да не испуштат излезе дека има многу густ секрет заглавен во канал и мораше да му прават интервенција и да му вметнат цевчиња во ушињата позади тапанче за да вентилира и чисти, па во четвртокот интервенцијата и вчера не пуштија. Тампоните ни се препорака од таму и во наредниов период додека не испадната мора да внимаваме да не направиме секундарна инфекција зошто зсечени му се тапанчињата Се се заврши, ама душа немам веќе.
И ние имаме цевчиња. Кој доктор ве водеше? Туку, мене што ме мачи со тие цевчиња, какви ли се, што и да се, што кога ќе расте нема ли да засмета? Што се прави во подалечна иднина?