1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    Д-р Елена Димеска го оперираше. Инаку цевчињата по правило треба сами да испаднат. Она рече отприлика 6 месеци и ушето само ги исфрлало. Некогаш побрзо, некогаш поспоро. Во секој случај не остануваат трајно. Да не се исплашиш ако излезат. Сега во среда сме на контрола па ќе направам список со прашања.
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Сега сфаќам дека мене ништо не ми објасниле.
    Од извештајот сфатив кога го земав.
    Ај баш прашај што ако не испаднат, и како изгледаат кога испаѓаат?
    Не ли треба и после 6 месеци контрола? Ни тоа не ми кажаа.
    Те молам, ако не ти е проблем прашај нешто околу ова и те молам не ме заборавај да ми пишеш.
    Ме фати малце паника искрено.
     
  3. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    330
    Мајки ве молам за помош ако некоја има искуство. Малиот мие 13 месеци, денеска цел ден како да е исплашен од нешто, воопшто нејке да спие и кога ке заспие се исплашува во сонот и се буди, а исто и кога е буден многу често како да се сецнува, ако нешто сличајно мрдне, како да се плаши. Инаку си е весел, расположен. Од што може да биде? Деновиве по малку го причувуваат и бабите затоа што ние сме зафатени со работа, ама викаат дека демек не се десило ништо невообичаено.
     
  4. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Може му е различна околината деновиве и не му е вообичаено. Може го играат погласно или поразлично од вообичаено. Биди блиску до него, кога можеш. Да се чувствува сигурно. ;)
     
    На Marija_Magdalena и tamarce.j им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, чисто од радозналост.
    Од кога почнуваат да помнат дечињава? Значи да се сети на нешто после долг период.
    Имав една случка скоро.
    Бевме во охрид и одевме на гости. Одевме пешки меѓу згради, коли куќи.
    Пред да стигнеме кај луѓево, на одалеченост од една куќа, само што ја виде куќата рече тука одам.
    Многу беше мала лани кога бевме 11 месеци немаше, бевме кај нив сместени, ама не ми се верува толку да памти.
    Со мм баш се зачудивме. Пројдовме еден куп куќи, дворови, ништо не кажа.
     
    На Coco31 и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам едно прашање моето девојче има 21 месец и се уште става се во уста, рачиња, играчки и сл и многу често и се инфицира грлото( вирусно) и крева температура. Ама на секој две недели сме на лекар, докторката не знае од што точно вели некои дечиња се така.имала ли некоја искуство со ова?
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Иста е и мојава, на секои 2 недели висока тт, крвна слика ок, брисеви негативни, само џабе по доктори ја мачам.
    Док вика, градинка тоа е, мора да стекне имунитет.
    Последен пат тт буквално без симптоми други.
    Еве 2 недели точно од тогаш, кашла, нос тече и искрено сумљива ми е за тт.
    И јас мислам дека е од што пика се во уста, посебно цуцлата, фаќа со раце секаде, па фаќа цуцла..
    Не знам веќе што да превземам.
    И сирупи, и спрејови, све све, пак исто.
     
    На lovely girl M му/ѝ се допаѓа ова.
  8. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Колку пати/саати дневно спијат вашите деца на 13/14м?
    Како ги одвикнавте од нишкање?
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.207
    17м е.
    12 часа преку ноќ и 1-1,5 преку ден. Толку спиеше и претходно.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.627
    Допаѓања:
    104.368
    Пол:
    Женски
    Од 10+ спие по еднаш, јас најчесто го будам по 2часа сон, но он би и 3-3.5часа да спие.

    Од нишкање сам се одвикна, сам изрази желба со тркалање и буткање низ кревет да спие, кај 14-15м беше тоа. Иако сеуште знае да побара да е нишкан, најчесто кога поради Х причини не успева да си заспие.
    Година ипол е бебе :)
     
    На Skorpija25 и minneymouse82 им се допаѓа ова.
  11. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Мојава е 14 месеци, преку ден спијат 2-2.30 часа, од кј 13 до 15.30 отприлика.
    Никогаш не сум ја нишкала, сеа кога и се спие става глава на перница, ќе ја погушкам/погалам и заспиват, а ако сме излезени в количка заспива.
    Навечер заспива околу 20.30-21 ч, стамвит во 9 сабајле
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Мојата е скоро 18 месеци и уште спие два пати дневно по 1,5 часа отприлика (значи вкупно 3). Навечер спие по 11-12 часа, зависи (обично од кај 21.00 до кај 08.00-08.30 сабајле). Спанка била отсекогаш :D

    За нишкање, сама престана да сака во раце, некаде после годинка. Сега само ја ставам во креветче, легнувам до неа на спална и си заспива сама, гушната со омилениот зајак :D Некогаш бара да ја галам по главчето, го обожава тоа :)
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    7.029
    Пол:
    Женски
    14 месеци е спие еднаш преку ден по 1,5-2 часа.
    Од нишкање уште не е одвикнат.
     
    На minneymouse82 и Dalia93 им се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    На 14 месеци сеуште имаше две дремки, дека рано стануваше. Никогаш не сум го нишкала. Преку ден со баба и жената што го чуваше се заспиваа во количка. Сега веќе има една дремка. Легнуваме на спална и или раскажуваме приказни или само лежиме додека не се предаде. Некогаш побрзо запива некогаш му треба повеќе време, ама успешно е. Ако ептен почне да збеснува се правам дека спијам и чекам да му здосади и да си легне.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. НМарија

    НМарија Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Драги мајки, пак нов проблем, малата 3 дена не сака да јаде. Има 14 месеци. Супер си јадеше до сега, од неделата не знам што и текна ја врти главата на друга страна и само станува од столчето. Според Wonder Weeks е во скок. Дали е ова период и дали поминува? Од друга страна пак, почна лесно да заспива инаку по пола саат ја возевме во количка да заспие. Ова со нејадењево ме излудува
     
  16. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.627
    Допаѓања:
    104.368
    Пол:
    Женски
    Фаза мајка, скок, што и да е, биди спремна и на нејадење со недели, одбивање на омиленото, скокање оброци..
    И времево е никакво, па може само не и се јаде, секако ти ја знаеш најдобро, ако е фит, спие мирно значи не и се јаде. Ти битно нуди, пробај остави ја подолго гладна, пробај да ја смириш првин да седи на столчето, дај и нешто во раце што ја интересира, па бутај лажичката.

    Околу спиењето радувај се засега, ќе менува често.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Да Ве прашам: првпат ќе ги возиме децава во седишта ( 13 мес се). Како да ги монтирам: да гледаат напред, или како транспортери обратно?
     
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Напред, големи се веќе за обратно.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    На нашето седиште препорака беше 9кг или 15 месеци, што попрво ќе достаса, тогаш се вртат нанапред.
     
    На Bibi30 и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Синко 18 месеци многу е навикнат во раце да заспива. Како ја остави цуцлата и секое будење ноќе бара да го носиме во раце некогаш трае долго додека заспие пак. Исто и млеко му правам пие еднаш ноќе адаптирано кое сакам да му го тргнам ама незнам како ќе треба по саат време да го носиме во раце среде ноќ да презаспие. Дневното успивање исто во раце.
    И јас и мм само се жалиме на болка во кичма и караниците во животот ни се сведуваат на тоа кој ќе стане да го носи. До сега све што откажувавме ( намали млеко, тргна цуцла) све сам си даваше знаци дека е доста и не сме се мачеле ама неможам да терам со носењето во раце повеќе. Некој совет како да се справиме? Ако го игнорираме ретко се случува да презаспие, ама најчесто плаче вреска па мораме да го земеме.