За денско заспивање уште ја малтретира баба да ја нишка. Навечер сама заспива. Јас легнувам и она едно 10тина минутки се "врти-трти" и фаќа позиција. Од носење во раце не само половина, туку и желудник почнуваше да ме боли. Мојава ретко во татко и презаспиваше. Јас ја туширам, пуштам тв во спална, и она си гледа дур ја средувам. Кога е готова, ја оставам уште 2-3минути да погледа и гасам. На почеток ја нишкав кога ќе изгасев тв и постепено почнав подолго да ја оставам во темно да се врти на кревет. Еден ден заспа Направи си некоја шема за да знае што следи и полека, полека прави транзиција. Чим мојава почна да заспива сама, секој може
Шема си има - после парк- вечера па бањање се облакаме во спална малце се гушкаме и сам бара да го носам кога ќе му се приспие ова ако мм е втора смена ако е прва или слободен тогаш цел ред се изместува не сака да спие и потешко заспива. Ќе бидам поупорна па ќе видиме што можам да направам. После одморот ќе бидеме сами во мк па ако не тогаш да фатиме ред додека не не ремети тато.
Мене па ми фали детево да ми заспие во раце да го изгушкам, да го галам и нишкам. На прсти се бројат колку пати ми заспал во раце од како е роден. Го легнувам на кревет со млеко, го пија и заспива. Инаку се гушкаме на кревет но во раце не сака никако.
Кога ќе те однесе, легнете на кревет во темно и остави го да се провртка низ кревет. Може и ќе заплаче, па тогаш земи го. Мојава знаеше да заплаче по 5 мин. Секој ден ова време се зголемуваше за на крај да заспива сама. Да се разбереме, да плаче не ја оставав. Чим ленкаше ја земав во раце.
Омега 3 јуниор на медекс од која возраст може да се дава? Никаде во упатството не пишува од која возраст.
Мислам дека овде е најсоодветно да прашам каде може да се купи збирка од приказни и дали воопшто постои книга каде ги има сите оние Пепелешка, седумте јариња итн на македонски? Додека сум овде ти го видов прашањето, а баш тоа го читам моментално. Меморијата се учи од раѓање. Колку повеќе ги повторувате доживеаните случки, настани и ликови толку повеќе детето учи да ги меморира работите. Видеата направени од раѓање се добра лекција за повторување гледајќи ги и коментирајќи ги заедно, заедничките слики итн. Како се вежба меморијата? Преку повторување на денот. Пример сте биле во зоолошка и вечерта го прашуваш кои животни ги видел како изгледаат, кои му се допаднале. Следниот ден е добро да повтори. Потоа зоолошката ја повторувате еднаш месечно во муабет. Иако детето не зборува може со бебешките знаковни сигнали да објасни. Потоа ќе објасни и со зборови. Додека е бебе вие повторувате во негово име. Можете и дома со прашања од типот каде ги остави патиките, каде е моливот, итн. Добро е за иднина да има добра меморија, особено за во школо. Исто е битен и односот кој го градиш како родител на овој начин со разговор на крајот од денот. Како еден вид ритуал.
Она буквално се памти, пример гледаме слики, само она на сликата, ама знае кој бил во тој момент со нас. Овие два дена, од нигде никаде сама ми бара да и читам за успивање. Вероватно и е од градинка баш ќе прашам. Секој ден со по нешто изненадува
јас ја имам од Петар Пан а во оваа едиција ги има: Пепелашка,Трите прасиња, Мачорот во чизми, Снежана и седумте џуџиња,Петар Пан ја земав од Просветно дело 299 ден задоволна сум, има и приказни препратени со слики, и на македонски секако, дебели корици ја земавме и Биби и сликовниците ми се океј
Ние сме 21 месец .. Знаци детево за една недела како да доби целосна преобразба .. почна да пушта нови зборчина ама стана и многу немирен како да не си го препознавам детето , значи го пуштам во парк и веднаш се пушта во акција ќе види количе на некое дете го сака за него па плачки , рака никако не дава веднаш почнува да плачи .. не знам што да правам постојано му зборувам ама мал е колку разбира не знам .. детево ми стана хиперактивно или фаза му е ќе помини ? Седиме во игротека и ќе поигра после го бара излезот и бега и постојано е во бегство сака да го бркаме
Значи да си се помирам со темпераментот и да си трчаме по паркови .. Сакам да го запишам в градинка или едикација можи да се очекува подобрување ?
Имам чувство дека само јас по парковиве трчам .. другиве деца тука си се движат до мајките .. не знам како ќе биди ама движење за сега си имаме многу .. а за интелегентно е .. веднаш знај се .. памти .. и љубопитно е .. се надевам јас дека е фаза сега дека почна да кажува и зборчина па ќе.помини за брзо ќе се смири малку
И јас трчам и не се грижам за тоа. Љубопитна е и мојава. Бељи не прави, сака да истражува. Се лизга од највисоката лизгалка. Најмал лизгач е. Нема страв од ништо. Јас па им се чудам на оние што седат мирни. Низ детска игра се развиваат дечињата - мозоче мотирика..
Уф не сум била , сама еве и Кукла трчала Откако прооде (т.е протрча) така сме цела година. Никогаш не оди до нас, никогаш не седи во парк, никогаш не седи на кафе/ручек во кафич, на плажа па посебна приказна е Жива вода стануваме со маж ми, вчера од лулашки се вративме со мокри маици