Јас почнав одма после годинка, по една рамна лажичка измешани ореви,лешници и несолени кикирики, и ги ставам во кашите со овошје и житарици. Ги јаде со сласт. Дајте решение. Во вторник одиме на одмор, ама мое бебе освен во раце кај мене не седи мирно никаде. Се пентери по седиштата, сака да го врти воланот, сака се да дофати.. Седиштето за кола стои дома, не ни е употребено затоа што никаде не сме мрднале. Не ми е по ќејф, не се прави во лежечка позиција.. ни го донесоа на бдеј па не можам да го сменам. Е сеа, со која финта да успеам да доседи до Грција во него? Ако и се спие, ќе вреска,вреска,вреска се додека не и дадам да цица. Како ќе спие така седечки? Со што да ја занимавам кога цуцла не фаќа, телефон не ја занима..
Големи сте за во транспортер? Да ја заспиеш цицајќи и да ја спуштиш во транспортер. Нормално во време кога и е за спиење.
@TeddyGrey Па што знам, и транспортерот едвај 5 пати го искористивме и оддамна го кренав Јас мислам големка е за него Секако планираме да тргнеме рано сабајле дури спие, ама како-и дали ќе тргнеме е знак прашалник
Провери, ако не и искача главата од горе, може да пројдете ова лето со него. А и ќе си поспие во него. А ако идеш во Грчка, не ти препорачувам во раце да ја држиш, мислам дека се построги со казните за дете неврзано од тука кај нас.
И моево бебе не седи во седиште. Седиштето си го возиме со нас празно, за украс и да зафаќа простор, а бебе си седи во раце кај мене. 1000 км патување така поминавме на 7 месеци (тогаш носевме транспортер, но и тој за украс). Летово патувавме, и повторно иста ситуација, бебе во скут кај мене. Ако ти е за утеха ова .....
@TeddyGrey Ма не ни планирам во раце .. Нека казните, не е безбедна. Ама ќе го носам седиштето и транспортерот за секој случај. Грицки во раче и ќе мора да поседи @Mimmi39 Стварно? Јас мислев само јас сум таков “очаен” случај Пред три месеца до Охрид тргнавме, после пола саат спиење во транспортер стана и неќеше да презаспие пак. Во раце кај мене ама исправена за да гледа напред кај татко и во волан. Абе Боже чувај... едно нагло прикочување и свашта може да се деси од тоа ми е страв мене.
И мојата е викачка и не сака кола. Ама не отстапувам. Безбедноста мора да е на прво место. Никаков компромис нр правам за тоа. Порано ја занимававме, еден куп спремни играчки и само менувавме. За да заспие и требаше нешто да држи во рака, па така некако ќе дремнеше. Сега си го знае местото. Не и е секогаш по ќејф, се буни, знае да вика, ама тоа и е
Јас цртани му пуштав за да седи во седиште кога беше помал, и не се плаши нема да е вечно така сега се вози без никаква занимација. Лани до Грција малце со смоки се лажеше, малце со цртани, нешто отспа и стигнавме некако.
видете ако не патувајте навечер кога спие, башка на граница Богородица ли беше према Грција? може да останете подолго време, барем ние така сме патувале па успешно сме стигнале, и мојата така ако не спие оди напред кај мм му се пика вскут таја да возела, абе аман,
,Немој никако без седиште. Ако не ти е по кеф оди и купи си друго посекако ќе ти треба. Прво е безбедноста на детето, а после и ти. Ќе го занимаваш, песни, цртајте, игри, јадење ќе издржи. Ние сега за црна гора одевме. Тргнавме накај 4 и заспана ја ставив в седиште. После два часа стана и цел пат беше будна. Почесто правевме паузи. Ќе поплачеше малку ама одма ќе и скренев внимамие, некоја играчка,книга, телефон, смоки, водичка, песни и така си патувавме 8 часа
Здраво мајки незнам дали е прашањево на место, бебето ми е 10 месеци до сега супер си се бањавме во коритце, но последните неколку пати плаче кога и ја мокрам косата дали е период или пак можеби и лути шампонот сега повеќе де фаќа по очињата, во спат пишете убаво средство за капење, ние користиме бекутан..
Бекутан пече на очи, измиј лице ти и отвори очи. Пече убива Кога беше помал користевме Корине де Фарме ( Од Зегин ) и Алверде ( од ДМ ) . Сега од пред 2мес го користам Џонсон новиот белиот и искрено е перфектен. Кожата е мекана, не пече на очи и мириса многу пријатно. Здравје и со второ би користела од прв ден од овој Џонсон.
Здраво Малото ми е година и скоро 3 месеци... денско спие по 2 до 3 сати вкупно то е една дремка пример од 1 до 3. 3 и пол... океј ми е то ама навечер никако да почни салам дс спие , досега нема преспано цела ноќ, станва два до три пати и пие млеко 2 пати, мора да стани дс испие млеко и ке презспие. Кога беше помал беше уште полошо стануваше на секој сат... Кога да очекуваме да преспие цела ноќ?
Патчето на хип има и фока ама толку љубов кон паткава шо има нема дури на никоја играчка башка доста ефикасен и кога ке и речам ајде мама земај патчето, знае дека ке ја капам и трчка во бања
Од кога почнаа децата убаво да ви јадат? Ние уште малку 13м правиме и малку сум загрижена со јадењево. Пасирано јаде, нормално поспоро, но вака да си зема работо да си грицка (освен лино смоките) ништо не сака.дали треба да сум и поупорна? Не е некој стрвец, па не знам како би почнале со тоа. За идење уште не оди сам, се тегне некогаш да се пушти ама ми е страв дека на прсти оди и уште нема рамнотежа, не знам ни како би била сигурна дека ја има за да го пуштам сам..
Се слагам.. со Хип ја капев керками една година кога се потроше ајде реков да пробам со бекутан. И почна да ми плаче на капење не сакаше дури да се капи и очите и се вцрвуваа. Па сменав на хип и веднаш и се врате желбата за кап кап.