Па месец ако не и повеќе... Ништо, се исправи само и сега не се повторило. Мене ме зачуди дека скоро после контрола кај ортопед се случи. А немаше никаков проблем.
300 или 350 Воопшто нељубезни, превртување очи зошто ти плаче детето, па после кај берберот на маж ми беше да до "дошишаат" колку лошо беше ишишан страшно
Ние имаме на фри он. Лани во рамстор на промоција некоја го земавме. Практичен е зошто има прегради за шише, марамици и други докулатки.
@kukla21 Го применив твојот совет уште одма, за прв пат поседе во седиштето цели 20мин Го ставив тел. меѓу седиштето и наслонот, гледавме цртани и грицкавме соленки.. Плачки,викања “тите-цице” цел пат ама битно го испроба седиштето.
А супер, не знаев дека има само омега на Бебитол. Немам ни јас давано досега, ама ни препорача докторката дека ќе трга во градинка бебка Омега да пие плус пробиотик секој ден, плус сируп за имунитет. Ти кажувам зошто и твојава ќе ја пушташ пак, па да имаш во предвид и ти
https://www.facebook.com/MollersMacedonia/ Еве ти ја нивната страна да читнеш подетално за Молерсот. Во ДМ ги имаш, Виола аптека и не сум сигурна за во Еурофарм аптеките. Да, за од 1г. За деца од 1г до 14г се дава по 2,5мл си е наведено на самото шишенце. Само сега летово не го давав по препорака на педијатарката. Здравје сега од средина/крај на септември ќе почнам пак. Инаку се препорачува и за отварање апетит, за деца кој се нејадачи Мислам дека од Молерсов дете ми пројаде конечно До тогаш ако ми веруваш уста отвараше како за со она пластичноно лажиче за кафе од кафичине да го ранам
Ова е дефинитивно најдобро на пазарот. Јас не верувам дека ќе може да го дадам на бебе мое. Па тато го испи тоа што го купив. Јас зедов со вкус на лимон. Баш е пријатно за пиење.
Еден е Молерс. Тој е тој со природен вкус на лимун. Зашто да не можеш да го дадеш на малата? Јас со шприцов мал му го давам и убаво го прифати. Пробај.
Има и други видови. Во мк само со лимон го има. Па некако ова капсулчево е мало и знам ќњ го пие. Ова 2.5мл многу ми се чини и не верувам ќе го пие.
Незнаев дека има. На шала, на смеа ќе ги испие. И јас мислев мојов нема шанси да ги испие ( уста за ништо не отвараше ) и за чудо му се бендиса. Искрено првите 2-3 пати со молби ама после немаше гајле.
Женски, на пелената од малава имаше портокалови траги. Знам дека е знак за дехидратација, ама полна беше пелената, мокри нон стоп. Пробав да и дадам вода вришти не сака, сок исто, млеко испи малку и еве заспа. Се плашам да не е опасно. Ќе пробам секако после да и дадам вода со шише додека спие. Плус црвена е жар во дундето, не знам дали е инфекција или од топлово. Секако ако и утре е така ќе ја носам кај матичен ама се исплашив затоа сакам да чујам мислење.