Леле фала ви, одма пребледев во буквална смисла кога го видов раскрварен реков готово за на ургентно сме. 300 филмови низ глава дека само на мене ова ми се десило, а што ќе биде со него во текот на ноќта и да не ви кажам што се ми помина низ глава. Нека прооди побрзо инаку останав без крв у мене
Можно е да е коксит, оток или излив во колкот, за куцање се презема обавезно нешто, зашто може да е предизвикано од вирус или полошо да е од стрептокока, не е е страшно ама треба преглед од ортопед, можно е и да имитира, сепак од искуство би ти рекла да го однесете на добар ортопед
Мајки како одредувате која големина да купите кондури? Моиве до сега 20 носеа ама до крај им дојдоа прстињата па си купив 22 за зимава. Да не требаше поголемки?
Јас на лице место и пробувам, глеам нејзе да и е удобно кога оди, ептем да не и се кнап. Мојава носи 20 патики, а сандали 21 зависи од калапот. А за зима рано е да и зеам
Мајки бебе уназад 2-3 недели станува ноќе во 2, плаче и не спие до кај 3ипол-4.. Одбива и да цица, а само така заспива.. Одбива и млекце.. Да е гладен не ми се верува има две ужинки, кака по 3 пати на ден... Да напоменам иако не оди уште, троши енергија и не се изморува никако..Година и 3 месеци сме скоро...Денските дремки исто.. Со сила го заспивам..Скок ли е не знам веќе.. Жива ненаспана сум, а треба наскоро и со работа да почнам..Чаре некое?
Мајки , едниот близнак се дере како да го колеш , од само раѓање и еве година и три месеци веќе. За се нешто , да го земеш во раце , за јадење одма да му дадеш па макар јадел и само еден залак , за вода , ако брат му му ја земе играчката, ако го одминам а тој тргнал накај мене . Сега почна и да се треска од земја , ова мислев покасно доаѓа. Почнува да се дере /плаче и ако не удоволам брзо седнува на земја и покажува нервоза, легнува на земја , мава на земја... мислев дека немам трпение кон него затоа што се двајца и ми е тешко но врвот е кога во градинка вчера изреагираа дека е тежок. Се засрамив зошто детето ми е невоспитано на некој начин и почнав да размислувам за воспитни мерки . Што мислите ? Некоја идеа за решение?
Карактер. Трпение и зборување. Сама ќе видиш до кај ќе му дозволиш да оди. Не знаев кај да прашам, па тука. Иде зима, што ми треба од облека за зима, за на снег? Какви чизмички? Ако падне снег, греота е да не стапне, а и да не падне, негде на снег ќе ја носиме. Облека каква? Скафандер? Од каде? Каков?
Нормално е. Мојава нон стоп е таква. Нон стоп и зборувам. Гледам дека по некое време некое однесување го менува. Ќе смени иако веројатно како карактер ќњ биде своеглав
Можеби не се искочени уште, но има чизмички за на снег, иако јас со ниет сум да му купам високи патики, не и чизми, просто знам дека нема да ги носи. Но и на зимовање ние не идеме, за на планинина ќе иде секако, често, он па малтене и на планина живее нели Капа, ракавици, шалче, мојов се ова носеше лани, за оваа година не знам, но ќе купам. Скафандер јас дводелен ќе земам, попрактичен е за поголемки дечиња, па и јакничето ќе може и онака да си го носи. Лани во Манела гледав, околу 1500ден мисламим беа, ич не беа лоши, таман и цена и квалитет за една сезона
Мајки дајте совет. Бебе. Е 13 месеци. Не сака лимонада, сок од портокал и го разредувам со вода и и ставам маџун за да не и е кисело ама не го пие, почна во градинка 2 недели оди ама веќе 3 дена е со затнат нос и јасс сум исто некоја настинка. Како да и вметнам да прима ц витамин. А и за јаткасти сакам да почнам да дадам со шо ги мешате колку ппати неделно се даваат.
И кај мене е машкото такво исто уште од мал. Карактер е дефинитивно. Секоја играчка сака да е негова, се што ќе фати сестра му и зема. Не дека тој ја сака таа играчка, мерак му е да и ја земи и само ја расплакува. Нешто ако науми дека го сака исто се ака од земја. Се толерирам му зборувам, но едно најмногу ми смета, што каса. Го имам плеснато неколку пати заради ова зошто стварно не смее да ја каса сестра му, не знам дали и в градинка кога ќе тргни истото ќе го прави... плескањето искрено беше без ефект особено кога видов дека се смее и ме имитира те. и тој ме мава. Тоа него ќе му дојде како игра нешто најнормално и што сум направила? Само ќе кажам сум потфрлила во воспитувањето... Сега почнав со друга мерка, ако каса или се треска од земја право во креветче под казна. Други деца досега нема каснато, молам бога да немам проблем со ова в градинка.
А колку пати неделно даваш јаткасти и дали ги мешаш на пр. Орев и. Лешник или бадем и сл. И дали смеам индиски орев да дадам
Зборев со психијатар , ми вика не смееш да го плескаш и караш а да го гушкам. Тој така иЗразувал емоции и да му испратиме порака дека тоа е ок. Го гушкам овие денови ама и во раце се дере. И веќе за се се дере и заборава за што се дере и страв ми е да мрднам ако не се дере пошто ќе почне. Појма неам што да му правам. Немам баш живци , имам уште едно дете што сака да се гушка со мајка му и е супер мирен, па да ти е мерак да го гушкаш цел ден.