Од кога е родена е со запалено светло во претсобје, и ноќна ламба во спална, темно не е..арно викаш можно и револт да е, фала ти
Мајки ај дајте совет. Бебето ми е 13 месеци веќе 3та недела оди во градинка и од денес е со спиење. Од вчера кога ја земав е мн поспана и мн плаче, се фрла, ми бега од раце. Знам фека џаби и растат 4ка извади, потечени жлебињата, ама мн е нервозна. Се мава по глава на земја. Е сеа и др ме замислува. Таман почна да оди да се пушта и од вчера не сакаше. Сабајле ја дтабив до креветот кај шо си стои нон стоп и падна. Дента уште 2 пати дтоеше и падна. Очињата и се замижани а спиеше 3 саата преку ден. Има 24 дена од мрп ппминато без никакви симптоми ја поминавме вакцината. Дајте совети шо моѓе да е и како да и помогнам, жал ми гледам ја боли и се нервира
Мајки кажете што да преземам малата има пеленски осип? Ми е страв да не е кандида или пак алергија од нешто? Маџун почнав најново да давам... Мачкам судокрем но без ефект. Кога и менувам памперс страшно се чеша, жал ми е не можам да ја гледам така, а не знам како да и помогнам.
Да ја бришете само со водени тетри, влажни марамчиња не користете некое време, и ставете пудро. На секое пресоблекување да се измива газето со млака вода, и да се трие, туку да се тапка, еднаш ставете пудро, еднаш судокрем. По можност да се пресоблекува на секој 2-3 саати. Некој би ви препорачале да ставате тетра пелени, ама мислам дека е по мачно така. Можете и со камилица да ја бришете, прво со водена тетра грубото, а потоа на памукче камилица. Ќерка ми од кога е родена, неколку месеца ја бришев со камилица, и и ставав наизменично пудро а потоа помада, ја пресоблекував на 3 саати. И газот ден денес, иако има 1 год и 2 месеца, и го мијам после секое какање, а ми кака по 4-5 пати на ден,со топла вода и сапунче..до сеа пу пу пу, освен малку црвено газе поради многу какање, друго мака не сум видела.Ама и тоа малку црвено газе одма се смирувало.
после 1 година, колку пати денот ви преспиваат малечките? мојата има 14 месеци, станува накај 8, спие од 11 до 1, и после од 17-18 часот, вторава дремка и е многу касно, после дури после 23 часот ми заспива. таков ред имат вејќе неколку месеци, сега незнам како да и гос менам
После година сама си ја скрати втората дремка. Првата и ја поместив од 12 и станува до 2ретко покасно и во 21.30 22.00 ч.е во кревет.
После една година си го скрати второто преспивање. Ако стане во 7 или 8 сабајле, ја успиваж во 12 или 12 и 30 најкасно, станува кај 14h поручек, и ја играм до 20h или 21h е во кревет. Помести го преспивањето во 12, и после држи ја..ќе и биде мачно може недела дена ,ама ќе се навикне.
Буди ја наутро порано и порано ќе преспива. Моиве имаат исто 2 дремки. Стануваат 6 или 6:30. Прва дремка од 9:30 до 11:30ч а втора од 15ч до 16:30. Најкасно 21и30 се заспани.
После година спие еднаш на ден. Станува во 7-7:30 спие од 12-14 некогаш и до 15 часот. Навечер во 20:30-21 е во кревет.
И јас ова ќе прашував. Ние спиеме некогаш еднаш, некогаш два пати. Кај и да е, ќе го исфрлиме второто спиење зашто исто ја фаќа касно. Ама па не и влијае на ноќното, можда само пола саат покасно да се помести. А кога ви спијат по еднаш, колку време спијат? И ние сме скоро 14 месеци. Кога спие еднаш, знае да му ја затера од 12 до 3.
Само мојава дреме по 1 саат изгледа. Спиеше до пред 1 месец 2 пати по 1 саат и почна да стана невозможна мисија втората дремка и сега дреме од 12 до 13 часот и во 20:00 е куфер. @TeddyGrey јас не би и укинувала 2 ра дремка ако не влијае на ноќното спиење.
Епа еве денес со една дремка од 12 до 2ипол заспа во 9. Вчера со две дремки, од кои втората до 6и40 ја затера, заспа во 9и45. Јас ја будам стално од втората дремка, зашто знае да спие и до 7(ако се успијам до неа). Е тогаш дежураме до 10. Ама многу е поспана после втора дремка, ко недоспана е и затоа заспива пак вечерта. А поубаво ми е кога ќе заспие 8и45, 9. Имам повеќе време нешто да фатам по дома и да се средам Битно кога и да заспие, како швајцарец е сабајле во 7и30, ваљда зашто преку недела тогаш ја будиме.
14месеци е и мојата, и спанка е. Станува во 10, прва дремка и е од 1 или 2, си спие до 3 а знае и до 4 да затера, и навечер до 11 игра, ќе ме измори едно убаво и тогаш заспива она не се изморува битно! Ако и дозволам втора дремка да има, седи до 1 по полноќ.
Мојов голем спанко, до годинка уште 3 дремки тераше, дури после 12+ со 2 почна, а сега е 18+ месеца. До пред месец дена стануваше во 8, прва дремка од 11.30-13.00, па втора од 16.00-17.30, спиење во 23. Немав време за ништо навечер, кома у кревет со него. Почнав да го држам повеќе буден пткако ќе стане сабајле по 10тина минути, и на крај пресеков. Го оставив 1 дремка да тера 2.5 максимум 3 саати. Првите недела дена од 11.30 заспиваше до +-14ч, и заспиваше вечер во 20.30. Сега веќе се привикна и заспива околу 12 и спие до 14.30-15.00 и вечер заспива до 21.30. Морав и распоред на хранење да му сменам. Ама по раат сега, можам да средам по дома нешто.
Ние никаков ред со спиење немаме од раѓање па еве и до сега.Многу касно стануваше на утро па касно преспиваше,.Летово почнав да ја будам намерно крај 8-9 за да предпие порано па преспиваше крај 1-2 до крај 3-4 на вечер со тешки маки да се успие крај 23-24h.Почнавме вградинка мислев ќе се среди ама пак исто,од утре сакам со спиење да ја оставам вградинка па ќе видам дали ќе се смени.Мое дете многу ретко или евентуално ако не е преспано да заспие на вечер во 20-21h.Од кога е вградинка најрано 22:30h има заспно и тоа неколку пати,се покасно заспива и одвај се будиме.Кренав раце од ред во спиење да и воведам од мала од бебе го воведуваме сега сме 2 год.Од како е одбив бидејќи друго шише не фаќаше почнавме со нишање па сега лежиме заедно и цртани а тоа може да трае и до 2h додека се успие
Мајки има ли скок во 13-ти месец? Со денови цимоли и спиењето ни е хорор на сите поради неа. Ја носевме на педијатар нема ништо освен што вади една 3-ка.
3-ка на 13 месеци ? Баш некна прашував коа испаѓаат 3-ките оти се НАЈЛОШИ ! Мене малата ми 14 месеца, вади двојка горе лево, десната ја извади.
Редоследот на никнување на заби е единици, двојки, четворки, тројки, петки. Не дека не е можно да вади тројки на оваа возраст, ама треба претходно многу рано да почнале да никнуваат заби и веќе да се никнати четворките. Имате време вие за тројките.