Фала, а баш сакав да знам кој е редоследот. Знаев дека 3-ките испаѓаат покасно, и дека се многу тешки. Со лесно да си ѓи вадат забчињата само
На 5 месеци и никнаа двете единици долу,сега има 8 заби (сите единици и двојки) а непцето е набабрено долу кај тројките па мислев дали е можно тројките да излезат пред 4-ките. Незнам збудалена е 3 ноќи спие по 3-4 саати,денски не спие. Жива нервоза е, ќе се швркнам! Инаку претходно имаше една дневна дремка 2 до 3 саати и ноќе супер спиеше по 9-10 часа.
Здраво мами да споделите искуства за патување со авионот со 2 годишно дете летот е скоро 3 сати па не знам како ќе издржиме со синко
Ако се друго е во ред, голема е веројатноста да се заби во прашање, но би никнале 4ки, не 3ки, таман си е на време за четворки.
Прво зависи кога е летот, сабајле,поручек или вечер, така ќе планираш дали ќе ти дремне по пат. Второ ,опремена со телефон, таблет, знам цртани не е идеална идеја ама 3 саати лет се во прашање, а знам колку е мачен 1 саат во цефка таму горе не па 3. Грицки за да грицка, некои интересни играчки шо ќе му одвлечат внимание. И на крај да го пуштиш да трча по авионот, друго чаре и нема. Луѓето околу тебе ќе треба да те разберат во која ситуација се наоѓаш, ама пошто ние не сме со таков менталитет троа тешко. До душа и ја признавам пред да имав дете размислував како сите останати
Ха ха ако го оставам да трча има да не слезат на првиот аеродром може со цртани гледа ама како да спуштам на моб
Кумата моја кога патува со малата, и симнува на дропбокс, појма немам како оди сето тоа. Иначе не се секирај ако го пуштиш да шета, сите деца се така. Поарно така одошто да се дере
Има онлајн конвертери од youtube to .mp4 да се конвертира и симне како видео. Јас така 10тина видеа/песнички имам симнато на мобилен за не дај боже да нема интернет каде одиме, зошто само со нив јаде.
Што правите доколку детето не ве остава ни миг сами и плаче без прекин? Зборам за одење до веце, набрзинка до друга соба, 5 мин надвор пружење алишта, на пример ако седам на кауч одма се качува по мене, буквално не може да се одвои. Година има.
Ништо..ја оставам да плаче, уште на почетокот кога беше така, сега се навикна, виде не виде си легна на брашното, ќе покенка неколку секунди, и си наоѓа занимација. А ја одам до Вц, алишта, или што и да е.. Кај мене е 1 год и 3 месеца.
Ke pomine ostavi go nekolku pati ke vidi deka se vrakas i ke prekine. Kaj mene bese beter sega mu kazuvam kaj odam i posle nekolku minuti tropa na vrata da vide dali sum vo wc ke mu se kazam i zaminuva da si igra.
Дали дечињата ваши кревале температура кога ваделе заплени и до колку? Ќерка ми има 2 год излегуваат петките и нема други симтоми освен ниска температура која се крева (38 и спушта.
Добро мојот е веќе поголем. Ама имам огромен и страшен проблем. Не јаде!! Ова веќе и пилињата го знаат или ќе јаде тоа што тој сака се на се 5 6 јадења во круг. Зеленчук овошје нула. Освен чат пат банана јаде и краставица од скоро друго ништо од зеленчук и овошје . Сум пробала и милум и силум не сака и не сака бега пишти и вришти сум го оставала без храна нудам го гледа и не сака мава со раката бега и плаче. Од дете јадач на се еве година и некој месец се претвори нашата исхрана во хорор приказна буквално. Толку ми е криво толку ми се плаче за проблемов и нема и нема никакво решение. Сум пробала сирупи секакви, ќе јаде ама ќе јаде 5 јадења исти секојдневно така со месеци друго не сака ни да слушне.крвната слика е подобрена со сирупи и тоа. Се на се сме катастрофа со јадњето. Немам поим што веќе да правам....разочарана сум и сметам дека многу потфрлив.. Од дете што секој доручек ми беше банана авокадо и ад, или јаболка со житарки и најразлични овошја стана дете што ако се качам на лустер ќе јаде само нешто и тоа нешто не е тоа тоа за жал.. Имаше и моменти кога воопшто ништо не јадеше.. не знам како живее така нели му се јаде еве.. Мислев фаза е ама долга ми се учина за да е фаза.. Решение нит најдов нити ќе најдам исгледа.
Ќерка ми исто. Не си потфрлила. Ама мораш да ја разбереш причината зошто не јаде. Колку е старо? Фази имаат кога се обидуваат да тестираат граници. Но поминуваат сами. Ќерка ми имаше многу маки со текстурата на храната, бојата, со мирис најмалку скоро ич. Али текстура и боја. Мразеше како ја допирала храната на јазикот, на пример еднаш јадеше пилешки бут сосе кожинка и многу и пречеа во уста топчињата што се наоѓаат на пилешката кожа. Јас никогаш не сум ги забележала а не па да ми пречат. Ние проблем решивме со подготвување на храната на друг начин, замена за некои храни бараме други, поинаку сервирана
Проблеот е што сеуште е мал и не знае да се изјасни и комуницира. Иоако збори но не тоа тоа сепак не праиме целосен муабет и не кажува околу храна. Кажуба само дека не сака да јаде се мешти плаче и бега. 2 год и 8 9.месеци е. Се тешам дека дека и да е ќе.почне уште повеќе.да разбира и да збори па тогаш ќе е полесно со комуникација. Вака сме тотален хаос. Он не сака ни да проба за са види дека е убаво камо нешто друго.
На таа возраст се обидуваат со контрола често врз храна. Дали си пробала да му дадеш избор од две работи да го прашаш што сака да јаде да одбере, ќе има чувство на контрола така дека тој го направил изборот. Ќерка ми исто нејќеше да јаде внатре поготово не на маса. Надвор излегувавме, непрактично али само за почеток
Да, плачи неколку секунди и се смирува. За тоа време му кажувам дека не смее така да прави, делува како да сфаќа дека прави нешто што не смее. Проблемот со касањето е всушност негово искажување на љубов. Не е од инает или да го карактеризирам како лошо дете. Досега само на сестра му и мене така ни прави. Можеби грешам бидејќи кога ја каса неа јас бурно реагирам, а кога ме каса мене тоа е најчесто кога се галиме и го оставам да се "издува".