Мислам дека не треба да го оставаш. Може да добие погрешен впечаток дека тоа однесување е прифатливо кај сите. Мислам, ти си го знаеш тоа, само си збориме
Прво, престани да се обвинуваш себеси, тоа нема никаква врска со тебе. Едноставно некои деца од јадачи се претвараат во нејадачи, и обратно. Зошто и како се случува, не знам и не навлегувам. Знам ист случај со малото на другарка ми, скоро 9 месеци уста не отвараше, а претходно јадеше по три оброка и две ужинки и не му стасуваше. Што се’ не пробаа за отварање апетит, ништо не успеа. На крај, во очај го запиша во градинка зошто веќе не знаеше што да прави, и се случи чудо. Дете пројаде таму, и тоа невиден апетит. Дали од гледање на другите деца, или од што, не знам, ама успеа кај нив. Ова и’ беше совет од педијатар. Детето има 3 години инаку. Чисто како идеја споделувам, си размислувала за градинка? Сепак не е толку мал, возраста му е таман
Оф мила. Прашував веќе за во градинка. Не можело како прво имале поголемите деца предност, испод 3 не можело па реков ај за од февруари.. ама ништо рекоа оди запиши се на листа на чекање и ќе си почекаш. Или нареден септ или не знам кога би го примале.. Јас уште кога дојдов овде прашував.. ама за жал законите се тие градинките малку за премногу деца. За градинка ќе почекаме а сакав многу сакав да појде баш и ради јадење и ради икс други причини.
Витамина знам како е да нејаде. Ужасно тешко и фрустрирачки. Посебно ако гледаш и слушаш од страна кој како и колку јаде. За јадењето немам совет. Освен градинка. Сакав да ти кажам за крвната слика. Ако не сака јадење форсирај сокчиња. Аронија, цвекло, лимон. На внучето мое со оваа комбинација и тоа му го даваа со шприц демек сирупче од докторката, за да го пие, ептен му се подобри хмг за брзо време.
Не пие сок. За жал.. Му давам сирупи. Веќе желозото го поправивме со сируп. Сега земав киндер имун и за разлика од другиве пак јаде дете ама проблемот е што јаде само 5 јадења.. Иначе има и моменти кога цел ден без храна го поминува. Сега така во мк бевме
Ела да се гушнеме Ист е дечково мој, ама од збор до збор се што кажа, ИСТО! На раце можам да избројам што се јаде, вчера за прв пат проба и јадеше костени, се подмочав од радост, а изеде цели три, ама знаеш кој успех е и тоа Ништо овошје не јаде, НИШТО. Од зеленчук само грашак и рекорд е да изеде 20зрнциња, сум ги броела Башка моментот што јаде како маче и некои денови е на преживување.. КС му е џам, до март пиеше Малтофер, од мај престана со јадење и сеуште му е супер, ваљда троши резерви што знам.. Давам на Бекутан Б-комплекс Молерс Вит Ц Некои 2недели ги давам, ефект уште нема.. Ми се бендиса идејава од @duffi да давам аронијата со шприц, ќе воведам и тоа Инаку јас само зборам дека не јаде, ја кажувам состојбата, коментирам, ама ич не се припотресувам, ниту мислам дека некаде сум потфрлила.
Мајки дали сте забележале кај вашите деца знаци на љубомора? Имам вујна моја врсничка кое има 6 месечно бебе и кога и да се видиме,ако го земам внук ми во раце ќерка ми вреска и плаче. Последниот пат кога беа на гости,ме виде дека играм со малото,го бакнував и толку почна да вреска што целата се препоти и поцрвене во лице. Никој не можеше да и го одземе вниманието,додека беа кај нас постојано ме бараше со поглед,лазеше по мене и мамкаше. Сакавме да ги сликнеме заедно и ги приближивме и ќерка ми го искористи моментот за да го шлапне. Ептен ми беше непријатно што не можев навреме да ја спречам. Малото почнс дс плаче. Два дена после тоа не сакаше да ја земам во раце,кога ќе и се приближев да ја бацам ми удираше шамари. Со поголеми деца немаме проблем. Помалите од неа се проблем. Инаку 13 + месеци е. Што мислите дали е рано за вакво чувство,дали сум си умислила можеби од нешто друго плачела?
Исто е и кај мене 14+ е и не дава нукој да ме допре, татко и ме гушка и бацува она го трга го бутка а недај Боже др дете не смеам да чепнам. Тоа е период мн се поврзани со нас мене од една страна убаво ми доаѓа ама па не бива се по мене да кенка да не сака во други да оди
@emkaemka баш ќе те прашував за бекутанот дали има ефект. И мојата почна да не јаде ништо веќе еден месец. Како што кажа витамина менито е од 5 јадења, меѓу кои се тешам дека супа обавезно јади еднаш денот. Овошје и зеленчук па ич.
Внучето од девер ми изби вчера варичела. Малата ми е 14 месеци и цица, што да очекувам, во иста куќа живееме па контактот го имаа секојдневно
@emkaemka ако јаде грашок, пробај со зрнца аронија, боровинки.... мојава од праски, кајсии, тиква се гади. Ама бобинки лапни-голтни. Грозјенце на пола, ги брои и ги јаде. И се внесува малку повеќе ако ја гледаш од страна.
Ќе принесе до уста, ќе види што е и одма плука, ова од прв пат, втор нема да има. Па имаш гмечење у раце, па рикање зошто му се прљави. Секој нареден пат ако му ги принесам му ги дава на Дино (играчка) да ги јаде, а ако е надвор на Белла (кучето) Пробано не иде Инаку костени се разјаде детево, ваљда може да јаде колку сака, вчера изеде 10тина И Монте почна пак да јаде, се прерадував, не дека Монте јаде, туку дека не рика пред лажица
Женски да ве прашам за мислење, малата е 21 месец, летово правевме пауза со д3, ама од октомври нели пак почнуваме да даваме. Имав од предходно д3 babytol капсулчињата, е сега дали да давам една капсула ко шо давав ко беше помала или треба да се зголеми дозата? И дали babytol се соодветни и за оваа возраст, дека само нив ги имаме користено од кога е родена?
Освен канестен ништо не помага. Иста беше дунде мое мачкав сукодерм павличева пиколино и што не друго не сум пробала така 3 недели се мачев и ништо на крај во систина ми рекоа со канестен маст и верувај за 2 дена ништо нема џам се направи.
Стварно не знам колку содржеше една капула, но тоа е малку за 2г дете. Консултирај се со ортопедот за дозата.
Го решивме проблемот. Со судокрем немаше никаков ефект. Ми се чини уште повеќе се влоши, а прв пат се соочував со црвено газе. Ние проблемот го решивме со маст од ремедија за потпарено и уште првиот ден имаше ефект. Сум се чудела како е толку ефикасна. Од тогаш навака повеќе не употребувам оригинал павловичева, туку оваа од ремедија. А канестен не е за кандида?