Мајки болна сум со повраќање и малаксаност. Како да ја заштитам ќерка да не и премине ако е вирусно? Постојано е со мене.
Na zalost ako e virusno golema e verojatnosta deka ke e zarazis I nea. Mij gi racete cesto, provetruvaj na sekoj sat, nosi medicinska maska...
Мајки имам две прашања Дали капките за коски ( користиме Вигантол ) може да се ставаат во млеко ? И како се справувате навечер со децата кога се вртат и откриваат. Веќе е доста ладно, цело време се трудам да ја покривам, и стално станувам ја гледам, ама како и секој, се случува да заспиеш цврсто па додека станеш поминало доста време, жал ми е, а за вреќица уште не е, така ќе и биде жешко. Фала ви
Оти во млеко, ќе се изгубат внатре. Прашање е дали ќе ја прими. Стави дирекно во уста или лажиче. Мала доза е.
Има вреќи за спиење есенски, потенки, и зимски што се како јорганче дебели. Друга опција ти е шпикозни со стапалки, да и ги облакаш како уште еден слој над пижамките, додека да дојде ред са ја ставам во вреќа така правев јас.
Има ли некоја мајка чие дете покасно проодело да ме утеши? Мојава кога сите се надевавме дека ќе прооди таа на 11 месеци почна да лази. Сега на 14 месеци станува,седнува,чучнува,се качува и симнува од кревет но не се пушта сама да оди. Ако ја паткам и пуштам,почнува да вреска и плаче не оди ако не ја држам за рака. Бевме кај Видоевски и ништо конкретно не кажа,само дека имало деца кои покасно проодувале и дека е се во ред со неа,да не паничам. Уште пред неколку месеци одвикната е од памперс,и ставам превентивно но ретко и да се измочка ако не ја ставам на нокшир. Детето се си разбира,но веќе се изморив сите прашуваат дали проодела,мислам дека хамбургери ќе делам кога ќе прооди. Како да и помогнам да го убрзаме процесот?
Никако, немој да форсираш полошо ќе направиш, кога она ќе биде спремна тогаш, она е веќе пред фаза на проодување, паткајте се цело време, ако се качува и патка по кревет, ставај и играчки шѕо не ѓи видела, и се нови и интересни, ќе дојде ден кога ќе види ќе невиди ќе се пушти, само немој зорле рака да и пушташ од тебе. Уште поголем страв ќе добие,нејзе и треба твојата доверба и тоа е тоа. Само опуштено, ќе прооди
Мене Талевски ми рече табуретка на одредена далечина со нешто многу интересно на нејзе, за да сака сама да се пушти према нејзе. Никако форсирање, само да се пази да не падне на лице за да не се исплаши и пресече. Мојава е доста помала, ама еве како совет.
Ова што го опиша се нормални чекори пред проодување на детето. Совршено е во ред, не си создавај притисок. Ќерка ми на пример почна да лази уште пред 6 месеци, и таа фаза траеше ептен долго, до годинка (успат научи и да се исправува, качува и симнува од кревети). Едвај се пушти после првиот роденден да оди фатена за рака, не сакаше сама за жива глава. Па после еден месец од роденденот си прооде, еден ден одеднаш си стана и почна да оди убаво и сигурно како да одела отсекогаш Се’ ќе си дојде, кај некои порано, некои покасно, ама непроодена нема да остане
И мене почна да ме замислува кога првпат пушти неколку чекори баш на 14 месеци. И јас цело време ја прашував докторката зошто не проодела. Ги прави сите фази, без гајле сама ќе се пушти. Изгледа лазењето и беше поинтересно. Не ја форсирај, дај и рака ако сака да оди доволно е.
Мајка, исто сме и ние.. Само што мојов еве 15 месеци направи..Оди само ако се држи за нешто, мене дури само за прст ме држи ама битно знае дека не е сам.. Имаме од оние клуб масички на тркалца, зема сам, ги турка ама никако да се пушти.. Кога треба да се префрли од едно на друго место, се симнува на земја и лази за да стигне, така се чувствува сигурен.. И јас се прекорувам самата себе што толку мислам на тоа и едвај чекам да се случи...
@Mama993 и моето детенце се пушти на 14 месеца. Јас не се оптеретував толку зошто се беше во ред. Не го паткав , не го форсирав. Кога се пушти прв пат , трчаше,не одеше Не беа тоа слатки несигурни чекорчиња,туку баш трчкање од еден до друг крај на соба. Тогаш се осетил спремен. А за прашњата дали проодел, зар ти е гајле? Секое дете е индивидуално нема општо правило
Абе како мојава да си ја опишала,си стои се држи за маса и од маса до тросед и фали само 3 чекорчиња да направи ама неее госпоѓица се спушта и си лази до троседот. Кога ја паткам не ја држам јас за раце,туку и ги давам само двата показалци и таа ме држи. Си го има балансот само не се пушта сама,не дека имала некој страшен пад туку таква си е,мрза. Кога ќе види некој предмет што сака да го земе го покажува со прст и писка дур не и го однесам на рака. Кенкава од раѓање.
Иста беше мојата. Така прави зошто не се осеќа сигурна, не дека не може да оди. Ама да знаеш кога ќе се пушти, ќе биде ко да одела отсекогаш, ептен сигурно ќе чекори
Ме утеши осеќав како да сум на ивица на нервен слом и дека сум родила лигла но сега ми е полесно,фала многу
Дечки, бебе е исфрлена на дундето ама само на едната усна. Како ситни црвени точкички? Од што може да биде? Зашто бе секад во Недела.
Може и инфекција да е, ама не значи. Можеби е само надворешно исфрлена, ако не ја пецка додека мочка. За почеток прави и промивки со камилица или сода. За повеќе лекар ќе каже.