Да ја пецка, секако ќе приметиш. Ќе плаче, ќе прави проблем при мочкање. Ако можеш да ја добиеш матичната на вибер, консултирај за некој крем, маст.
Мојава на двапати се исфрла како со бубуљици што не ја болеа на допир. Матичната и двата пати рече габично било, таквите инфекции не чешале и не печеле. Ни помина со Канестен маст трипати на ден и калиум хиперманган растворен во вода (се купуваат кристали во аптека и се раствара тронка од правот во литар вода). Прво тапкав со тупфер натопен во течноста, чекав да се подзасуши, па Канестен. Брзо имаше подобрување. Ама сепак консултирај се со лекар. Кај нас и двата пати беше од намален имунитет.
Ако најдеш хиперманган, можеш и во водата да и ставиш додека ја бањаш, се користи и вака. Помага при кожни воспаленија ептен. Бар до утре можеш да ја промиваш. Исто ситни беа и кај мојава.
Вака беше и мојата скоро. Ми рече докторката контактно било, од кака. Да избегнувам кисело за да се нормализира пх. Продолжив нормално да ја мачкам, само и давав повеќе на банана, јаболче, оривче, компирче храна и и помина за неколку дена.
Какви обувки би биле најсоодветни за зимскиов период? Ем да е дотерана ем да и е топло? Лани ги имаше од Кеги со петент за полесно облекување,оваа година немам идеа какви.
Јас чизмички и’ земав за зимава. Лани и ние теравме со Кеги меките со патент за проодување, ама сега овие и’ ги купив од Зара. Ем со фустанче да ја дотерам, ем и со панталончиња И плус топли се, цели се со крзно внатре
Од овие конкретно мислам не, јас барем не видов. Ама има доста избор на чизмички со крзно, ѕирни на сајтот на Зара
А им облакате ли хулахопки под тренерки/панталони? Мислам сега е топло ама кога е поладно? Јас не поднесувам хулахопки под панталона и на минус ама мајка ми упорно ме масира со хулахопките. Не користиме више количка па ќебенце не е опција.
Ако оди сама нема потреба, по себе тргам кога се движам не ми студи толку. Е сега ако е минус да облакав лани годинава ќе видиме. Во количка имаше вреќичка па покриен беше.
Жени лиглата вчера ми прооде џабе кукав на темава,џабе ја нарекував мрза,џабе се нервирав,бидна како што кажавте си заоде кога нејзе и дојде да оди. Ја седнав во дневна пред тв додека измијам садови кога гледам за кратко ми се шетка во кујна,појма немам како се исправила како тргнала без да се држи,ме помина и си отиде во ходник,преку ходникот пак во дневна и си седна кај играчките. Се шокирав тотално пресреќна сум фатив денес колачи да правам,ќе викам гости неделава. Туку имам сега друг проблем,детево незнае да паѓа на газе. Денес два пати падна директно на глава. Кога губи рамнотежа се фрла наназад како да сака да си легне,како на душек да паѓа со раширени раце нозе и директно на глава паѓа позади. Толку силно си ја лупна главата на плочките во кујна што се исплашив од звукот на ударот. Среќа немаше последици. Се надевам ќе научи како да си ја чува главата кога паѓа. Туку кондурчиња сега какви да и купам за надвор? Од каде? И извинете на долгиот реферат среќна сум
@Mama993 ќе ти цитирам мислење од друга тема зошто убаво беше објаснето што препорачал ортопед за први чевличиња.
Мајки на штотуку проодени дечиња еве ви совет како да ги заштитите кога паѓаат директно на глава. Купете држач за врат,како на сликата,одлична замена за шлем. После неколку страшни паѓања барав сунѓерест шлем но кај нас нема такво нешто па и ова многу ни заврши работа. Си паѓа и не чувствува ништо,си станува и продолжува со одењето. Колку и да ги пазите,секогаш ќе ја искористат секундата кога остануваат сами да паднат.
Мислам дека ова е тотално непотребно. Како тоа детенце ќе се научи да паѓа правилно? Му правиш контрауслуга!
Извини мајка, знам дека со добра намера си пишала, ама ова е голема глупост. Зошто го заштитуваш детето, тоа мора да научи да си ја чува главата кога паѓа, вака не го боли и нема да научи да си ја чува и ќе паѓа право на глава.
Незнам за вас но мене многу ми се најде бидејки просториите ни се пространи,широки. Подот освен во салонот и спалната насекаде е мермерен и керамички,немаме многу теписи,сама ја чувам денски и додека отидам до спална по нешто таа веќе паднала. Нема да дозволам уште еден пад на глава додека извршувам некоја домашна работа. Се разбира дека не го носи цел ден,и го ставам само кога имам некоја обврска тоа се случува 3-4 пати во денот по 10-15 минути,односно кога не сум до неа кога ја оставам сама. Остатокот ја паткам. Нема дете што не научило да паѓа но колку толку јас сум за да се заштитат кога се сами. Во странство им ставаат сунѓерести шлемови,но нема кај нас такво нешто па и ова ми врши работа.