1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Абе ајде... :x
     
    На Chanell*, Sandrin4, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.627
    Допаѓања:
    104.368
    Пол:
    Женски
    Не би јас ова да редам на глава на бебе па не знам што да е!

    Не знам за какви "страшни паѓања" станува збор ама не, сите деца паѓаат, како што кажаа погоре и "треба да паѓаат" .
    Доволно е само да се обезбеди и прилагоди просторот за нив.
    Тргнат ризични ствари, обезбедат ивици, постават заштитни огради, постелат теписи, гумирани подлоги, на нозе чорапки со гумички, па и топлинки со гума одоздола.

    Која глупост ја правиш мајка, па уште горда ни правиш услуга со откритието, гратис и сликички добивме :lol:
     
    На Chanell*, Sandrin4, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека е глупост, кога повеќе пати ќе си го видиш детето како со сета сила паѓа на глава, нормално е да пробаш да го заштитиш.
    Јас се карав со маж ми зашто не сум го пазела детето, секој ден била со џумки. Он да го видел ова прес 2 месеца сигурно ќе го пробаше.
    Јас наредив коцки за играње секаде каде што можев. Паѓаше и на нив и пак си плачеше на цел глас. Е после 10 асални паѓања (како топола наназад се пушташе, значи со сета сила удира на тилот), почна да се витка и да удира на газот.
    Бидејќи не можеш да им објасниш зошто тоа не е добро, мора сами да искусат. Ќе сфати дека боли и мора нешто да смени.
    Работата е што со сите помагала најчесто им одмагаме на децата. Дубаци, џампери и вакви "финти", се што му дава на детето лажна сигурност, само прави да треба повеќе време додека детето развие вистинска сигурност во стоењето, одењето, во целиот развој.
    Само на земја, заштитено од најголемите опасности, и да се остави да истражува. Џумките се нормален дел од тоа.
     
    На marchi-cool и Mama993 им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Децата проодуваат кога ќе научат да паѓаат. Не ми е јасно, како оди, а паѓа на глава секогаш? Се случува да падне, не велам не, ама генерално знаат да паѓаат пред да се пуштат да одат. Оти ако биле цело време на земја, се вртеле, лазеле, се исправале..во текот на учењето и совладувањето на тие процеси се учи и паѓањето. Ако децата се паткаат и се држат исправени од ваша страна, не им правите услуга.
     
    На Milaаа991, Chanell*, irena.1 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    И двете мои деца се оставани да паѓаат.Сме имале милион џмучки и модрици.Најчесто паѓале и се повредувале ако неможеле при пад да се заштитат со рачиња,да се задржат,им се спреткувале рачињата и паѓале.Ама тоа траело два месеци преку сила.Затоа пак научиле да се цврсти да знаат како да се наместат.Еве и сега малото кога ќе изгуби рамнотежа паѓа цел главата таман мислиш ќе ја удри,он ја задржува и си го ублажува ударот,т.е некако само си легнува.Ние имаме дома едно 2 3 скали,куќата ни е како на две нивоа.Прво што им реков дома е дека децата тука живеат мора да ги научат тие скали.И така и двајцата си се приспособуваат на просторот.Додека пак јатрва ми е голем паничар само оди по нив ги држи и децата сега незнаат да паѓаат.Големиот(6 год.)скокна од една скала не повисока од 15 см и падна се струполи.Па плачки па го болело.Мора децата и да паѓаат и сами да си станат,на тој начин ќе станат цврсти.
     
    На marchi-cool, Sandrin4, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.720
    Допаѓања:
    122.044
    А надвор кога шетате како ја штитиш?
    Претерувате.
     
    На duffi, Chantal, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    И ние дома имаме една скала за накај купатило и вака гледано е многу опасна за мали деца затоа јас прво нешто што почнав да го учам кога прооди е како да се симнува по таа скала, каде да се фати за да не падне, по 100 пати на ден неколку дена по ред и потоа кога бев сигурна дека знае го пуштав сам и си бев раат.
    Исто кога почна да се обрќа од грб на меше прво нешто што го научив беше како да се симне од спална без да падне, сега истото ја учам и малата.
    Воопшто сите опасни места кои сака да ги искачува големиот, да се пентери, не му бранам туку му помагам да научи сам да се качува и симнува за некогаш кога ќе проба во мое отсуство да не направи беља..
     
    На Sanja1105, Lianna Anna, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Ама реално,децата сакаат да си истражуваат,сите.Мора да ги оставиме да истражуваат.Големиот не познавам место каде не се напентарил.Ние не можеме да им бидеме секоја секунда над глава,а не ни сакам така.Малиот прво научи да си искачува скалите,па после прооде. :D:rofl:
     
    На Chantal, emkaemka, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Мајки изгледа погрешно сте ме разбрале,не очекував дека ќе се развие цела дискусија околу тоа,моето беше добронамерен совет. Мајки кои живеат во куќи со два,три спрата и денски се сами со децата многу добро ја разбираат потребата од вакво нешто.
    Таман работа да го носи ова на глава постојано,и во игротека и на шетање надвор. Кога сум надвор со неа не ја оставам сама и многу јасно дека нема потреба од ова,до неа сум реагирам брзо. Но дома некогаш имам потреба да се качам до сушална на спрат,до канцеларија или да пеглам алишта,да се средам нашминкам,да излезам во двор да берам овошје (откако се роди,почнав да садам сама овошје и зеленчук во двор непрскано),имаме и куче за кое јас се грижам маж ми по цел ден е на работа,да чекам маж ми да дојде од работа за да го нахранам кучето и да зачистам или овие работи да ги извршувам кога малата спие? Ни едното ни другото не планирам,кога спие таа одмарам и јас,кога маж ми доаѓа сакам со него да бидам,а не тој да ја чува додека јас фатам нешто од наведеново. Ова ми е и те како потребно дома кога ја оставам сама неколку пати во денот,но кратко. Најдолго што го носела е 40 мин. Да живеевме во стан ќе беше друга приказна,каде и да се свртам ќе ја слушнев и видев и ќе сметав дека ова е глупост.
     
    На Mother of 2boys и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.720
    Допаѓања:
    122.044
    Абе види, нема оставање ни дома. Ти ќе се качиш да пеглаш алишта , може ќе те нема пола саат. Ќе ја оставиш сама? Па не е само паѓањето, може да се фати на врата ,да брцне во штеќер и икс работи.... Јас сум во стан ама на два ката имам внатрешни скали околу 13.Он сега е 2 години и совршено се качува ама пак имам страв. Го земам со мене горе ,ако пеглам му давам играчки ама да е до мене да го гледам...
    И имаш опција за заштитни огради на скалите за да не ти се качува.
    Ама ова како ти текна уште не ми де верува. Извини ,јас се изнасмеав.
     
    На Chanell*, Sanja1105, thinkerbell и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски

    Имаме дрвени привремени огради за скали,ги направивме по мерка,штитници за штекери има насекаде,граничници за собни врати и врати од регали барем тоа не е скапо уште пред да лази ги ставивме. Ако пеглаш а детето ти паѓа како ќе го заштитиш? А ти треба време барем два чекора да направиш до него,тој веќе паднал.
    Или ќе треба да се запустам и себе и домот за да одам по неа да не падне или ќе користам заштитни средства и ќе го оставам детето да оди,да чепка,да истражува а јас да сум ослободена од стравот.
    Шлемовите за бебиња и деца масовно се продаваат низ светот,само ние на тоа гледаме смешно и чудно.

    https://momlovesbest.com/baby-safety-helmets
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    Игнорирај ги коментароте полно со омраза. Не можам да сватам како мајка што си го заштитува детето прави глупости ама тоа си е мислење на некој друг . Ти терај си како што знаеш ...
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.141
    Одма со напаѓање. Аман те, мајки. Не мора да ја правите жената ваква, таква, па уште да и се потсмевате. Секој си знае што и како да прави. Она се плаши, така одлучила и тоа е. Јас не сум користела тоа, ама нема сега да се потсмевам и да и кажувам дека прави глупости. Ајде малку релакс.
     
    На kostarika и fana им се допаѓа ова.
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Од прв ден со царски рез породена сама дете чував. Сопругот и ден денес е по цел ден некогаш на работа, а некогаш и на пат по неколку дена. Нит запустив куќа ( во куќа сум прилично голема со огромен двор, гаража и голема остава кај гаражата прилично голема ) све сама со сега 2ипол год дете правам. И косам трева, оставата ја средувам некогаш, гаража метам од лисја и прскам со црево, дома буквално 1-2 пати џогирам ( може чудно за некој, но ете имам проблем педантерија сум тешка ), дете чувам и готвам и све сама. Нит сум се запуштила како жена како што наведуваш во постот. Често сум фарбана, нашминкана секој ден и бањата :DКога дете спие завршувам некој работи, а кога е буден заедно завршуваме го вклучувам во некој обврски ( демек ми помага готвиме, чистиме, косиме трева, пегламе итн ). Значи ако се сака све се може и со 3 деца дома. Добра организација и испланиран ден и све се завршува. И куќа средена, дете најадено и средено, дете прошетано и со мама изиграно, мама средена и време за мама и тато се има кога се сака да се има :D Го потенцирав ова за делот каде викаш дека сама чуваш дете и неможеш да бидеш запустена.
    Јас лично не го сфатив делот каде кажуваш дека дете го оставаш само дур завршуваш обврски. Зар дете не плаче по тебе и нели ти е страв од што може дете како дете само во дел од секундата ( колку и да е безбедна просторијата ) да се деси? Јас искрено прв пат слушам дете да се остави само во дневна/спална/детска или кај и да е и мајка да иде да пегла, да се бања или што и да прави во друга соба. Свашта може да се деси. Со мали деца никогаш не си на сигурно. Неможеш дете да оставаш само дур завршуваш обврски. По загрозувачки и по страшно е тоа оставање отколку да падне без сунѓерот на глава и да се чукне. Викаш пеглам и што да му правам! Ќе го ставиш во хранилка до тебе, дај му да грицка или ручка нешто и дур пеглаш ќе си разговарате, ќе се смеете, ќе се дружите. Дур диплиш алишта дај му неколку парталчиња демек ти помага. Ем ти ќе здиплиш ем дете со тебе и ќе му е забавно. Надвор работиш во бавча викаш. Стај го во количка со тебе надвор, па ти дур работиш ќе си муабетиш со него, ќе му дадеш ќе ручка нешто и ќе е со тебе и ти ќе завршиш работа. Значи за све се има решение ако се сака. Дај му затворен римел или небитно чешал или што и да е, па ти дур се шминкаш ќе е до тебе и ќе си игра. Сигурно 20мин не се шминкаш? Едино ако секоја вечер не искачаш во ноќен клуб па да бара поеќе шминка на тебе пригодата нели. За да колку толку изгледаш океј се потребни 10мин. Еве ја по дома ни во лудило не практикувам пудра да ставам. Никогаш! Несакам дете да го бакнувам, гушкам напудросана. Коректор и римел сосема доволно за дома да не изгледа жена како од поплава исфрлена :D
    Дома од безбедно најбезбедно ми е прилагодено, ама за прв пат дур отидов до спална ќебенце да земам ( дете беше туку што проодено ) се поткачил на гарнитура ( ни на сон дека може да се качи не ми текнало зашто не знаеше до тогаш ) и стоеше исправен. Како Супермен летав да го фатам. Секунда беше да паднеше ( сеуште не стабилен ) и да се акне од масичето и да се деси непосакуван хорор. Деца се и секогаш може да изненадат.
    Да шлемови за дечиња, сунѓери за околу глава и целосни сунѓери за грб и глава се продаваат и купуваат не оспорувам. Но, не значи дека е соодветно и добро за раст на деца. Кога имаш прилика ислушај го ( имаш видеа ) или прочитај нешто од Рајко Рајович. Па може ќе ти биде јасно она што повеќето ти го објаснија во постовите погоре. Не му правиш услуга на детето со тој заштитник. Само ќе му направиш проблем. Да не знае да паѓа па на 7-8г кога ќе се сопне да не знае да падне и да сокрши глава. Па еве не и ние израснавме без заштотници и повеќето од нашиве деца. Живи и здрави се без потрес на мозок и скршени черепи. Мора дете да се научи да знае да падне. Ќе падне 2-3 пати не викам не, ќе искочи џумка, модрица, ќе липта од болка ама со паѓањето ќе научи како да се задржи, како да ублажи удар и да развие моторика која е најбитна за растот на едно дете и понатамошната иднина.
    Ниедна од мајкиве не те нападна негативно, секоја ти даде добар совет зашто е тоа погрешно што го правиш а мислиш дека си во право. Секоја мајка сака да си го заштити детето. Но, секоја мајка треба да е свесна дека преголемата заштита и не оставање на дете да се осамостои само му прави контра услуга за во иднина.
    Батали шлемови и сунѓери за глава, грб и остало. Дете треба да научи да прооди, да чекори само ( без паткање за да знае рамнотежа да држи ) тоа секој искусен ортопед ќе ти каже, да научи да паѓа, да се качува итн. Со тие заштити на глави, па ремчињана како куче да шетаат што ги врзуваат децана ( мене лично ми е за осуда ) , итн само дојдоа генерации уназадени. Не го измислив тоа јас, Рајко Рајович во скоро секое излагање го потенцира ова и со многу добри статистики го докажува.
    Ништо лично мајка. Но, ете размисли и знаеме дека мајка како мајка му мисли најдобро и најбезбедно на дете, но верувај ова со сунгеров е ту мач и само лоша услуга за во иднина на дете. Но, сепак е твое дете и ако мислиш дека е тоа правилно така прави и слушај си го својот разум. Сепак е твое дете и ти си му мајка. Не битно е кој што мисли тука, на крај на денот секој е мајка на своето дете. Не верувам да беа злонамерни коментарите погоре, сепак се со добра намера верувај. Можеби лошо пишани, но никако злонамерни.
     
    Последна измена: 8 ноември 2019
    На marchi-cool, pianogirl, thinkerbell и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Факт е дека со презаштитувањето на децата им се прави повеќе штета отколку корист, па сега кој како сака така нека си прави. ;)
     
    На fana, thinkerbell, sofi2107 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Jас малку покасно се уклучувам во муабетот, ама читам цело време. И се нервирам право да ви кажам. Прво и најосновно е дека детето кога почнува да лази и да се исправа по кревети, комоди итн, всушност учи и да паѓа. Најбитно во животот на детето е родителите да направат средина каде детето може безбедно да паѓа. Незнам за колкаво дете се работи, претпоставувам дека веќе оди. Ако не, направете напор на детето да му овозможите простор во кој тоа безбедно ќе паѓа. Ако детето не научи да паѓа, подоцна ќе има проблем, ќе не може да се снајде во околината, и многу се големи шансите да се повреди. Тоа дете утре ќе има 2,3,4 години. Ќе треба да оди по улица, по тротоар, по жардињери, по столбчиња, во игротеки, во градинка, на гости..... зарем ќе имаш можност да го заштитуваш секогаш? Зарем ќе носи шлем со години? Сметам дека токму сега е времето ти и куќата да се ставите во втор план и да му посветиш на детето внимание, доволно за да биде сигурно самото во себе. Нема потреба детето да си направи психички проблем и да се плаши од било која средина. И уште нешто, ни ти, ни куќата не ќе сте такви какви што сте ако тоа дете не расте среќно таму каде што е. ;) @Mama993
     
    На Mother of 2boys, marchi-cool, pianogirl и 9 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ортопедот уште пред да научи да седи малата ни потенцираше колку важен дел од развојот е да научи детето да паѓа. Ни рече никако да не ја оставаме на мека површина или покриена со ќебиња зашто ќе развие лажна сигурност дека секаде е меко. @Mama993 ти го правиш токму ова. Те разбирам дека сакаш да го заштитиш, но е баш обратно. Ќе мисли дека нема потреба да ја штити главата зашто и така не боли кога ќе падне.
    Не можам да ти опишам колку е важно ова понатаму, колку трчаат и паѓаат постојано.
    Ќе паѓа на цементо, сегде и мора да научи како се паѓа. Инаку ќе имате огромна мака.
     
    На marchi-cool, Chanell*, pianogirl и 12 други им се допаѓа ова.
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Dajte mipredlog doktor ORL za bebe-dete 15 meseci? Pa i drzavno i privatno ? Ne e vazno
     
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Lazarevski, Sistina
    Ili Mirka Salic
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Ова исто како штитниците за колена кога децата лазат. Црвени им биле коленцата. Е ако де, побрзо ќе се исправи на нозе. Исто и на нас ортопедот ни потенцираше дека е многу важно да научи да паѓа. Или во вртење да не си ја мава главата. Ја мавна неколку пати и сега баш профи се врти како пропелер.
    И ни во најголемо лудило не би ја оставила сама додека извршувам обврски. Ако пеглам, ја оставам до мене. Ако пружам алишта, ја ставам во транспортер и надвор со мене. Кога знам дека ќе се задржам во тоалет:$, исто во транспортер и да ја гледам. Породилното ми заврши, а на прсти на една рака можам да избројам колку пати сум легнала додека она спие. Секогаш трчам тогаш најголемиот дел обврски по дом да ги завршам, за максимлно да и се посветам кога ќе стане.
    Ама никако да научат возрасниве дека вакви типови заштита на глава/ колена е контрауслуга. Исто и паткањето. И дубаци и џампери.
     
    На Mother of 2boys, marchi-cool, pianogirl и 8 други им се допаѓа ова.