Што е побрзо за облекување за деца до две години за на зима целосни комплети или оние со јакна и пантолони? Многу мака видов лани до три месеци со целосниот зимски костум па сега не знам што да земам. Сакам брзо да се облака, да е практично.
Џивџи ми е за греота, баш му напипав едвај вчера, одеднаш 7 заби му избиваат, сите 4ки и три 3ки. Веќе 10тина дена како швркнат е, нервозен, само голта секрети, гризе се. Чудо па јаде и не кренал тт. Туку навечер се буди си подврискува, може ли некоја пола доза парацетамолче да му давам да спие помирно? Или некое друго чаре? Гревче ми е.
Јакна и панталони особено што можеш да ја соблечеш јакната на пример ако влезете некаде на топло додека шетате.
Мајки дајте совет малата почна фа ми прибира мн јадење. Се со јадеше до пред 2 месеца сеа изведува нешто иначе е 15 месеци. Месо никако не сака сра да јаде едино супа и правам и ставам ситно месо внатре. Рибата ја сакаше мн сеа неќњ да ја види. Сака нон стоп да цица заби ваде нервозна е. Дајте совет за месото како да го јаде. Ни варено ни печено ништо не сака
Мојот само мелено јаде, плескавица, ќофтиња, во мусака и лазањи... сака ли така твојата? Ние мешаме свинско, телешко и пилешко и правам обично 2 пати неделно, на друг начин не го сака.
Не го сака ни така. Телешко домашно давам, свинско мала е уште а пилешко не сум и дала одамна пошто немам домашно некако купечките мо се шубе да ги давам. Не знам шо да праам
Ништо тогаш вари и блендирај го во супи и манџи, јас така правев одреден период додека и тоа почна да одбива.
Можиш да и даваш постепено и свинско не е мала , обично сите тој период почнуваме да даваме малку по малку , баш и лолипоп ко што ти кажа мешано мелено напрај и така пробај , или период паузирај не и нуди никакво , па пак пробај ја ..
Јас дадов тој период некаде , знам и мн други исто така околу година ипол што почнуваат и тоа е минимално , сепак поделени се препораките . Мојава не го ни јадеше нешто многу , т.е што и дае од страна на месо , и ден денес само во вид на мелено јаде 80% , а мелено секакво и давам , какво си имам , ама веќе две и пол години си е .
Домашно се би дала (и дадов на синко) после годинка. И свинско и јарешко и јагнешко.... Свинче го чуваме дома, го храниме со најдобра храна... не може да е лошо. Педијатрите советуваат од аспект на тоа што во фарма ги хранат со се и сешто, ги клукаат со хормони и медикаменти, па затоа не е безбедно.
Аман бре. А како тогаш во Велика Британија и Германија било какво месео се дава и пред годинка. Само нашиве деца нешто све специјални се. Свинско без маснотии е подобар избор од пилешко со хормони.