И јас дадов свинско пред две години со второво. На големиот покасно му дадов. Ме чуди за овчото сирење, оти да не се дава? Јас дадов и кај двајцата одма штом наполнија годинка, домашно, проверено, добро созреано сирење. Па кашкавалот и павлаката се стопати полоши од сирењето.
Докторкава е ептен либерална по однос на храна. Имам пишувано кога воведував храна. Не е затуцана и нема потреба да се споредува со нивното височество западот ни пилешко не давам. Само во градинка ако има на мени, дома не јаде пилешко месо @Annath заради масти. Пак ќе ја прашам сега кога ќе одиме. Бидејќи беше доста либерална за се, а за ова ми напоменува и верувам. Одамна го правевме муабетот во деталји и сум изумила се.
Јас знам дека до 2 години не се дава печурки. Повеќе педијатри ми рекоа после една година да јаде тоа што јадеме ние. Свинско јаде, мешано сирење и кашкавал јаде и павлака јаде. Не дека намерно и давам да јаде, туку едноставно не и бранам. Само сувомеснато и паштета и бранам.
Мојава јаде и свинско, и печурки, и павлака, и кашкавал, и се’ живо Се’ со усул, секако. Каснува и сувомеснато кога има на маса, не и’ бранам да проба малку. Сепак, ретко се случува, пошто и ние дома ретко јадеме такви работи, обично за гости вадам. После годинката официјално престанав да се замарам со правила и прописи, јаде тоа што јадеме и ние. Свинско (и телешко) имаме домашно, па затоа и не се устручавав да дадам. Исто, овчо сирење од многу одамна јаде, не го гледам тоа како трагично. Повеќе го сака од кравјото, а и ние дома го јадеме.
др.Владимир Јекич - Систина Она со шлемот ми е смешки. Претеризам. Како тоа шлемот би ја заштитил ако е оставено детето само на втор спрат, ќе се заштити главата ами недај Боже падне лошо на рака,на грб... ?? Зарем сериозно оставаш дете само дома и идеш во двор по “непрскано” овошје или храниш куче, и очекуваш “шлемот” да ја заштити од страшни паѓања? Мојата се удараше од маса,од столчиња, од шкафчиња, ќе се пикне под маса и ќе се акне со сета сила... Е сега научи дека ако го прави тоа ќе ја боли, па да видиш како знае од каде да поминува и каде да фаќа а каде не. Ако и стаев ваков шлем никад немаше да научи дека не и е местото под маса. И иако не сум во “огромна”куќа, секогаш е детето до мене. Ако чистам ја вклучувам и нејзе во активноста, низ игра и смеа и ќе изметам,и пребришам, испеглам, почнав да готвам со неа до мене.. Значи муабетот е дека ти си одговорна за неа и нејзината безбедност, а не вакви глупоштини да му ставаш на детето на глава. Смешно е.
Ми треба совет. На ортопед сме тек за два месеца, а на последниот преглед ми беше кажано да давам Д3+Омега-1 капсула и две капки Вигантол. Проблемот е што малата никако не сака да ги испие Вигантолот,ме гледа со лажичето и бега и вика не не не, не можам ни во храна да и ги маскирам. За овие два месеца дали 5 пати сум и дала од нив... Знаете ли во форма на капсула на некоја фирма дали ја има истата јачина ко во Вигантолот? Капсулите од мерак ги шмука,мисли бомбон е..
Има и капсули само Д3 можеш од нив да даваш ако сакаш, ама за да е еквивалентна терапијата ќе мора барем по 2 од тие да даваш. А сокче пие ли? Можеш во чаша да ставиш 2-3 голтки сокче и да капнеш 2 капки па да ги испие, така нема ли да функционира?
Како што ти пиша лолипоп прашај за тие капсули што имаат само д3 па давај од нив. Нека ти ја одредат еквивалентната доза.
Земи некое мултивит сирупче, па ставај и таму...Јас така им давам и на двајцата, зашто ств иако немаат вкус некој дека се мрсни мн се чудни... Или земи со сокче, шприц од сируп повлечи сокче малку и стави го во чашка од ракија и стави капки таму, па пак повлечи го со шприцот и давај и така. Или да пробаш да ги вметнеш во капсулата од омега? Со шприц (идеиве откачени ми се, ама и јас така си барам чаре кога не сакаат нешто да испијат) Инаку две капки вигантол ти се 1000 I.E. Ке ти треба плус две капсули д3, тие мислам дека една е 400 I.E. Јас по препорака им давам 4 вигантол, а тоа е 2000 I.E. Ти со омегата + вигантол 2 = 1400 I.E.
Мариз, зошто ви препорачаа 4капки? Прашувам,зш на едното дете од 2 му покачија на 5 заради високо АLP, па малку сум испаничена...
Исто и кај синчето беше покачено, ама и стапалата му се доле криви малку и плус е 4г, а има висина и тежина како 6,7г дете, мн брзо расте. За малава не сум била пак на контрола, летово не давав и на двајцата ич, почнав од Септ некаде. Ке одам на контрола ама мислам дека сепак на 4 ке остане зашто Антоније толку препорачува на повеќето деца.. И на другарка на малата и рекол 4.
Вигантолот можеш да го внесеш како сакаш. Кога ќе седнете да јадете на ќошот на лепчето капни ги двете капки, и почнете од тоа ќоше да јадете. На колаче, во монте..... на првата понудена лажичка на кое било јадење.
Коцки, коцки со форми што се пикаат во соодветно прозорче. Чашки за редење, прстени за редење. . . Мојов тој период најмногу му привлекуваше внимание се што се реди, да пикне во нешто, да се врти, да стиска. Ако си од Ск моја препорака е да избереш некоја играчка од Клементони, мојов имаше баш интересни на таа возраст од нив. Ги имаш во Еуроалба во Лептокарија, сега се и на - 20% а и ќе бидат до Нова сигурно
Здраво мајки. Од сега тука се префрламе, синко пред една недела наполни годинка. Сега да си ја искажам маката. Прво не ми се верува ни мене колку немирно дете имам. Ништо не го интересира, само оди по соба и прави неред на сите страни. Нема играчка што ќе му задржи внимание повеќе од 2 мин. Н Е М А . Не сака да јаде, одбива дури и да проба ако е нешто што досега не пробал или пак ќе исплука. Некогаш не ме остава да завршам обврски по дома плаче да го земам а ако го земам и спуштам пак долу следи плачење до зајдување дури, па мора да го држам во раце додека работам. А искрено да држиш дете од 12,5кг во една рака а со друга да работиш и не е толку лесно. Ептен е плачлив и нервозен ако одиме некаде каде нему му е непознато. Пример го однесов на фотосесија пред роденден не сакаше ни да застане таму, штом го спуштев долу плачеше. За роденден во ресторанот исто така реагираше, не се опушти, цела вечер во раце го држевме. Не ми е јасно зошто прави вака, се плаши ли нешто? И згора на се уште не успеав да го одбијам од цицање. Цица за спиење само, попладне и вечер но преку ноќ некогаш ќе се разбуди еднаш понекогаш се буди по 5-6 пати. Ова со не јадењево само повеќе го одолговлекува одбивањето. Шише не прифаќа никако. Немам сили повеќе. Каде грешам не знам?
Во половина од ова шо го кажуваш ја пронаоѓам и мојава. Не јаде и трча низ дома само и префаќа. Сака внимание и нишш не и се погаѓа. Ако е центар света и да има дома баби, дедовци медењак е прав. Е оваа е резервирана кога сме некаде ама брзо се опушта. Вчера ја носев на новогодишна фотосесија, толки и се допадна една од сцените абе едвај си ја зезовме, си се заигра со шишарки и памук. Сака да си игра и дома, ама најчесто се брзо и досадува, освем кога прередува фиоки и полици. Е јас мака со држење и раборење немам не за друго лесна е... 9 ипол кг, инаку исто како лепенка ми е и во вц си ја носам, на мене спие... Цица и да ни јаде ни пие, ама апсолутно ништо периодов (привери да не го мачат заби, на мојава 2 и пробија, уште 2 набрекнати кај да е ќе избијат). Изгледа такви се сите едногодишна деца. Инат жив е, се сака по нејзино инаку вади еден глас, уши пара, а кога сака како маче се гали, помила и од ангел е.
И мојата е на иста возраст и иста како што ја опиша.Ако не сум дома, не ме бара,ама ако ме види се лепи за мене и никој не ја интересира( ова е скоро цел ден).Работам со неа во раце оти ако ја оставам пружа рачињата кон мене и кенка жално.Ако ја игнорирам,ќе земе некоја играчка, се довлечкува до мене и демек ми ја дава и плаче.Се за да ја земам.И само да гледа што работам. За јадење,ако и е погодено ќе јаде,ако не, фрла се од хранилка и гласно протестира.Во последно време јас ја рецитирам азбуката на Биби, а таа јаде и ме гледа во уста.Или и давам леб и таа мене ме храни,јас нејзе.Ама ова нон стоп нешто менува.Битно,кога јаде мора да биде анимирана со нешто. А спиењето е хаос.Еве последниве две ноќи се буди на саат и пол за цицање( читај: мезење).Во добрите ретки ноќи станува по 2 пати.Инаку по 3или 4.Е сега скок ли е,заби ли се не знам ама нон стоп е на цицка.Стрес левел ми е на највисоко. Така да, изгледа се што опиша е нормално.