Прво проучете поубаво кои храни доведуваат до покачен холестерол. Второ заситени и незаситени масти (таман и за путерот да видите зошто не се препорачува во голема количина, а како замена секогаш маслиново се дава), трето на форум не можам се да објаснам ама ако ве интересира повелете во порака. Скриените шеќери се тие што не се препорачуваат за тестенини и пецива (и фала богу МАРГАРИНОТ што се става во пекариве). Не мешајте холестерол со друго. Плус има добар и лош, јајца покажуваат кога се многу термички обработени, а месо и те како покачува, на чело со внатрешници како џигер, срце и сл. Затоа и до 3 не се препорачува тоа, плус сувомеснато што има конзервиранси. Зарем на децата не им давате ништо со брашно? WOW! Влагам во темава за што ручавте и не можам ни ден да најдам без брашно или макар гриз што е пченичен. Комбинацијата е тоа што ги прави штетни работите - запршката ради маслото - бидејќи така почна муабетот. Секако, види и на Чичко Гугл нутритивна вредност на брашното.
Prasanjevo ne e so temava ama, tuka ima majki so im zavrsi skoro porodilno i so trgnaa na rabota,pa me interesira dali se vadi nekoj dokument deka se zatvara porodilno,ili ne treba nisto pravo se vrakas na rabota
Мајки, ми треба совет...Малата ми е година и пол, има три главни оброци и две ужинки. Е сега проблемот е ноќното млеко ( сеуште пие адаптирано) До сега пиеше по две шишиња од 210мл во текот на ноќта но последниве две недели ми пие по три шишиња. Според мене тоа е многу и плус цела ноќ не спие цврсто, само се превртува...преку ден многу цврсто спие, не знам што да променам, сакам да не пие веќе толку млеко во текот на ноќта...сум пробала да и дадам млеко пред да спие навечер и ич не ми го пие така,само по 50-60мл максимум.Ве молам искуства со млекото, жива ненаспана сум
Воопшто не треба да пие млеко на таа возраст во текот на ноќта. Стомачето треба да одмори т.е желудникот. Кај нејзе желудник работи 24/7 што воопшто не е добро. Затоа и ти се буди. Се знае ноќе е за спиење. Во ред е да потстане за малку водичка, ете ме и мене на 40г некогаш станувам за вода па и синко потстанува некогаш и бара. Ќе се напие и продолжува да спие. Нека си вечера убаво дете и нека спие. Ќе пресечеш наеднаш. Ќе плаче, да да ќе поплаче неколку вечери зашто веќе и е навика, понуди водичка на секое нејзино барање млеко. Со тек на деновите ќе се прилагоди и ќе знае дека нема млеко и нема да плаче и бара. Нека одмори желудник од работа ноќта, нема потреба и дење да преработува/вари храната па и ноќе исто така.
Незнам каде да пишам нема соодветна тема затоа тука ќе пишам. Мојата ќеркичка пред некој ден наполни 1 година. Се разделивме со таткои имам пишувано у др теми за проблемот наш но тоа не е битно после разделбата ја паднав малце у депресија може и ја запоставив малце малата па затоа имам чуство дека не ме сака имаше моменти кога знам да и се развикам ако плаче за нешто или ако неможе да заспие итн. Имам чуство како да не ме сака толку многу не ми се радува како што на др радува на бившата золва кога ќе ја види или па таткои кога ќе го види. Дури не сака ни да ја земам од нив. Некогаш ќе подаде рачиња ама се поретло.Ако ја земам некогаш знае да се расплаче. Незнам дали и фалат зш не ги гледа цело време а со мене е 24 часа. Или пак јас не сум добра мајка не сум и интересна и со моите проблеми може ја зашоставив... ви се има ли случено вакво нешо обично знам дека малите се приврзани со мајкати ама мојава не дека не ми се радува ама не како на нив што им се радува .... и помала додеа беше додека живеевме заедно на нив двајца највеќе им се радуваше и на дедои ама со мене беше цело време никогаш ја немав оставено сама и по мене не ни заплакала ако испадна од соба а по др плачеше хаха.
Не знаев каде да го поставам прашањево, па со оглед на тоа дека бебка е 23 месеци , решив тука. Имено, ми треба препорака за добар фризерски салон каде ќе ја средат убаво малата. Значи косата и’ е огромна, сакам да и’ ја израмнат убаво и шишки да и’ ишишаат (ако воопшто дозволи да ја пипнат ). Со Мали Ѕвезди имате искуство? Јас не сум слушала баш најдобри зборови за нив, па барам препорака за фризерски салон кој умее со тодлери од (речиси) две години
Јас пред една недела го носев мојов кај Адо hairdo и многу сум задоволна. Моево не соработуваше но крајниот резултат беше успешен Исто се мислев прво за Мали ѕвездички но тоа што имам видено едно не.
Мои колешки сите ги носат кај Адо HairDo,ама ние не сме стигнале до тој степен па кај маалски бербер уште рикаме . Инаку Мали звездички големо не. Моето го ошишаа толку лошо па и уште превртуваа со очи зошто плачеше многу и не се држеше . Тотални непрофесионалци
Мали ѕвезди исто не од мене, првиот пат го шишаше машко и беше ок. А вториот пат жена некоја беше како глувци да го гризеле, јас го поправав дома
А да ја носиш кај твојата фризерка? На моето првото шишање му беше кај мојата. Не дека не правеше проблем, ама оти таму сум ,,домашна,,, па некако се исшишавме. Малку на чешма па на стол стоечки, цел салон го сврте. Ја измалтретира женава 100%. После почна да оди со татко му на бербер, исто кај неговиот. На почеток правеше проблеми , ама го стрикаме секој месец, многу брзо му расте, па се навикна.
Јас сум или веќе бев задоволна од Мали ѕвезди, првиот пат го шишаше жена која ми ја препорачаа и супер беше, ама веќе не работи таму, сите наредни пати машкото и супер е и он, видов јас како другите жени шкрапаат и кажувам сакам исклучиво машкото. Е сега, у претходниот дуќан беше мн почисто, во новиов беше гнаса, особено кај играчките, летаа влакна, можат барем со рачна правосмукалка да соберат Лош однос не ме стрефил.. Јас од старт почнав таму као за играчките, реално мојов и сака такви дрвенарии какви држат и по шишањето и рикањето со нив мн брзо се смирува, ама па реално он рика и сегде би рикал, верувам и твојата ќе е у тој фазон, па сеедно ќе е кај ќе ја однесеш Носи ја кај твојата и јас ти викам не за Ѕвездата, не е за таму девојче, ај на момче брзо ќе му порасне, а и машково не сум видела девојчињата да ги шиша
Фала ви на сите, женски. Кај мојот фризер на крај ќе биде изгледа Не барам јас ништо фенси во смисла салон или фризер, зошто знам дека рикање ќе биде, ако воопшто даде да ја пипнат. Ама планирам прво мене да ме среди, а она да гледа, па после неа. Мада она ќе рика и додека мене ме шишаат сигурно, а рикањето ќе кулминира кога она ќе дојде на ред Адо ми е пребукиран, и реално, за дете не ми се чека термин со месеци кај него, ќе се породам додека чекам а за ѕвездиве ми се потврди мислењето - дека не вредат Фалави уште еднаш
Мојов рика и ако се чешлам, пеглам, сушам со фен Не си прави екскурзии прво ти, за да гледа, однеси девојче да ја потшишаат и надевај се на помалку рикање, за да не биде и целочасовно рикање
Па ја демек за полесно мислев, ама што викаш, може и полошо да направам Ај нека помине Нова Година ќе соберам храброст и ќе ја носам, па што биде нека биде
Jas za prvo shishanje ja odnesov vo Mali dzvezdi i super pominavme. Ne placese Se zaigra so igrackite, a frizerkata vo meguvreme neprimetno ja ishisha. Jas sum prezadovolna Inaku i mojata e placka
Здраво мајки. Еве и јас се префрлив на темава. Мојот проблем е неговото спиење т.е. неспиење. Дете се буди два пати навечер,без причина,вришти не можеш да го смириш. Спие во мало креветче/како колевка,бидејќи уште се нишаме. Кога ќе го префрлам во неговото големо креветче се врти,превртува,станува,се качува на перницата...Значи ноќите хорор ми се. Совет некој,очајна сум.
Незнам колкаво е детето, нас неколку пати на периоди ни се случуваше тоа. Мислам дека еднаш причина беше излегување на 5-ките, кога е настината и кога почна да оди во градинка. Траеше по неколку денови, па после се е ок. Се надевам и кај вас брзо ќе помине. Или го мачи нешто или некоја промена.во навики ако сте имале.