Освен на јак ветер и дожд, не седете дома! Им правите полошо, исти воздух, развој на вируси, летаргичност и нервоза. И вчера ја носев надвор да трча, секој ден е барем по саат надвор облечена соодветно. Како што кажа JuLlee, летото фати два пати вирус, измеѓу е здрава. Значи не смета ладното ниту пак слабиот ветар. Јас би и по 2 пати у ден по саат на ладно да одиме у парк или на улица на прошетка одошто два саати у трговски центар на топло со 72773618942 луѓе внатре со секакви потенцијални вируси и бактерии. Останатиот дел од денот кај сите е исти, излудувачка.
Не пропштајте ни еден топол ден (како пример денешниот) а да не ги прошетате малите. Баталете цела работа дома и изнесете ги малите нека уживаат. Море секој ден шеткајте ги, па макар тоа да биде прошетка до продавница и назад, испешачете малку, нека се истрчат дечките, или возете ги во количка ако не одат, ама не ги чувајте дома. Соодветно облечени изнесете ги надвор на воздух, ќе им годи и тоа како. Ние денес цел ден шаткаме, се изнатрча малата, убав беше денот и оставив куп облека за пеглање, правосмукалка во предсобје и прашина по мебелот, ама важно шетавме на воздух. И утре ако е вако топло ќе ми остане работата Важно ќе ја шетам малата. Ние поточно секој ден излегувме надвор, а пак вакви топли денови нема шанси да ги пропуштиме.
majki sovet mi treba.sin mi ima skoro dve godini denes kako smenet glaso mu e od rucek vreme nekako nervozen e i mu teci noseto eve sega.Temperatura skraja da e nema ama mi e strav nokeska da ne kreni.Dali pred da zaspie da mu dadam efaralgan preventivno
Efergalan превентивно не се дава.Можеш нагло така да ја симнеш Т и да добие фебрилни конвулзии(не дај боже). Дај му чајче,истуширај го со топла вода,можеш и супа. Превентивно тоа а сируп не.
fala joy1 na odgovorot.E sega da prasam najverojatno se raboti za laringit mu zaripba glasot i potkasluva po malce.Otvoriv eden forum se iznacitav se i sesto deka moze da dojde do gusenje na deteto???,inace tt ne krenavme.majki sovet sto da pravam
Зошто пред време паничиш? Утре сабајле ке си го однесеш лекар да го види и ке си добие соодветна терапија.На своја рака ништо неможеш и не донесувај сама заклучок за дијагнози.
На интернет ако почнеме за секое заболување да читаме симптоми, ќе умреме од страв. Носете ги децата на лекар и не си го трошете времето со читање статии на интернет. Ќе шекнете од грижи непотребно.
Мајки нецели 14м сме, синко од прв ден е на „аптамил“, а веќе 4м покрај АД си пие на ден по 150мл козјо млеко. Е,сега што ми е прашањето:козјо веќе нема да можам да набавувам,од сите страни ми викаат да го баталиме „аптамилот“ и да почнам да давам кравјо(тетрапак). Ваше искуство,совет?Какво купечко давате? П.С.Инаку дневно пие 600-700 мл млеко,насабајле и навечер пред спиење и денски пред да заспие(дремне).
Ако немате проблем со крвната слика (анемичност) јас би преминала на кравјо. Ние одамна сме на кравјо млеко а исто пие по околу 500мл (150 на денското заспивање и во текот на ноќта оклу 350мл)
И меме ми викаат да преминам на кравјо но мене некако не ми се слуша. До 16м решена сум да давам адаптирано. А за во каши почнав козјо да и ставам но немав од кај да набавам домашно затоа користам од збрегов(тетрапак).
I jas takvo davam, na zbregov. Demek najdov domasno ama luge smrdese i imase nekoja cudna temno zolta boja. Poodamna bese ova. I maz mi ne mi dade da go koristam zosto od kaj da sme znaele dali kozata e zdrava itn. I vo pravo e...
Да ама ова па од збрегов ич не мириса. Не знам дали тоа да го профатам како позитивно или негативно :/
сигурно штом не мириса не е 100% козјо, го мешаат и дека е преработено и не мириса. Комшивка на баба ми во село какви кози имаше, ич не мирисаше млекото. Дали има врска со што се хранат, дали видот на козата-така да се изразам, не знам.
Аκо 'смρдело' може да било ρасипано,но аκо миρиса,тогаш таκва е миρизбата од κозите. Знам κај моите κога бев мала,чуваа овци и млекото и производите не мирисаа јако,како што имам пробано од друго место.Значи,има врска храната,дедо ми овците ги гледаше како свои деца(не беа многу),ги хранеше здраво,без додатоци.А за бојата,од него имам слушано како кажува дека жолта боја кај секое млеко значи дека има висок процент на масленост,и плус ако споредите млеко во рана пролет(кога ги изнесуваат на пасишта)тогаш е најжолто со највисок процент масленост.
Мајки на син ми тестисите одоздола му се црвени веќе неколку дена. Сѐ друго е во ред околу, само на тоа место има црвенило, не знам дали е нешто опасно?
Еве и нас мајки со вируси и оп веднаш ангина на грлото и ни даде амоксиклав и риностоп.цел е затната го чистам носот со марисол капки и ефедрин капки ставам ама џабе не помага ништо да може детето да дише. Пак јово на ново со јадењето, све одбива ништо не јаде ниту чајче ниту сокче ништо заради грлото изгледа. На работа сум 9 часа ми е смената а паметот и срцето кај моето чедо Изгледа нема потешка улога во животот од тоа да бидеш мајка
а се жали на болка, мислам мал е да каже но ако го притиснеш реагира? Не сум приметила такво нешто кај мојот....
Слими со гнојна ангина шанси нема да јаде додека не поминат барем 48 саати од антибиотико за да почне да се повлекува. Ако можеш и ако ти дозволува: стерилна газа намотај на прст и стави сода бикарбона, и колку можеш подлабоко во грлото за да физички одстраниш дел од гнојот и да му олесниш. Големи се шансите да поврати ама ништо страшно, така плус ќе се исчисти. Другиот начин е да јаде цврста храна како корка од леб јаболка бисквити и со парченцата да го чисти грлото. Побрзо да сте подобри!
Ништо не е, од пелената е, миј го почесто деновиве и убаво бриши го, да не останува влага, остави го и малку гол. И на син ми така му се прави понекогаш, ништо не мачкам, мијам, бришам и го оставам гол да се луфтира И без влажни марамчиња.