А има ли во Македонија фризери што доаѓаат дома да шишаат? Ние тука првите 2-3 пати така го шишавме, седнат во хранилката, со големо огледало да се гледа, па цртани и песнички на таблет. Се научи, па сега и на фризер не е проблем, дури ни на машинката не реагира. Додуша јас за се го предупредувам, сега ќе го пуштиме фенот, ќе дува и ќе прави бббббуууууууууу, или машинката ќе прави бббббррррррр за да не се уплаши @Minnie 1 околу 12 месеци има скок во развој, претпоставувам од тоа е промената. Трае неколку недели, се надевам набрзо ќе помине.
Здраво за прв пат сум во темата, малата штотуку наполни 1 година. Досега не и давав парчиња храна да држу во рака ниту да џвака зошто на неколку пат ми се засркна и се исплашив. Сега веќе е време да јаде и така па прашањето ми е со каков вид на храна д почнам, дали резанки, дали парченца, дали да ја оставам сама да загризе.. Кине поголеми парчиња и ми се задавува. Има 4 заби.
Јас со банана мислам почнав и со бисквитите на лобело што се топат во уста. И давав да загризува сама.
Бананата се гризе. Евентуално со рака поголемо парче, а не минијатурно шарченце што нема да го осети. До сега веќе требало да знае да џвака
Одгризуваше големи парчиња и се задавуваше... Затоа ми беше страв,а од друга страна свесна сум дека веќе треба да почне да џвака
Pocni so lino smoki, pa so so lobello biskviti. So banana jabolko podocna bidejki moze da ti se zadavi ako do sega ne dzvakala. Posle mozes i lepce, dobro e za ucenje
Свари морков ( на пареа ако си во можност ) дај да јаде само детето да држи во раче. Сепак ти си тука до него за реакција. И да се засркне не паничи за дете да не те осеќа па да паничи и тоа во иднина. Самите дечиња па и бебе имаат рефлекс на искашлување не се плаши не туку така може да се задави, ова се однесува нормално не на цели јатки, на тврди парчиња итн. Свари карфиол или брокула, компир, батат, цвекло итн. Исецкај и нека си ручка само ( ти си нормално тука присутна па помагаш ). Значи почни со овакви намирници спремени на пареа или сварени. Банана. Па после откако ќе увидиш дека знае да џвака и да одгризе парче соодветно за во устата ќе почнеш со друго. Ќе дадеш леб ( можеш од Жито Лукс бриош или било кој коцкастите ) , па со бисквити, смоки, соленки итн. Па постепено ќе нудиш со тек на време и овошје и свеж зеленчук ( краставичка, свежа жива пиперка која е богата со витамин Ц итн ), овошје свежо. Нормално за 1мес не можеш да очекуваш да почне наеднаш, но постепено. Инаку да се надоврзам со некој од членките погоре. Порано се почнува со пасирана храна ( негде после 7мес па и од 6мес ), па се почнува со парчиња. Без разлика дали има заби бебе сепак е битно да знае да џвака. Џвакаат со самата вилица ( соодветна храна нели ) , со самото тоа се развива вилицата и процесот за говор е соремен ( подетално има на гугле зашто е битно џвакањето кај бебе/дете ).
Се е тоа убаво што пишуавте. Ама! На некои дечиња им треба повеќе време. Мојава мислев нема абер да пројаде "нормална" храна, па преку ноќ почна. По вашата дефиниција касно, по нејзиниот часовник на време. Ништо не бива со форсирање.
Моето беше вакво до кај 2ипол години. Играчка е нормално да не го интересира на една годинка. Нормално е да плаче за во раце и да треба да готвиш со него. Нормално е да плаче на фотосесијата. Нормално е да не го интересира ништо ама всушност се го интересира бидејќи велиш оди по соба и прави неред. Нормално е да мислиш дека немаш сили. А имаш. Секое ново утро со нови сили. Кај мене после 2 години почна постепено да станува полесно. И веројатно нормално е и да не јаде, моето пројаде на 2 годинки и сега ми е страв колку јаде. Цицаше до 2 и пол години. И јас цело време се прашуваш кај згрешив и се уште се прашувам ама одговорот е изгледа: Никаде, се тоа е нормално. Сега има скоро 3 и се уште мн често го држам во раце, помалку во споредба со тоа кога беше 2 години, со тек на времето стануваш посмирена, се станува понормално и автоматски смислуваш трикови за се да извршуваш полесно. Колку пати имам плачено со зборовите дека не можам веќе па еве ме издржав.
Прашање: од кога почнаа да спијат денски само по една дремка децава ваши? Веќе е 13 и пол месеци и 2-3 недели ми заспива покасно.Осеќам дека веќе иде периодот кога ќе остане на една дремка.Сега ми е некако измеѓу.Спие 2 пати ама гледам различно време секој ден. Инаку она си има ред на спиење од бебенце и обично си заспива во исто време.
Тој период почна и мојава. Околу 13 месеци. Недела +/-. Така и јас приметив. Дека ја фати втора дремка покасно и и влијаеше на ноќното спиење т.е. заспиваше покасно. Од тогаш сме со една дремка и раат е искрено. Подолго сврзува и повесела е. Сега е 1година и 5 месеци.
И давав да гризе цела банана, ја вртев странично да не може да загризе многу и ја повлекував бананата кога ќе видам дека загризала нешто, за да не и дојде големо парче. Тој период и давав и пасирана банана, но со парченца, да не е мазно изблендирана.
Синко е 12+, деновиве му излегоа двата кеца горе (претходно му пробија двојките горе), долу има два кеца и една двојка. Го приметувам дека ги крцка забите, веројатно му е интересно. Како да го спречам, има ли начин? Настрана што мене ужасно ме ежи тој звук, не е убаво за запчињата. Некој совет @Spidy @Annath ?
Сега му е интересно, дека има и горе и долу заби, па ги допира. Ќе прекине за кратко ако не му обрнуваш внимание. Ако постојано му укажуваш дека не треба да го прави тоа, може намерно да ги шкрипе, оти е во таа фаза, кога на секое твое "не" ќе прави спротивно.
Благодарам @TeddyGrey @Coco31 Значи време и е.Ќе ми смени распоред ама ќе се навикнеме полека. @happygirl исто сме со забите.Ги крцка кога е нервозна или кога и растат други заби.Нема ништо страшно,период е.