Прави така дека му е интересно. И малата ми шкрипеше кога и никнаа заби во двете вилици. Знам дека знаат и да шкрипат кога позади ќе им никнат заби. Ништо страшно, ќе прекине кога нема да му е ново и интересно повеќе, не се секирај.
Ние сме 13 месеци и истово го правиме. И јас мислам декае нормално. Моево и каса. Дури како агресивно, се тресе. Ваљда од забите и е
Мојава нема проблем со парчиња, се може да јаде неблендирано, всушност мрази каши и лажица. Но, после во изметот приметувам дека има цели парчиња кои не успеала добро да ги изчвака, а некогаш и ја гледам дека не се ни труди да џвака, туку цели парчиња си голта. Дали има некој друг вакво искуство. Ств ми е глупаво да ја уназадувам и да и давам каши, всушност и не ни можам од лажица како од ѓавол бега. И со месото имаме проблем. На парчиња само го ламуцка низ усте како мастика и после како топче цело го плука, па најчесто оброци со месо и ги блендирам, па со триста чуда да изеде неколку лажички. Не знам како да и го давам.
Пасирај, не мора скрос ретко, ама минувај со вилушка и давај помеки ствари, пример варен компир, не пржен, разварувај убаво макароните и оризот и слично. Месо давај исклучиво мелено, прави ќофтиња, па и од риба можеш како филети да спремиш ако не ја јаде.
Сакав да пробам мелено телешко, ама не знам после како да го спремам, а да биде вкусно и да не биде прженици. Имаш ли некој испробан рецепт? Можеби како болоњезе или некоја беби мусака?
Ќовтињата можеш и да ги печеш, јас ги печам покриени, на хартија и попрскани со масло и отварам на крај за да се зацрвенат, меки ми искачаат. Болоњезе, мусака, исто и полнети пиперки правам како за нас, со тоа што не упржувам убаво и пропржувам на путер, не ставам црвен пипер, бибер и помалку посолувам.
Синко 12+ има една- две пелени на ден,да кажам само како исфарбани зелено или жолтеникаво,без измет. Можно ли е да е од заби? Зошто лошо спие,нервозен,пика раце,па очекувам дека ќе излезе уште некое.
Каква паста за заби користите за малечките. Досега само со четка и давав да си ја мотка низ усте да се учи, но сега веќе има 10 заби и мислам редно е и со паста да почниме. Четка имаме курапрокс.
Паста ако знае да плука, за да не ја голта. Иначе има детски пасти без флуор за деца, и многу мала количина се користи, колку зрно грашок. Брендот не е толку битен.
@Milaаа991 Јас имам на Cicco една без флуор А има и на Elmex убава,ама со флуор е,би ја оставила за покасно. Ако можеш да ми пратиш слика од четката,во потрага сум по мала четка.
Не се за џвакање, инаку Babytol, она ги грицка додека не истечат капките па плука Не ги сака веќе а до контрола имаме уште 2 недели па и ги земав овие на Пико
И мојава. Имам како таа погоре на Elmex ама си имав ставено во глава дека сите пасти за деца до 2 години се без флуор, којзнае од кај ми е податоков. Па сега треба да дознаам што може да и биде...
@gjoker4e флуорот колку што е корисен за забите и коските толку може да биде и штетен. Од прекумерни количини се јавуваат бели флеки на забите, тоа се вика дентална флуороза, а во напредна фаза доаѓа и до нивно ронење. Сличен ефект има и врз коските, скелетна флуороза. Ова така лаички, Ана и Спиди верувам ќе објаснат подобро.